Мицкоски во Истанбул со покана до турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија
1Мицкоски во Истанбул со покана до турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија
3Кумановецот со шизофренија заминува на неколку месечно лекување во Психијатриската болница во Скопје
РакометМеталург поразен од Железничар во СЕХА лигатаМеталург на домашен терен беше поразен со 29:30 од нишки Железничар во натпревар од шестото коло на СЕХА лигата.По првите десетина минути во кои се играше гол за гол, ракометарите на Металург им дозволија на гостите да воспостават котрола на теренот и на паузата заминаа со предност од 13:16. Во второто полувреме Железничар ја зголемуваше предноста, која во 44-та минута беше највисоки пет поени разлика (19:24). Металург се обиде до крајот на натпреварот да ја анулира разликата и да направи пресврт, но гостите не дозволија изненадување и натпреварот го добија со минимални 29:30. За тимот од Автокоманда ова беше пети пораз и се уште е без победа во регионалната лига.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во Истанбул со покана до турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија Македонија нуди стабилна деловна средина и нови можности за странски инвестиции, порача премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи македонската делегација на Бизнис-форумот Македонија – Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Тој истакна дека двете земји негуваат традиционално пријателски односи, кои претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка. Обраќајќи им се на претставниците на турската бизнис-заедница, Мицкоски ги повика компаниите од Турција да ја препознаат земјава како партнер за идни инвестиции и економска соработка, нагласувајќи дека постојат сите предуслови за продлабочување на деловните врски меѓу двете држави. -Овде сум присутен заедно со владина, но и со бизнис-делегација. Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B-настани и B2B-средби, односно она што го почнавме во Унгарија и што го продолживме во Австрија, потоа со хрватската бизнис-заедница на билатералната средба во Охрид, го продолжуваме сега овде во Истанбул. Нашата цел е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул, Турција. Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а она што ние ќе го правиме во овие два дена во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сите оние можности и поддршка што ние како Влада ја даваме за привлекување странски директни инвестиции. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николски кој остварил средба со министерот за трговија Омер Болат како и министерот за транспорт на Турција, Абдулкадир Уралоглу. Попладнево објави – директна авио линија Анкара – Скопје како и карго железничко поврзување помеѓу Македонија и Турција. На средбата со турските министри се разговарало за конкретни чекори кои ќе придонесат за зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите и подобрување на деловната клима за компаниите од двете држави, а посебен фокус бил ставен на инфраструктурата и регионалното поврзување. Одличните политички односи меѓу двете земји претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и поттикнување на нови инвестиции, потенцирал шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во обраќањето на Форумот. -Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е во нејзиното јадро, посочил Муцунски. Дел од македонската делегација се министрите за европски прашања, економија и труд, Беким Сали и Бесар Дурмиши, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтартува задолжителната обука за управување со мотоцикл до 125 кубици.Од денеска стартуваат задолжителните обуки за граѓаните кои сакаат да управуваат со мотоцикл до 125 кубици. МВР ги појасни условите откако во јавноста особено кај младата популација се создаде впечаток дека лесно ќе може да се вози мотоцикл. Оваа обука е задолжителна и се однесува за лица кои имаат минимум 23 години возраст и поседуваат минимум пет години важечка возачка дозвола од категорија „Б“, но не и помлади. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот. Воедно, ги информираме граѓаните дека потребно е кандидатот да достави лекарско уверение, како и потврда дека нема забрана за управување од „Б“ категорија. Од МВР додаваат и дека доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за „Б“ категорија автоматски повлекува и забрана за управување со потврдата. Инаку правилникот е дел имплеметацијата на законските измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои Собранието ги усвои во април. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24
ТехнологијаПроблеми со Фејсбук и ИнстаграмКорисниците ширум светот се жалат на падот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.Проблемите се различни, од тоа што луѓето не можат да се најават на своите сметки, не можат да испраќаат пораки, до тоа што не можат да го освежат својот фид. Се чини дека проблемот трае веќе некое време, во зависност од територијата каде што се наоѓаат корисниците. Исто така, се чини дека проблемите не се ограничени само на десктоп или апликации, туку се појавуваат без никакви посебни правила на обете. Мета сè уште не објавила, па се претпоставува дека проблемот наскоро ќе биде решен.Тагови: Инстаграм Фејсбук Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24