Металург поразен од Војводина во меч од СЕХА лигата - Канал 5

Металург поразен од Војводина во меч од СЕХА лигата

Ракометарите на Металург се поразени од Војводина во натпревар од регионалната СЕХА лига.

Металург поразен од Војводина во меч од СЕХА лигата
На средбата од 4.коло одиграна попладнево во Нови Сад, екипата на Металург загуби од српскиот првак Војводина со 21-19 полувреме 11-11.

Најзаслужен за првата победа на Војводина беше Душан Трифковиќ со 4 гола, додека кај Металург, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Филип Кузмановски со 5, додека Божо Анџелиќ постигна еден помалку. За тимот од Автокоманда ова беше втор пораз во СЕХА конкуренцијата.

Покрај овој меч вечерва се игра и средбата Нексе – Горење Велење, а на вчера одиграните натпревари беа постигнати овие резултати: Вардар – Татран Прешов 32-28, Мешков Брест – Динамо Панчево 29-26 и ППД Загреб – Целје 25-25.

За македонските претставници Вардар и Металург викендов претстојан натпреварите од 2.коло во Лигата на шампиони, и тоа двата во Скопје.

Вардар во сабота (17:30 часот) ќе биде домаќин на Нант, додека во недела (17 часот) Металург го пречекува Бешикташ./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи.

Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Гостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите. 

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска.

Сега клучното прашање е дали гостиварци им веруваат на иституциите?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Скопјанец на возраст од 72 години е втората жртва на западнонилска треска годинава, информираше директорот на Инфективната клиника во скопје, Д-р Фадил Цана.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Пациентот имал придружни болести, а уште при приемот на клиниката бил во тешка општа состојба која прогресивно се влошувала.

Во моментот на клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти. Д-р Цана информираше дека кај седум од нив е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер