Металург поразен од Мешков Брест во СЕХА лигата - Канал 5

Металург поразен од Мешков Брест во СЕХА лигата

Македонскиот претставник во СЕХА лигата Металург попладенво во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од Мешков Брест со 26:25 (14:12).

Металург поразен од Мешков Брест во СЕХА лигата
По овој пораз ракометарите на Лино Червар имаат само теоретски шанси за пласман на четвртото место на кое сега се наоѓа градскиот ривал Вардар за пласман на завршниот турнир. За тоа потребно е Металург да победи на гостувањето кај Татран Прешов, а Вардар да ги загуби натпреварите со Борац во Бања Лука и со Загреб КО (дома).

На денешниот натпревар Металург настапи без повредените Павел Атман и Ренато Вугринец, а тоа го искористија гостите од Белорусија, кои постојано водеа, а првпат и со четири голови (9:5) во 17.минута. Гостите уште четири пати водеа со четири голови разлика што беше највисоко нивно водство.

Металург во 35.минута за првпат изедначи (16:16), а последното петто изедначување беше во последната минута (25:25) кога Дејан Пецаковски постигна гол. Но, во последниот напад Мешков Брест преку Сергеј Шилович дојде до победата. Металург не водеше ниту еднаш.

Во текот на натпреварот кај Металург се повредија Иван Циндриќ (до повредата постигна 4 голови) и Гоце Георгиевски, кои потоа не се враќаа во игра.

Најефикасен на натпреварот беше играчот на Металург Вуко Борозан со 6 голови, а кај гостите Давид Шпилер постигна 5 голови. Во вториот дел солиден на голот на Металург беше Раде Мијатовиќ со 12 одбрани.

На другите натпревари од 16.коло одиграни денеска Нексе – Партизан 29:18 и Борац – Татран Прешов 27:29.

Вечерва се игра и дуелот меѓу Загреб КО и Војводина.

Табела: Татран Прешов 39 бодови (16 натпревари), Загреб КО 37 (16), Мешков Брест 33 (16), Вардар 31 (16), Металург 28 (17), Војводина 21 (16), Нексе 20 (16), Борац 12 (16), Ловќен 11 (17), Партизан 6 (16).



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси водителка ги откри тетоважите-„Се гледаат само кога сум без облека“

Атрактивната водителка ги откри своите тетоважи: „Имам многу, видливи се само кога не сум облечена“.

Фото: Секси водителка ги откри тетоважите-„Се гледаат само кога сум без облека“

Маја Џама го откри скриеното значење на својата тајна тетоважа на арапски јазик, која се протега преку нејзиниот бут и која ја направила кога имала само 15 години.

Шармантната водителка Маја Џама често е во центарот на медиумското внимание поради својот атрактивен изглед, но и поради малку бурниот љубовен живот. Таа неодамна раскина со фудбалерот Рубен Дијаз и се чини дека ужива во тоа што е сама.

Во кратко интервју, таа зборуваше за бројните тетоважи на своето тело, кои сепак не се толку лесно забележливи. За некои од нив го откри и нивното значење.

„Мојата прва тетоважа е оваа на бутот, веднаш над линијата на бикини-зоната. Ријана имаше тетоважа на тоа место и имам впечаток дека сите девојки веднаш побрзаа да го направат истото. Но, боже мој, имав 15 години кога со пријателките отидовме кај една жена во Бристол, а низ собата ѝ леташе папагал. Веројатно не ѝ било дозволено законски да нè тетовира, но сепак нè истетовира сите“, изјави таа.

-На мојата тетоважа на арапски јазик пишува: ‚Сакај како никогаш да не си бил повреден и танцувај како никој да не те гледа‘. Мислам дека навистина се водев според тоа. Тоа се двете работи што навистина ги правам! Имам доста тетоважи, но сфатив дека повеќето од нив се видливи само кога носам бикини или долна облека, бидејќи главно се наоѓаат на моите ребра, колкови и бутови“, додаде водителката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

На денот кога хрватската репрезентација ќе се врати од Светското првенство, сосема е извесно дека Златко Далиќ ќе ја напушти селекторската позиција. 

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

Најголем фаворит да го наследи е Славен Билиќ, објави порталот „24sata.hr“. Легендарниот хрватски дефанзивец, кој како играч освои бронзен медал на Светското првенство во 1998 година, веќе ги има предводено „Коцкестите“.

Во 2006 година, тој во првиот тим ги вклучи Лука Модриќ, Ведран Чорлука и Едуардо, со кои претходно соработуваше во младата селекција до 21 година.

Квалитетот, искуството и карактерот се издвојуваат како најголеми одлики на Билиќ, па се смета дека тој го поседува „целосниот пакет“ за да го преземе тимот што беше светски вицешампион во 2018 година и освојувач на бронза во Катар во 2022 година.

„Не помалку важно е тоа што Билиќ ја има поддршката од претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, и од директорот на репрезентацијата, Стипе Плетикоса“, се наведува во текстот.

Под водство на Билиќ, Хрватска двапати ја победи Англија во квалификациите на патот до ЕУРО 2008, а драматично загуби во продолжението од Турција на завршниот турнир.

Тој ја водеше репрезентацијата шест години, а потоа беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, каде што беше и играч и успешен менаџер, бидејќи го освои седмото место во Премиер лигата, победувајќи ги Ливерпул и Манчестер Сити.

Во претходните години, Билиќ се занимаваше и со новинарство и ја водеше популарната емисија „Неуспехот на шампионите“, во која ги беше домаќин на најголемите спортисти од регионот, пред сè Новак Ѓоковиќ, Златан Ибраховиќ, Жељко Обрадовиќ и Лука Модриќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините,

На Светското првенство, најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол ги запали трибините со својот атрактивен изглед и минијатурна вратоврска. 

Фото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините,

Хрватската фудбалска репрезентација со години ниже големи успеси, а на трибините секогаш ја следи најпознатата навивачка Ивана Кнол, која „освојуваше“ со својот стајлинг- вратоврска над намачканите бујни гради.

Но, вчера атрактивната Ивана не успеа да им помогне на своите соработници на зелениот терен да остварат успех во контроверзниот дуел во Португалија.

Хрватите доживеаја елиминација уште во осминафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада – и тоа на крајно болен начин – а на тој натпревар присуствуваше Ивана Кнол.

Фоторепортерите ја следеа уште од моментот кога пристигна на стадионот во Торонто, неколку часа пред почетокот на натпреварот, а таа, како и секогаш, со задоволство позираше пред нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер