2Денеска ќе биде пуштена во употреба целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода
3МНР платило однапред милион евра пред евакуациските летови од Блискиот Исток, иако законски смеело да плати само 20 отсто
РакометМеталург по втор пат убедливо поразен од Висла ПлоцкВо отсуство на голем број повредени и заразени ракометари со коронавирус, екипата на Металург вечерва го претрпе и вториот убедлив пораз на гостувањето во Полска кај Висла Плоцк со 35:20 (16:10), во рамки на Групата А во ракометната Лига Европа.Металург, кој во неделата беше поразен од истиот противник со 39:18, за вечерашниот дуел имаше на располагање само десет ракометари, меѓу кои се истакна младиот репрезентативец Мартин Серафимов со осум погодоци. Полскиот вицешампион очекувано лесно стигна до седмата победа во исто толку натпревари во групната фаза, одвојувајќи се резултатски уште на самиот почеток со предност од 6:1. Металург пружи солиден отпор во првиот дел, по што Висла Плоцк со серија од 5:0 на почетокот на вториот дел стигна до двоцифрена предност (22:12), која до крајот на натпреварот константно ја зголемуваше за конечни 35:20. Со еден бод од шест натпревари, Металург е последнопласиран во групата А пред следниот дуел против Чеховски Медведи, в сабота во Скопје. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Нова провокација од „мајсторите за скандал“, Бјанка и Канје ВестБјанка во танга и длабоко деколте мозле крава, во новиот спот на нејзиниот контроверзен сопруг Канје Вест .Тој на полева со млеко Контроверзниот пар повторно но сега најверојатно најжестоко ја возбуди јавноста со овој проект, претставувајќи го како пример за креативна иновација, додека бројни критичари го оценуваат како обична провокација без уметничка вредност. Кој е во право? Музичкото видео за песната „Gemini Season“ на Канје Вест премиерно прикажано на неговиот 49-ти роденден, предизвика хаос на социјалните мрежи. Главната актерка во спотот е нормално Бјанка Цензори која ја потпишува и режијата. Во една од првите сцени, Бајнка се појавува во провокативен костим додека молзи крава, а потоа ѝ се придружува Канје Вест, на кого му подава сад со млеко. После тоа, контроверзниот рапер и дизајнер истура млеко врз својата сопруга, продолжувајќи низа провокативни сцени по кои овој пар веќе стана препознатлив. Тагови: Бјанка Цензори Канје Вест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураБалкански музички плоштад во ОхридСиноќа во просториите на Аудиокултура во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански Музички Плоштад (Balkan Music Square) со настап на џез триото “Трицкл“ .Синоќа во просториите на Аудиокултура во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански Музички Плоштад (Balkan Music Square) со настап на џез триото “Трицкл“ составено од студенти и дипломци на џез академијата “Гоце Делчев“ од Штип. Фестивалот продолжува во Охрид со следните две фестивалски вечери. На 20-ти Јуни настапуваат: Елена Христова од Баклава, а потоа групата ВИС Билјана од Охрид. Фестивалот го затвара на 21-ви Јуни популарниот македонски гитаристи и композитор Владимир Четкар со својот бенд. Двете фестивалски вечери ќе се одржат во Центарот за култура Григор Прличев со почеток во 20 ч, а влезот е слободен. И оваа година фестивалот се одржува во чест на Денот на Охридското езеро 21-ви Јуни, а еколошка порака гласи: “Езерото не е контејнер, чувај го чисто!“. Организатор на Фестивалот Балкански Музички Плоштад е продуцентската куќа “Трето Уво“, а истиот е поддржан од Министерството за Култура и туризам на Македонија и Општина Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАргентинец потпиша за Тотенхем Поранешниот аргентински играч на Борнмут, Маркос Сенеси, е ново засилување за Тотенхем, објави лондонскиот клуб.Во соопштението се наведува дека Сенеси ќе се приклучи на Тотенхем на 1 јули, бидејќи договорот на аргентинскиот фудбалер со Борнмут истекува на 30 јуни. „Многу е посебно чувство да се биде играч на Тотенхем. Сакам да освојувам титули со Тотенхем и ќе направам сè што можам за да го остварам тоа“, рече Сенеси, објави официјалната веб-страница на Тотенхем. Сенеси (29) пристигна во Борнмут во 2022 година, а пред тоа играше за Феенорд и Сан Лоренцо. Одигра три натпревари за аргентинската репрезентација, но не беше вклучен во конечниот список на фудбалери на „гаучосите“ за Светското првенство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook