Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
РакометМеталург по влез во ТОП 8 во Лигата на шампионите Ракометарите на Металург вечерва во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ го играат најважниот натпревар во клупската историја, дуел кој ги носи во група со најдобрите осум екипи од Лигата на шампионите. Затоа во клубот „мобилизацијата“ е комплетна. - Клучот на победата е во одбраната. Мораме да бидеме трпеливи и тактички дисциплинирано да одиграме како што игравме во Минск. Како и секогаш ќе ни биде потребна помошта од публиката. Играта на овој натпревар нема да биде важна, денеска е важен само резултатот - истакна тренерот на Металург, Лино Червар. На првиот натпревар во Минск Металург победи 26:23 што му дава солидна предност, но тоа значи дека гостинската екипа нема што да загуби на гостувањето во Скопје. Екипата на Хамбург е првиот четвртфиналист. На реваншот во четвртокот загуби дома од Цеље со 28:31, но со вкупно 66:60 се пласира во ТОП 8. Двојки на другите осминафинални натпревари: (денеска) Металург - Динамо Минск (26:23 прв натпревар), Адемар - Веспрем (23:20)и Флензбург - Горење (28:25); (утре) Барселона Силкеборг (32:26), Киелце - ПИК Сегед (25:26), Кил - Чеховски Медведи (35:37) и Берлин - Атлетико Мадрид (29:29). /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛажно видео се шири на социјалните мрежи: Се злоупотребува ликот на спикерот на Канал 5На социјалните мрежи се појави манипулирано видео генерирано со вештачка интелигенција во кое се злоупотребува ликот и гласот на познатиот спикер на Канал 5 Телевизија, Борислав Тноковски.Во лажното видео, дигитално изменетата верзија на новинарот наведува дека претставува „револуционерен производ“ и методологија за брзо и лесно слабеење. Во видеото е злоупотребен и идентитет на малолетно девојче. Станува збор за класична интернет-измама чија цел е да ги доведе граѓаните во заблуда, искористувајќи го медиумскиот авторитет и препознатливоста на познатото ТВ-лице за финансиска корист и продажба на непроверени производи. Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни и да не наседнуваат на вакви дезинформации.Тагови: измама Канал 5 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПо 14 години Дарко Митревски повторно дома – со провокативен мастерклас на „Браќа Манаки“Македонскиот сценарист и режисер со „привремена“ американска адреса, оваа есен, барем накратко, се враќа дома во Македонија.На претстојниот интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки„ кој ќе се одржи од 19-ти до 25-ти септември во Битола, Дарко Митревски ќе гостува како предавач со провокативно насловен мастерклас: „Како да НЕ снимите здодевен филм?“. На нашиот најголем филмски фестивал, Митревски ќе сподели дел од неговите досегашни професионални искуства и неколку сценаристички „рецепти“ за помладите колеги. Мастеркласот „Како да НЕ снимите здодевен филм?„ е замислен како презентација на низа раскажувачки техники со кои писателите го пленат вниманието на публиката уште од времињата на античката драма, па се до епохата на современиот Холивуд. Или кажано со неговиот пргав вокабулар: „Во пишувањето филмски приказни не постои нешто што се вика недостиг на инспирација. Постои само незнаење и мрза, кои лесно можат да се победат доколку се поседува алатот и се знае занаетот.“, вели Митревски. На пошироката јавност Митревски и е познат како автор на двата најгледани македонски филма во историјата на македонската кинематографија: легендарната црна комедија „Балканкан„ со продадени 150.000 кино влезници и 20.000 ДВД копии, како и фудбалскиот еп „Трето полувреме„ кој во кино салите низ Македонија го видоа над 90.000 гледачи. Исто така е автор и на популарните ТВ серии „Уа, шнајдери!„ и „Досие Скопје„, како и креатор на низа музички видеа од златното време на македонската поп и рок музика. Неговите филмови настапуваа на стотина филмски фестивали: Московскиот филмски фестивал, лондонскиот Raindance, калифорнискиот Cinequest, шпанскиот Sitges, меѓународните фестивали во Стокхолм, Вашингтон, Рим, Минхен, Њујорк, Хелсинки, Мајами, Токио, Каиро, Палм Спрингс, Тромсо, Котбус, Киев, Атланта, Букурешт, Порторико, Загреб, Белград, Мотовун, Софија... Добитник е на низа награди во Америка, Европа и регионот. Во САД, Митревски потпиша договор за отстапување на правата за две свои сценарија, кои очекуваат реализација, а неодама во продукција на „Vinegar Syndrome“ излезе и луксузно блуреј ре-издание на неговиот првенец, „Збогум на дваесетиот век“, на кој Митревски е коавтор на сценариото и режијата, заедно со Александар Поповски. По 14 години отсуство Дарко пак се враќа дома. Се надеваме дека Македонија пак ќе му се израдува. Тагови: Дарко Митревски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет годиниРезулатите од учениците и мерките што ги превземаме нема да имаат одма резултати, тие ќе бидат за пет години. Она што е важно е да се продолжи со работа. Министерката во посета на училиштето „Љубен Лапе“ во Аеродром на прашање зошто училиштето браќа миладиновци не е реновирано воопшто откако две години во него учеа учениците од блаже конески додека целосно се реновираше, таа одговри сите ќе стигнат на ред. Од министерството за образование засега нема најава дека ќе има клими уреди во училиштата, учениците ќе се разладуваат со отворени прозорци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter