Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Слабости во набавките и управувањето со залихите
1Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Слабости во набавките и управувањето со залихите
3Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
РакометМеталург најавува серија победиРакометарите на Металург во средата на гостувањето во Нови Сад кај Војводина остварија победа 25:22. Воедно во редовите на македонскиот шампион се надеваат дека овој триумф ќе биде само вовед во серија победи како во СЕХА лигата, така и во Лигата на шампионите. Утре во Скопје во рамките на регионалното натпреварување гостува Борац Бања Лука екипа која има само една победа. - Секоја победи носи задоволство. Добро е што и младите играчи кои настапија добро ја завршија работата. Борац имаше проблеми пред почетокот на сезоната, но делумно се средија и станува збор за искусна екипа. Кои играчи ќе играат не можам да соопштам бидејќи имаме проблеми со болни играчи како Ацо Јоноски, Милорад Кукоски и на повреда се жали Дејан Манасков, изјави на денешната прес-конференција тренерот на Металург Лино Червар. На дуелот во Нови Сад еден од играчите кои оставија белег во одбраната на Металург беше и македонскиот репрезентативец Филип Талевски. - Борац е сериозен ривал. Ние ќе настапиме повторно во комбиниран состав слично како во Нови Сад. Но, мораме да ја оправдаме улогата фаворит и на овој дуел, истакна Талевски. Натпреварот Металург – Борац Бања Лука се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:15 часот. Натпреварот има и хуманитарен карактер, а дел од средствата од билетите ќе бидат донирани за лечење на Д-р Евица Бојаџиева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Наместо планираните 5.000, обезбедивме 7000 денари за зголемување на пензиитеПремиерот Мицкоски изјави дека владата успеала да го надмине првичниот план и изборно ветување за зголемување од 5000 денари на пензиите, со плус уште 2000 денари. Според него ова покачување довело до подостоинствен живот за пензионерите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеРевизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Слабости во набавките и управувањето со залихитеНа Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, 66 проценти од вкупните реализирани прегледи биле извршени преку итни или упати без термин, што укажува од големо отстапување од планираниот начин за користење на системот „Мој термин“.На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, 66 проценти од вкупните реализирани прегледи биле извршени преку итни или упати без термин, што укажува од големо отстапување од планираниот начин за користење на системот „Мој термин“, се вели во извештајот на државниот завод за ревизија. Извештајот е направен за 2024 година. Според извештајот, не е воспоставено ажурно и навремено евидентирање на потрошувачката на лекови и медицински материјали во сметководствената и материјалната евиденција, а дел од нив биле набавувани пред склучување на договор за да се обезбеди непречено вршење на здравствената дејност. Ревизорите утврдиле и дека во рамки на Клиниката не е формирана болничка аптека, преку која треба да се врши управувањето со залихите. -Ваквата структура на упатувања укажува на зголемено оптоварување на Клиниката, што може да влијае врз ефикасноста на планирањето и организацијата на работниот процес, оптималното користење на расположливите капацитети и достапноста на здравствените услуги за пациентите,- Државен завод за ревизија. За надминување на утврдените состојби, Државниот завод за ревизија доставил осум препораки до ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
МакедонијаМисајлоски: 4% од БДП за одбраната е потврда дека нашата армија е кредибилен сојузникНАТО ги препознава и инвестициите во стратешките Коридори 8 и 10 како дел од одбранбеното трошење на Македонија,оваа година државава ќе издвои 2,18% од својот бруто домашен производ за одбраната, но реалната бројка веќе се приближува кон издвоени 4%.НАТО ги препознава и инвестициите во стратешките Коридори 8 и 10 како дел од одбранбеното трошење на Македонија, што значи дека иако официјално оваа година државава ќе издвои 2,18% од својот бруто домашен производ за одбраната, реалната бројка веќе се приближува кон издвоени 4%, вели ресорниот министер Владо Мисајловски. Тој најави дека идната година, буџетот на Министерството би се зголемил доколку Македонија наскоро договори нов пакет за воена помош на Украина. -Како ќе расте буџетот следната година, односно да стигнеме до 3,5%, во делот на 1,5% ќе бидеме со нашиот буџет за следната година можеби и 4,30% меѓутоа се зависи од динамиката како се движи изградбата на терен и сите оние проекти. // Доколку го завршиме овој процес за Украина и пакетот што заедно го договараме тогаш буџетот на министерството уште повеќе би пораснал. На тој начин, директно да ви кажам, би можеле да добиеме и опрема но и дополнителни финансиски средства кои што ќе влезат директно во буџетот. Секое вложување и давање опрема во Украина, се смета во делот на буџетот,- -Владо Мисајловски, министер за одбрана. Што се однесува на платите на армиските припадници, Мисајловски посочи дека со започнатите преговори за нов колективен договор очекува платата да се зголеми, но и најави решение за војниците над 45 години, преку кое ќе можат да останат да работат во армијата или министерството. За условите во касарните, пак, министерот вели дека се издвоени 12 милиони евра меѓу другото и за реновирање на дотраените објекти. -Министерството и армијата сега земаат средства кои што ги надминуваат сите тие институции. Дел е платата, дел се додатоците согласно колективен договор.// Добро е што седнавме со синдикатите и разговаравме, на 15ти договоривме нова средба, потоа и јас ќе разговарам со министерката за финансии и со премиерот за да се качи бодот,- -Владо Мисајловски, министер за одбрана. Министерот најави и нови договори за воена опрема со САД како дополнување на досегашните со износ од 339 милиони евра, но и нов пакет опрема од Европската унија за македонската армија преку Европскиот мировен фонд. Тагови: АРМ НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10