Металург на тешко гостување во Загреб - Канал 5

Металург на тешко гостување во Загреб

Македонскиот ракометен првак Металург ќе има тешка задача на гостувањето во Загреб, да ја оствари првата победа во новата сезона од елитната Лига на шампиони.

Металург на тешко гостување во Загреб
Металург и на овој натпревар ќе настапи без репрезентативецот Дејан Манасков кој заработи суспензија како и голманот Дарко Станиќ со кој тимот од Автокоманда ја прекина соработката. Во составот се враќаат Павел Атман и Ренато Вугринец.

Хрватскиот шампион Прво плинарско друштво Загреб, во првото коло пред својата публика славеше победа против европскиот вицепрвак Кил.

Дуелот ППД Загреб – Металург кој ќе започне од 18 часот е единствениот од Лигата на шампиони кој ќе се игра денеска.

Преостанатите средби на програмата се в недела, меѓу нив и средбата Вардар - Рајн Некар Ловен која ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот и 30 минути. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џерусалем Пост: Македонија ги направи односите со Израел „приоритет на надворешната политика“, изјави министерот за надворешни работи

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави за „Џерусалем пост“ дека неговата прва официјална посета на Израел има за цел да ги подигне веќе „одличните“ односи на следно ниво.

Џерусалем Пост: Македонија ги направи односите со Израел „приоритет на надворешната политика“, изјави министерот за надворешни работи

Македонија го направи зајакнувањето на односите со Израел приоритет на својата надворешна политика и се стреми да ја прошири соработката во областите од одбраната и инвестициите до туризмот и управувањето со водите, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за „Џерусалем пост“ за време на неговата прва официјална посета на Израел.

Муцунски даде интервју за „Пост“ во Ерусалим во понеделник по разговорите со министерот за надворешни работи Гидеон Саар, за време на кратката посета фокусирана главно на проширување на билатералните врски.

„Имавме многу силни односи со Израел, но и со Гидеон, во последните неколку години“, рече Муцунски.

„Мислам дека оваа посета е можност да се помести билатералниот однос на следното ниво, да се поместиме од местото каде што сме сега, што се одлични билатерални односи, кон тоа тој однос да се развие во различни области од меѓусебно значење.“

Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, при неговата прва посета на Израел изјави дека Македонија сака подлабоки врски во одбраната, туризмот и инвестициите.

Од „Џерусалим пост“ во фејсбук објава потенцираа дека по пожарот во кој загинаа 63 лица во Кочани, Израел испрати лекари кои работеа заедно со македонските тимови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Исени: Заштитата на децата во дигиталната средина е заедничка одговорност на институциите и општеството

Исени денеска имаше обраќање на промоцијата на истражувачкиот извештај „Спречување на штетата во Македонија“, спроведен од УНИЦЕФ.

Исени: Заштитата на децата во дигиталната средина е заедничка одговорност на институциите и општеството

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска имаше обраќање на промоцијата на истражувачкиот извештај „Спречување на штетата во Македонија“, спроведен од УНИЦЕФ, посветен на ризиците со кои се соочуваат децата во дигиталната средина и унапредувањето на механизмите за нивна заштита.

На настанот присуствуваа резидентната координаторка на Обединетите нации во земјава Рита Колумбиа, претставничката на УНИЦЕФ, госпоѓа Лесли Милер, како и претставници на националните институции и меѓународните организации.

Во своето обраќање, заменик министерот Исени го поздрави сеопфатниот и инклузивен пристап на УНИЦЕФ при спроведувањето на истражувањето, во кој беа вклучени институциите, стручната јавност и граѓаните, нагласувајќи дека заштитата на децата во дигиталната средина бара координиран одговор на целото општество.

„Брзата дигитализација отвори огромни можности за комуникација, образование и развој, но истовремено донесе и нови ризици од злоупотреба и експлоатација. Затоа заштитата на децата е заедничка одговорност и само преку партнерство, инклузивност и силна институционална координација можеме да создадеме безбедна дигитална средина за секое дете“, истакна Исени.

Тој посочи дека извештајот овозможува подобро согледување на однесувањето на младите во онлајн просторот, најчестите ризици со кои се соочуваат и областите во кои е потребен поефикасен институционален одговор. Препораките, како што нагласи, претставуваат основа за унапредување на законската рамка, поддршка на професионалците кои работат со деца и подобрување на практичните механизми за превенција и заштита.

Исени потенцираше дека Министерството за внатрешни работи има значајна улога во оваа област преку превентивните активности, подигањето на јавната свест, навременото откривање на ризиците и соработката со домашните институции и меѓународните партнери.

„Ова истражување не е само документ, туку повик за акција. Потребни ни се подобра превенција во училиштата и заедниците, поефикасна размена на информации меѓу институциите, јасни процедури за пријавување и постапување и соодветна поддршка за децата и семејствата. Министерството ќе продолжи да ги унапредува капацитетите на полицијата и да ја зајакнува координацијата со образовните и социјалните служби“, порача заменик-министерот Исени.

На крајот, тој изрази благодарност до УНИЦЕФ, истражувачите, меѓународните партнери и националните институции кои придонесоа за подготовката на извештајот, потенцирајќи дека Министерството за внатрешни работи останува посветено на имплементација на препораките кои ќе придонесат за поголема безбедност и благосостојба на децата во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран планира атентат на еден од синовите на премиерот на Иразел Нетанјаху

Во дел од светските медиуми денес се појавуваат нови информации за атентатот врз Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека тој живеел на Флорида.

Иран планира атентат на еден од синовите на премиерот на Иразел Нетанјаху

Според порталот „Њузмакс“ (Newsmax), израелските разузнавачки служби ги известиле американските власти за ова кон крајот на минатата година.

Според извор запознаен со истрагата, ирански оперативци веќе биле во областа на Мајами и го следеле движењето на Јаир Нетанјаху, вклучително и во неговата резиденција во Халандејл Бич.

Јаир Нетанјаху (35), кој имаше постојано обезбедување од израелските служби, веднаш ја напуштил Флорида по предупредувањето и се вратил во Израел, оставајќи ги своите лични работи во САД, соопшти изворот.

Во понеделникот, во интервју за израелскиот Канал 14, израелскиот премиер потврди дека Иран се обидел да убие еден од неговите синови, но не прецизираше за кој син станува збор.

„Иран целеше кон еден од моите синови. Се обидоа да го убијат“, изјави Нетанјаху. Нетанјаху има двајца синови, Јаир и Авнер. Авнер живее во Израел, додека Јаир помина подолг период во областа на Мајами, каде што стана познат како конзервативен политички коментатор и јавен бранител на својот татко.

Израелскиот Канал 12 објави дека некои медиуми со месеци знаеле за планот за атентат, но дека неговото објавување претходно било спречено од воената цензура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер