НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија
2НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија
„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
1„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
РакометМеталург му се реваншира на ВардарВо натпревар без резултатско значење за двете македонски екипи во СЕХА лигата, вечерва во салата „Автокоманда“ во Скопје ракометарите на Металург го совладаа Вардар со 26:21.Со оваа победа, како што јави МИА, „металурзите“ им се реваншираа на „црвено-црните“ за поразот во првиот дел од регионалното натпреварување. Без разлика на исходот на овој дуел, уште претходно се знаеше дека овие двете екипи од Македонија ќе играат меѓусебно во едното полуфинале на завршниот „фајнл фор“ турнир на 12 април. Најефикасни играчи во победничкиот тим беа Ренато Вугринец со 6 голови, Наумче Мојсовски со 5, Филип Миркуловски и Златко Мојсоски со по 4 погодоци. Игор Караџиќ со 5 и Вукашин Рајковиќ со 4 голови беа најефикасни во вардаровиот состав. Четирите првопласирани екипи кои ќе играат на завршниот турнир се: Мешков Брест 40 бодови, Металург 39, Вардар Про 36 и Кроација Осигурање 35.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоџа на терен во Сингелиќ: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналотМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните работи за регулација на одводниот канал во населеното место Сингелиќ.Министерството инвестира 21 милион денари во овој проект, а градежните активности на терен се веќе во напредна фаза со бетонирање на коритото со цел трајна заштита од поплави. Овој канал е клучен дел од хидромелиоративниот систем за одводнување „Скопско Поле“ и прифаќање на атмосферските води. ,,МЖСПП спроведува инфраструктурна офанзива низ целата држава. На овој начин ги поставуваме темелите за вистински зелен пресврт”, изјави министерот Хоџа и дополни дека во тек е подготовка и на четири други значајни проекти со кои се модернизира комуналната инфраструктура на општина Гази Баба. Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на системско решавање на децениските проблеми на граѓаните и подигнување на квалитетот на животот во секое населено место.Тагови: Сингелиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територијаМакедонската делегација на овој Самит на НАТО во Анкара пред своите колеги ја претставија македонската позиција и посветеност за континуирано унапредување на одбранбените капацитети.Сојузниците остануваат посветени на зацврстувањето на безбедноста и единството на Алијансата, а со зајакнување на соработката, зголемување на инвестициите во одбраната, развојот на европската и трансатлантската одбранбена индустрија и јакнењето на одбранбените капацитети и способности, Алијансата ќе биде уште посилна. Тоа се пораките кои беа испратени од денешниот (8 јули) состанок на Северноатлантскиот совет на ниво шефови на држави и влади, на кој учествуваше и македонска делегација составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а предводена од претседателката и врховен командант на македонската Армија, Гордана Сиљановска – Давкова. На состанокот стана збор и за заедничката безбедносна и одбранбена политика во рамки на ЕУ зашто „посилна Европа значи и посилно НАТО.“ Дополнително, учесниците разменија мислења и за актуелните безбедносни случувања во Украина и Иран како и за влијанието на Кина. Во заедничката изјава по завршување на состанокот на лидери, министерот Мисајловски посочи дека пораката од сите европски земји е дека имаме заедничката безбедносна и одбранбена политика и дека земјава е дел од оваа европска политика. „Ако во рамките на НАТО сме семејство на исто ниво, тоа треба да важи и за Европската Унија“, рече Мисајловски и додаде дека повеќето држави го поздравија придонесот која нашата земја го прави во поглед на колективната безбедност. Македонската делегација на овој Самит на НАТО во Анкара пред своите колеги ја претставија македонската позиција и посветеност за континуирано унапредување на одбранбените капацитети. Дополнително од страна на министерот Мисајловски било нагласено дека земјава останува да биде одговорен и посветен сојузник кој активно придонесува кон колективната безбедност.Тагови: Анкара НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод котлината со појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени. Следува период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.Тагови: променливо облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42