Металург ќе го предизвика Вардар во финалето на Купот на Македонија - Канал 5

Металург ќе го предизвика Вардар во финалето на Купот на Македонија

Металург се пласираше во финалето на Купот на Македонија, откако го совлада Еурофарм Работник со 21: 28 во вториот полуфинален натпревар на завршниот турнир, кој се игра во салата „Младост“ во Битола.

Металург ќе го предизвика Вардар во финалето на Купот на Македонија

Гостите од Скопје уште во седмата минута имаа водство од 3:6 и без поголеми проблеми ја одржуваа предноста. Металург на паузата замина со предност од 11:15.

Иако Еурофарм Работник во неколку наврати се обидуваше да се врати во игра, при што во почетокот на второто полувреме дури намали на два поени разлика (14:16), сепак остана без сила за целосен резултатски пресврт.

Металург направи серија со пет голови и во 42 минута ја зголемија предноста на 14:20. Гостите потоа воспоставија контрола над теренот и натпреварот го завршија со резултат од 21: 28.

Металург во финалето на Купот на Македонија ќе се соочи со бранителот на титулата Вардар, кој претходно го совлада Пелистер. Финалето се игра утре со почеток во 16:30 часот во Битола./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНРиТ најостро го осудува инцидентот што се случи денеска

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при кој беше извршено опожарување на возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

МНРиТ најостро го осудува инцидентот што се случи денеска

Воедно, информираме дека Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот.

МНРиТ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинетите девет полицајци за „Пулс“ не се чувствуваат виновни за злоупотреба на службената положба

Деветмината полициски службеници обвинети за злоупотреба на службената положба при издавањето согласност за издавање лиценца за дискотеката Пулс во Кочани негираа вина пред судот.

Обвинетите девет полицајци за „Пулс“ не се чувствуваат виновни за злоупотреба на службената положба

Полициските службеници се од Кочани, Штип, Радовиш и Пробиштип, a дел од нивните бранители забележаа дека се уште не ги добиле за нив клучните докази, односно службени белешки според кои некои од обвинетите извршиле проверки и не дале согласност за лиценцата што се променило по укажување на старешини.

-Селективна правда не е правда бидејќи отсуствуваат определени писмени докази кои во претходната истрага која беше запрена за истите овие обвинети лица ги нема. Тие докази се многу битни за одбраната од кои може да се види дека се провериле, правеле се од себе да не дојде до вакви ситуации како што дошло. Мојот клиент е три години во пензија пред да се случи дискотеката Пулс. Не е во ред со сила да се тераат работите за да има што повеќе обвинети во овој процес,- изјави – Емил Нетков – Адвокат на првообвинетиот Димче Аврамов.

Според обвинението имале должност да направат проверки околу нарушувањата на јавниот ред и мир и безбедносните сообраќајни решенија околу објектот што е поврзано со барањето за лиценца до Министерството за економија, но не ја исполниле. Притоа овозможиле Пулс да добие лиценца во 2022 и 2023 година, а дискотеката и неформалниот сопственик Дејан Јованов Деко да остварат имотна корист од околу десетина илјади евра.

-Им се става на терет дека во еден одреден временски период истите како полициски службеници не ги направиле соодветно проверките коишто се однесуваат на евиденција на нарушување на јавен ред и мир и не ги направиле проверките на терен коишто се однесуваат на сообраќајните решенија односно безбедноста на сообраќајот коишто се услови неопходно потребни да се проверат за да може да се даде мислење односно согласност за добивање на лиценца,- изјави – Спасенка Андонова – Обвинител во ОЈО ГОКК.

Судењето за овој случај ќе продолжи на 29 јуни со изведување материјални докази на обвинителството. По условната пресуда за тројца полициски службеници, во скопскиот Кривичен суд се постапува по уште еден предмет со 13 полициски службеници кои ноќта на 16 март лани биле во дискотеката Пулс но не спречиле активирање на пиротехниката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог-законот за соодветна и правична застапеност на јавна расправа во Собранието

Правичната застапеност конечно ќе се регулира со закон, наместо со алатка како „балансерот“ и потребно е да му се даде шанса да се донесе за вработувања во јавниот сектор по систем на заслуги, смета дел од академската јавност.

Предлог-законот за соодветна и правична застапеност на јавна расправа во Собранието

На денешната јавна расправа за предлог-законот за правична застапеност во Собранието, дел од професорите и експертите дадоа поддршка за законското решение, оценувајќи дека со него ќе се спречат злоупотреби при вработувањата, а од друга страна ќе се регулира правичната застапеност за сите етникуми врз професионални критериуми. Клучно според нив е што законот е изработен со позитивно мислење од Венецијанската комисија и согласно европските и меѓународните стандарди.

Наспроти пофалбите, дел од присутните експерти имаа низа забелешки и критики за законот. Според нив тој не е во духот на Охридскиот рамковен договор, не предвидува санкции, ниту етнички квоти при вработувањата, и остава простор, како што велат, за партиски злоупотреби. Дел од нив го бранеа балансерот како добро решение за етничките права и сметаат дека ова законско решение треба да се повлече од собраниска пропцедура.

Предлог-законот за правична застапеност е на дневен ред и денешната собраниска седница во прво читање откако претходно расправата за него беше одложена поради отсуството на вицепремиерот Беким Сали како овластен предлагач. Законот ќе се носи со таканаречено мало Бадентерово мнозинство -за да помине треба да има 61 глас, како и мнозинство од присутните пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници. Сепак, неизвесно е дали власта ќе успее да обезбеди Бадентер без гласовите од ДУИ кои жестоко се противат на ова законско решение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер