Металург ќе биде дел од Лигата на шампионите - Канал 5

Металург ќе биде дел од Лигата на шампионите

Македонскиот вицешампион во ракомет Металург и во новата сезона 2017/18 ќе биде дел од Лигата на шампионите.

Металург ќе биде дел од Лигата на шампионите
Металург повторно ќе биде дел од групите Ц и Д, каде се натпреваруваат условно „послабите“ екипи, односно во двете групи од по шест екипи. Металург и оваа сезона побара „вајлд карта“ што беше потврдена од страна на ЕХФ.

Европскиот и македонски шампион Вардар е дел од натпреварите во А и Б групите, каде вкупно ќе учествуваат 16 екипи.

Во групите А и Б ќе бидат поделени следниве екипи: Вардар (шампион), Веспрем, Рајн Некар Ловен, Килеце, ПСЖ, Кил, Флензбург, Загреб, Нант, Барселона, Висла, Кристијанштад, Алборг, ПИК Сегед, Цеље и Мешков Брест.

Во групте Ц и Д ќе се натпреваруваат следните тимови: Металург, Адемар, Скјерн, Монпеље, Кадетен Шахфаузен, Мотор Запорожје, Бешикташ, Горење, Елверум, Чеховски Медведи, Динамо Букурешт и победникот од квалификациите.

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 30 јуни во Љубљана, а натпреварите од 1.коло ќе се играат од 13 -17 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист

Веќе е јасно дека за се што е во интерес на граѓаните и за секој проект што носи развој и инвестиции, талогот на СДС предводен од Венко Филипче е против.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист

И во контекст на дата-центрите, односно центрите за податоци, Филипче повторно се обидува да ја спинува темата и да создава неоправдана загриженост кај граѓаните, наместо да ги согледа придобивките.

Развојот на дата-центрите е можност за привлекување инвестиции, развој на нова индустрија, отворање нови работни места и напредок на државата.

Јасно е кажано дека електричната енергија ќе се набавува на пазар или од обновливи извори, додека за ладењето на дата-центрите постојат повеќе различни решенија. Тоа значи дека манипулациите со наводна опасност за водните ресурси не ја кажуваат целата слика.

Сегашен пратеник и поранешен премиер од редовите на СДС, Димитар Ковачевски, јавно кажа дека не го дели ставот на Филипче за ова прашање.

Значи, Филипче не само што е против проектите на Владата, туку е против секој па дури и сопартијци кои препознаваат дека развојот на оваа индустрија може да биде од корист за државата.

Филипче зборува за цената на електричната енергија и за користењето на водата, но кога веќе се дадени конкретни објаснувања за овие прашања, останува впечатокот дека неговата цел не е да понуди решение, туку по секоја цена да биде против.

Граѓаните заслужуваат политика што ќе поддржува инвестиции, нови индустрии и економски развој, а не политика на постојано кочење од страна на опозицијата и политички спинови, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата - се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати

Во Македонија до 1 септември годинава се регистрирани вкупно 56 случаи на западнонилска треска, има и 7 починати. 

СДСМ: Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата - се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати

Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција, Романија.

Повторно, исто како и здравствената криза со труењето во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски закаснија со реакцијата.

Владата на Мицкоски нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира.

Дури ниту против комарци не прскаат навреме, и со тоа задоцни Орце Ѓорѓиевски.

Не функционира системот за превенција, заштита и контрола на вектор-преносливи болести.

Не функцираат градоначалниците на ВМРО-ОКГ.

Не фукционираат здравствените институции.

Државата не менаџира со епидемијата – туку само реагира на нејзините последици.

Цената ја плаќаат граѓаните, со своето здравје, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Георгина се појави во Венеција во тесен фустан и ја покажа фигурата

Георгина Родригез се појави на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал по повод проекцијата на филмот „Господине Нелсон, дали убивте луѓе?“. 

Георгина се појави во Венеција во тесен фустан и ја покажа фигурата

За таа пригода, таа избра елегантна темно сина комбинација која се состоеше од струкирана јакна и долга, тесна здолниште. Ја носеше јакната гола, а длабокото деколте и кројот што ја прилегаше фигурата беа во преден план.

Елегантна комбинација на црвениот тепих

Таа ја надополни едноставната, но ефективна комбинација со прекрасен накит. Таа доброволно позираше за собраните фотографи, а во еден момент испрати бакнеж кон камерите. Тесната здолниште ја истакна нејзината фигура, додека високиот шлиц ги истакна нејзините нозе.

Свадба со Кристијано Роналдо

Нејзиното пристигнување во Венеција следеше само неколку недели по нејзината венчавка со Кристијано Роналдо. Двојката се венча на 11 август, по десет години заедно, на интимна церемонија одржана во дневната соба на нивниот дом во Каскаис, Португалија.

На церемонијата присуствуваа и нивните пет деца, а датумот не беше избран случајно. Тие се венчаа точно на десетгодишнината од денот кога првпат се запознаа во продавницата на „Гучи“ во Мадрид, каде што Георгина во тоа време работеше како продавачка. Во спомен на местото каде што започна нивната љубовна приказна, двајцата носеа „Гучи“ за свадбата.

По церемонијата, тие отидоа во светилиштето во Фатима, каде што нивниот брак беше благословен. Георгина откри дека свадбата била токму онаква каква што ја замислувала - интимна и посветена на семејството. Сепак, во иднина, двојката планира да организира поголема свадбена прослава за семејството и пријателите.

Појавувањето во Венеција е едно од првите големи јавни појавувања на Георгина Родригез откако се омажи за познатиот португалски фудбалер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер