Металург ја оправда улогата фаворит во дуелот со Партизан - Канал 5

Металург ја оправда улогата фаворит во дуелот со Партизан

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург вечерва во натпреварот против Партизан стигна до третата победа во СЕХА лигата, а прва на домашен терен и со вкупно 11 бодови се проби на третото место на табелата. Конечниот резултат 26:21 можеше да биде и со повисока разлика, бидејќи „металурзи“ во еден момент имаа и двоцифрена предност.

Металург ја оправда улогата фаворит во дуелот со Партизан
По овој исход на дуелот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, Металург е единствената екипа без пораз во регионалното натпреварување.

За гостите од Белград ова беше петти пораз.

И на овој натпревар тренерот на Металург Лино Червар им даде шанса на помладите играчи, а во комбинираниот состав стандардните играчи беа најчесто во првото полувреме.

Најефикасни во македонскиот состав беа беа Павел Атман и Филип Талевски со по 4 голови. Голманите имаа вкупно 20 одбрани (Раде Мијатовиќ 11 и Никола Митревски 9).

Кај Партизан Александар Радовановиќ и Мијајло Марсениќ забележаа по четири реализации.

На табелата води Вардар со 13 бодови, пред Татран Прешов со 12, Металург има 11, Загреб 9, Војводина 9,...

Македонскиот тим утре заминува за Барселона каде в сабота го игра натпреварот од 3.коло од Лигата на шампионите против истоимениот клуб од Каталонија. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 750 загинати и повеќе од 3.000 исчезнати во катастрофалните поплави во Непал

Бројот на жртви од минатонеделните катастрофални поплави во Непал и Тибет се искачи на 750, а 3.044 лица се водат како исчезнати, соопштија властите, додека спасувачите се повлекоа на повисоки места бидејќи дождовите го зголемија нивото на реките.

Над 750 загинати и повеќе од 3.000 исчезнати во катастрофалните поплави во Непал

Спасувачките операции беа прекинати неколку пати од петокот поради лошите временски услови и загриженоста дека езерото формирано на границата меѓу Непал и Кина по ненадејните поплави предизвикани од уривањето на глечер во средата би можело да предизвика понатамошни поплави откако почна да се излева во реките во Непал.

Црвениот крст проценува дека повеќе од 90.000 луѓе веројатно биле погодени од катастрофата, која Кина ја поврза со ефектите од климатските промени.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји му рече на својот непалски колега во телефонски разговор во саботата дека ненадејните поплави се нивната „најлоша прекугранична катастрофа“ во последните години и дека спасувачките операции биле со невидена тежина и сложеност, објави кинескиот државен радиодифузен сервис CCTV.

Тунелите во фокусот на спасувачките напори

Спасувачките операции во Непал сега се фокусирани на стотици луѓе за кои се верува дека се заробени во тунели за хидроенергија откако порој од мраз, карпи, кал и остатоци се сруши по хималајските реки.

Бројот на жртви во Непал се искачи на 734, со 2.498 исчезнати и 7.514 спасени, соопшти националниот орган за управување со катастрофи. Во Кина, 16 лица загинаа во округот Ѓиронг до саботата навечер, а 546 се водат како исчезнати, изјавија официјални лица во Тибет на прес-конференција.

Од 261 странски државјанин од 23 земји кои се водат како исчезнати на тибетската страна, 104 се од Непал, 49 од соседна Индија, како и 33 Летонци, 18 Американци и 15 Британци, се вели во првото кинеско соопштение во кое се наведени националностите на починатите.

Пекинг и Катманду работат заедно за да ги идентификуваат исчезнатите граѓани и странските државјани, како и за да ја зајакнат соработката во спречувањето и ублажувањето на катастрофите и одговорот на климатските промени, објави CCTV.

Реката се искачи по новите дождови

Нивото на водата во реката Тришула се искачи во неделата по свежите дождови, принудувајќи ги жителите и спасувачите да бараат повисоки места, изјави непалската полиција за Ројтерс.

Непал вели дека не му е потребна странска помош за општите спасувачки напори, но портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лок Бахадур Чхетри, рече дека на земјата ѝ е потребна помош со спасувања во тунели, ДНК тестирање, обезбедување ладилници за тела и форензичка идентификација на распаднати остатоци.

Индиски и кинески експерти се на терен и помагаат во напорите за отворање на тунелот, рече Чхетри.

Езерото кое се формирало низводно и ги загрозило спасувачките операции е претежно исушено до сабота вечер, објави CCTV. Но, беспилотните летала доцна во саботата открија свлечиште 2,8 км низводно од езерото, формирајќи нова брана и нов базен со вода, објави CCTV.

Властите ги преместија спасувачите во близина на граничниот премин Ѓиронг на безбедно место, објави радиодифузерот.

Поврзано со „долгорочни климатски промени“

Поплавата е „предизвикана од нестабилноста на глечерите под долгорочните ефекти од глобалното затоплување“, објави CCTV, велејќи дека тоа е „нова и истакната карактеристика на криосферските катастрофи“ на тибетската висорамнина.

Ненадејните поплави од непалската страна стигнаа до граничниот премин Ѓиронг за шест до седум минути, соопшти CCTV, повикувајќи се на наодите на кинески научници. Драматични снимки од надзорните камери споделени низ целиот свет покажаа порои од вода и остатоци како ги зафаќаат зградите додека луѓето се обидуваат да избегаат.

Кина мобилизираше повеќе од 2.100 спасувачи и издвои најмалку 32,7 милиони долари за поддршка на напорите за помош. Исто така, му обезбедува на Непал итна парична помош, залихи за помош при катастрофи, сателитски и хидролошки податоци и експерти за спасување во тунели, објави CCTV.

Кина користи товарни беспилотни летала, додека хеликоптерите испуштаат опрема и залихи од воздух до спасувачите на првата линија во близина на граничниот премин. Војниците користат опрема за откривање на животни знаци, беспилотни летала и систем за навигација за да продолжат со потрагата по исчезнатите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Ги расчистуваме дивите депонии и ги санираме проблемите низ маалата

Екипите на Општина Центар и овој викенд беа на терен. На повеќе локации низ општината се расчистуваа диви депонии и наталожен отпад, а паралелно се работи и на санација на проблемите на јавните површини.

Герасимовски: Ги расчистуваме дивите депонии и ги санираме проблемите низ маалата

Општина Центар ја започна и есенската офанзива, во рамки на која општинските служби ги обиколуваат маалата и урбаните заедници и пристапуваат кон решавање на проблемите на терен. Се санираат ударни дупки, оштетена урбана опрема, паднати и оштетени столпчиња и други оштетувања кои се во надлежност на Општината.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека екипите ќе продолжат со засилена работа на терен и во наредниот период.

„И овој викенд нашите екипи се на терен и ги расчистуваат дивите депонии. Паралелно, со есенската офанзива одиме маало по маало, улица по улица, ги лоцираме проблемите и реагираме. Ги санираме ударните дупки, оштетената урбана опрема, столпчињата и сè она што е во наша надлежност. Проблемите што ги гледаме на терен, но и оние што ни ги пријавуваат граѓаните, ги решаваме етапно и во најкраток можен рок. Продолжуваме со работа во сите маала во Центар“, порача Герасимовски.

Есенската офанзива ќе ги опфати сите урбани заедници на територијата на Општина Центар. Општинските служби ќе продолжат да ги следат пријавите од граѓаните и да интервенираат на локациите каде што е потребно, со цел Центар да биде почист, поуреден и побезбеден.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекација на ВРЕДИ: ВЛЕН денес гради, ДУИ обезбедуваше лаги

ДУИ повторно се фали со својата омилена работа – дека нешто „обезбедила“, а лаже.

Рекација на ВРЕДИ: ВЛЕН денес гради, ДУИ обезбедуваше лаги

Дваесет години на празни обезбедуваа пари, најавуваа проекти, цртаа патишта и сечеа ленти на презентации. Цел свет полн со лажни ветувања. На граѓаните им останаа ветувањата, а на партиската елита на ДУИ, привилегиите.

Разликата денес е едноставна и се гледа со голо око.

ВЛЕН не раскажува за проекти. Проектите се градат. Проектите се гледаат.

Се гради автопат кон Гостивар.

Се пробива автопатско поврзувањето кон Кичево.

Започна да се гради автопатската врска кон Косово.

Се гради Коридорот 8.

Она што со години беше цртано на карти, најавувано на прес-конференции и користено пред избори, денес е градилиште.

Додека ДУИ се слика, ВЛЕН гради на терен.

ДУИ денес вели: „Ние ги обезбедивме парите“.

Граѓаните со право прашуваат: ако сè сте обезбедиле, зошто за 20 години не го изградивте? Каде ги чувате? Каде стоеја тие пари? Некаде беа скриени?

Зошто западниот дел од Македонија две децении остануваше со тесни грла, опасни патишта, недовршени траси и инфраструктура која не одговара на потребите на граѓаните?

Додека ДУИ беше незаменлив дел од секоја власт, големите инфраструктурни приказни завршуваа со фотографии и тендерски најави. Западна Македонија чекаше, а приоритетите одеа на други страни. Се градеше за Штип и Гевгелија.

Денес сликата е поинаква.

Се градат булевари во Тетово.

Се инвестира во новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се инвестира во булевари и инфраструктура во Струга.

Се градат улици, канализации, водоводи, канали и локална инфраструктура низ општините каде живеат Албанците.

Багерите се на терен, а ДУИ е на прес-конференција, плаче и лаже.

Тоа е целата разлика.

Дваесет години ДУИ им објаснуваше на Албанците што е „обезбедено“, што „ќе почне“, што „се планира“ и што „ќе се гради“.

Од нивната ера остана спомениците од „Скопје 2014“, додека Чаир, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и другите средини со години ги чекаа основните инфраструктурни инвестиции.

Сега кога конечно се гради, ДУИ сака да се запише како автор на секој километар асфалт.

Не оди така.

Пари што стојат на хартија не се автопат. Проект во фиока не е булевар. Ветување на прес-конференција не е инфраструктура.

Граѓаните не возат по соопштенијата на ДУИ.

Граѓаните возат по патиштата што денес се градат.

И токму затоа ДУИ е нервозна: по 20 години зборови, за првпат може директно да се спореди што ветувале тие и што се гради денес.

Секој проект што ВЛЕН го ветил, ќе го оствари, тоа го знаат граѓаните. Тоа ги прави ДУИ нервозни.

ДУИ остави папки. ВЛЕН остава патишта, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер