МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
1МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
3На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
РакометМеталург гостува кај Елверум во дуел од Лига на шампиониРакометарите на Металург попладнево гостуваат во Норвешка кај екипата на Елверум во дуел од Лига на шампионите.Македонскиот вицепрвак во терминот од 18 часот и 15 минути ќе се обиде да го повтори резултатот од првата меѓусебна пресметка кога во Скопје, Металург го совлада Елверум со 18-17, а дури 13 голови на тој меч постигна Филип Талевски. Натпреварот Елверум – Металург се игра во рамките на 7.коло во Б групата, во која вчера се одиграа средбите Татран Прешов – Монпелје 24-28 и Ла Ријоха – Чеховски Медведи 34-37. Табела: Монпелје 10 бодови, Ла Риоха 9, Чеховски Медведи 6, Таран Прешов 6, Елверум 5 и Металург 4. Комплетни двојки и табели во другите три групи: А група: Висла Плок – Кадетен Шафхаузен 33-26, Силкеборг – Барселона, Веспрем – ПСЖ и Кил – Фленсбург (играат денеска) Табела : ПСЖ 10 бодови, Барселона 10, Веспрем 8, Фленсбург 7, Кил 6, Висла Плок 5, Силкеборг 4, и Кадетен Шафхаузен 0. Б група: ППД Загреб – Киелце 23-26, Рајн Некар – Вардар 27-33, Мешков Брест – Целје 29-29 и Кристијанштад – ПИК Сегед 21-29. Табела: Вардар 12 бодови, Киелце 10, ПИК Сегед 9, Рајн-Некар 9, Мешков Брест 7, Целје 4 Кристијанштад 3, и ППД Загреб 2. Д група: Динамо Букурешт – Холстебро 30-25, Брага – Бешикташ 27-28 и Нант – Мотор Запорожје 32-24. Табела: Нант 11 бодови, Мотор Запорожје 9, Бешикташ 9, Динамо Букурешт 6, Брага 4 и Холстебро 3. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдатаОткако министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во интервју ги нарече македонските власти, српски, а потоа заклучи дека и не направил голема грешка, откако беше коригиран од новинарот, со став се огласија од македонското МНР.Уште еднаш го повторуваме нашиот став дека од Република Бугарија, како наш непосреден сосед, земја членка на Европската Унија и партнер во НАТО, очекуваме доследно почитување на европските и меѓународните стандарди, правните процедури и принципите на владеење на правото. Ова очекување не се однесува само на конкретниот случај, туку и на постапувањето во сите случаи од ваков карактер. Дополнително, сметаме дека не е во интерес на ниту една држава да создава имиџ на земја-заштитник на лица кои бегаат од правдата и избегнуваат постапување пред надлежните институции, велат од МНР.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00
МакедонијаДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговориВо споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57%. Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилностиПо координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти. Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени. Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол. Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица. Се очекуваат повеќе официјални информации од МВР.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook