Металург гостува кај Динамо Минск

Македонскиот ракометен шампион Металург попладнево во Минск го играат првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите. Противник е Динамо Минск, екипа која беше третопласирана во групната фаза, но состав достоен за респект.

Ракометарите на Металург од вчера се во Минск. Тие одржаа и еден тренинг во салата каде попладнево од 17 часот (македонско време) се игра натпреварот.

Тренерот Лино Червар со исклучок на Дејан Манасков може да смета на сите играчи, што значи дека и оние кои пропуштија неколку натпревари се подготевни за игра.

Динамо Минск е состав со неколку репрезентативци на Белорусија и интернационалци од Русија, Украина, Србија и Црна Гора. Тренер на оваа екипа е Сереј Бебешко.

Покрај овој натпревар другите осминафинални двојки се: Чеховски Медведи – Кил (играат денеска), Цеље – Хамбург (сабота), Силкеборг – Барселона, Адемар – Веспрем, ПИК Сегед – Киелце (судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од Македонија), Атлетико Мадрид – Берлин и Горење – Флензбург (недела)

Новиот електричен Maserati GranCabrio Folgore за целосно визуелно уживање (ФОТО)

Убавицата на Maserati вози на струја, нуди врвни перформанси и целосно визуелно задоволство.

Новото Maserati е доказ дека дури и електричниот погон може да поигрува со емоциите и на најжестоките љубители на суперспортски автомобили. Кога автомобилот изгледа како новото Maserati, тогаш може да му се прости отсуството на соодветна звучна сцена, некогаш V8 мотор, а денес подеднакво импресивен V6 Nettuno.

GranCabrio ја доби верзијата Folgore, што значи дека прекрасниот кабриолет доби електричен погон. Се состои од конфигурација со три електромотори (3x300 kW) и максимална моќност од 830 КС и 1350 Nm. До 100 km/h стигнува за 2,8 секунди, а максималната е 290 km/h.

Во споредба со класичниот GranCabrio, електричната опција има малку изменет преден дел, а со тоа и поаеродинамична форма. Да го додадеме малку неочекуваниот избор на гуми со помал отпор на тркалање, сè со цел да го доведеме дофатот до попристојни вредности. Возат од 419 до 447 km со капацитет на батерија од 92,5 kWh (нето 83,5 kWh), кој може да се полни со моќност до 270 kW.

Некои модерни времиња и во кабината. Дигиталниот кокпит со 12,2-инчен екран е надграден со 12,3-инчен инфозабавен екран и дополнителен 8,8-инчен екран. Аудио системот е потпишан од Sonus, се нуди телеметрија, а опремата е првокласна.

И она што е важно, при брзина до 50 km/h, покривот се отвора за 14 секунди, по што можете да уживате во тивкото крстарење по кривулестите патишта. Истовремено, вратовите на патниците ќе се загреваат со оптимизираната клима.

ДУИ: Загрижени сме од апстиненцијата на ВМРО за членство на Косово во Советот на Европа

ВМРО-ДПМНЕ, освен што планира изолација од Европската Унија, истото го сака и со соседните земји на Македонија.

По замрзнатите односи со соседна Бугарија, ВМРО и Мицкоски сакаат да ја вратат државата во состојбата од пред 2008 година.

Конкретно, денеска пратеникот, воедно потпретседател на ВМРО, Александар Николовски, ниту неговиот заменик Владо Мисајловски, не отпатуваа во Стразбург на состанокот на Парламентарното собрание на Европскиот совет, каде што беше објавена препораката за Косово да се приклучи на Советот на Европа.

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за политиката на поделби и изолација на ВМРО и Мицкоски, притоа отворено прокламирајќи ја руската и српската политика во однос на Република Косово и Албанците воопшто.

Исто така, ја повикуваме албанската опозиција да ги поддржи политиките и ставовите на нашите меѓународни партнери и да не промовира проруски политики кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија и регионот во целина.

Во оваа прилика ги повикуваме граѓаните масовно да ја поддржат кандидатурата на д-р Бујар Османи за претседател на државата и Европскиот фронт како единствена изборна коалиција која го продолжува патот за брзо членство во Европската Унија и за блиска соработка меѓу земјите од Западен Балкан, се наведува во партиското соопштение.

Костов: На Османи не му е прв пат да се истрчува

„Мислејќи дека ќе стане голем дипломат, даде изјава што е рамна на дипломатски скандал“

Бидејќи сме во избори и при техничка влада, не сум сигурен колкав политички и дипломатски капацитет има министерот за надворешни Османи, да се меша во многу сензитивни прашања на нашите соседи и тоа фаќа страна се' во одбрана на каузата во Косово. На Османи не му е прв пат да се истрчува. мслејќи дека ќе стане голем дипломат, даде изјава што е рамна на дипломатски скандал. Да го потсетам дека во БиХ многу одамна се случуваше војна и за таа Сребреница,за која што многу жалам падна министер дури и влада на Хоалндија, а врховниот суд призна делумна вина за т.н. геноцид таму и лично мислам дека меѓународните органи треба добро да ги истераат работите. Таму призната е делумна вина и на Холандија и на ОН и ние не треба да истрчуваме да зборуваме за еден геноцид, а што правиме за злосторствата во Србија, праша Сотир Костов во Само Вистина. Ајде да си ги гледаме изборите и да си избереме Претседател, а по оваа изјава Османи си ги запечати изборите, нема да влезе во вториот круг кој што тој сигурно го најавува, а не му е така лоша кампања. Сега вака не скара со еден сосед, а претходно истото го направи и со Бугарија, рече Костов.

притисни ентер