Металург го доби дербито против Вардар, но го загуби Мојсовски - Канал 5

Металург го доби дербито против Вардар, но го загуби Мојсовски

Ракометарите на Металург го добија македонското дерби во СЕХА лигата совладувајќи го Вардар со 22:21 (полувреме 10:8).

Металург го доби дербито против Вардар, но го загуби Мојсовски
На заостанатиот натпревар од 10.коло на СЕХА лигата одигран попладнево во СЦ „Борис Трајковски’’ најголемиот дел од првото полувреме мина во израмнета игра во која двата немаа поголема предност од еден гол.

Првата предност од два гола ја остварија гостите од Автокоманда кои во 25-минута поведоа со 8:6 .

Вардар брзо успеа да израмни, но во завршната минута од првиот дел Металург одново ја врати позитивата од плус два, па на одмор се замина со резултат 10:8 за Металург.

На првиот гол во второто полувреме се чекаше се до 34-минута кога со гол на Миркуловски за прв пат Металург поведе со три гола (8:11), а веќе во 39-минута и со четири гола разлика (10:14).

Ваквата предност се покажа како доволна за составот од Автокоманда кој на крајот славеше триумф со 22:21.

На голот на Металург, Дарко Станиќ беше извонреден завршувајќи ја средбата со 13 одбрани, вклучително и одбраната по ударот на Прибак во последната секунда не дозволувајќи израмнување.

Најефикасен во победничката екипа беше Наумче Мојсовски со 6 постигнати голови иако репрезентативецот на Македонија поради повреда предвреме го заврши натпреварот во 23-минута.

Во редовите на Вардар најпрецизен беше Тимур Дибиров кој средбата ја заврши со 5 голови.

Со новите бодови Металург се зацврсти на четвртото место на табелата сега со само три бода помалку од Вардар.

Табела: Загреб КО 31 бодови (13 натпревари), Татран Прешов 30 бодови (12), Вардар 25 (12), Металург 22 (11), Мешков Брест 18 (10) ... /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер