Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
2Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
ЗдравјеМетали кои предизвикуваат болести?Метали кои предизвикуваат болести, каде се присутни, како да го проверите нивното присуство, но и да го исчистите организмотМетали кои предизвикуваат болести, каде се присутни, како да го проверите нивното присуство, но и да го исчистите организмот Во 21-ви век наночестичките од металите се користат во сите индистриски гранки и невозможно е да ги избегнете. Најштетни метали за здравјето се алуминиум, жива, бакар, кобалт, олово, хром, никел, арсен... Каде се присутни овие метали? Арсен - Антибиотици,пестициди, боја за тапети, вода, воздух, морски плодови... Олово - Издувни гасови на возила, молерски бои, цевки, храна, грнчарија, конзерви и конзервирана храна, паста за заби, садови, амбалажи... Жива - Вода, воздух, вакцини, козметика, туна, масти за псоријаза, лаксативи,пудри... Алуминиум - Лименки, дезодоранси, пасти за заби, пломби, кујнска сол, спејови за нос, садови, лекови, вода... Овие метали нашиот организам донекаде може да ги преработи и исфрли, меѓутоа, во современиот стил на живот, особено во големите градови, како резултат на големата изложеност на тешките метали, доаѓа до нивно таложење во телото, што може да предизвика појава на сериозни тегоби и труења. Науката ги класифицира тие тегоби во следните групи: Психички нарушувања: Депресија, промени во расположението, халуцинации, агредивност, несоница, хроничен умор, исцрпеност, губење на апетит, стравови, намалено внимание и концентрација, Алцхајмерова болест... Сензорни нарушувања: Преголема осетливост на светлина, проблеми со слухот Моторни нарушувања: Отежнато одење, отежнато голтање, проблем со говорот, губење рамнотежа и епилептични напади... Нарушувања на дигестивниот систем: Чести мачнини, повраќање, дијареа, грчеви во стомакот, запаление на желудник и цревата, чувство на жарење во устата и грлото... Респираторни нарушувања: Белодробна фиброза, астма, бронхитис, воспаление на бели дробови... Кардиоваскуларни нарушувања: Оштетување на крвните садови, тахикардија, хипертензија, анемија... Останати нарушувања: Невритис, невропатија, трнење на екстремитетите, парестезија (трпки), нарушена работа на црниот дроб и бубрезите, слабеење на имуниот систем, нарушување на менструалниот циклус и болки... Концентрацијата на тешки метали во организмот може да ја проверите преку примерок од крв или влакно од косата. Природниот минерал зеолит кој се користи како додаток во исхраната ги врзува тешките метали излачувајќи ги од организмот. Исто така се препорачува и поголема количина листови коријандер во сок или храна, бидејќи тој е природен чистач на тешките метали. Во исхраната би требало да внесуваме повеќе зелени намирници од органско потекло, како и поголема количина вода. Користењето сауна исто така му помага на телото да ги исфрли токсините преку потење. Извор: blic.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМакрон: Европа е цел на руски хибридни заканиФранцускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја, како и остатокот од Европа, во последните недели е изложена на засилени руски хибридни закани.Тој ја даде оваа изјава по средбата со лидерите на парламентарните партии. „Заканата со која се соочуваат Европа и Франција се засили во последните недели, особено во однос на руските хибридни закани“, рече Макрон. Промена на природата на агресијата Макрон исто така смета дека „природата на руската агресија се менува“. Како примери за ова ново ниво на закани од Кремљ, тој ги наведе нападот врз воз што сообраќа меѓу Полска и Украина, навлегувањата на дронови во воздушниот простор на соседните земји и спречениот напад врз аеродромот во Лајпциг. Германија претходно ја обвини Русија за обид за напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг во текот на август. Во меѓувреме, минатиот викенд се случи и безбедносен инцидент во Украина; руски дрон удри во воз што се движеше веднаш зад конвојот во кој се наоѓаше поранешниот британски премиер Борис Џонсон.Тагови: Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаОпштина Карпош: Ново спортско игралиште за учениците во ООУ „Владо Тасевски“Во ООУ „Владо Тасевски“, продолжува унапредувањето на спортската инфраструктура за најмладите преку реконструкција и изградба на модерно спортско игралиште за фудбал, кошарка и други спортски активности. Реконструкцијата се реализира преку соработка помеѓу Општина Карпош и Министерството за спорт, со што ќе се создаде современа спортска целина со нови терени и унапредени трибини. На увид во спортскиот простор присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и министерот за спорт, Борко Ристовски, кои ја истакнаа важноста на заедничките вложувања во спортската инфраструктура и создавањето подобри услови за младите. Новото спортско игралиште ќе им овозможи на учениците да спортуваат во современи услови, да ги развиваат своите спортски вештини и да негуваат тимски дух, дисциплина и здрави животни навики. Заедничката соработка меѓу Општина Карпош и Министерството за спорт претставува чекор кон создавање повеќе и поквалитетни спортски содржини за најмладите. Континуираното вложување во спортската инфраструктура е дел од заложбите за создавање средина во која децата ќе имаат можност активно да спортуваат и да ги развиваат своите потенцијали. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМерц има проблем?Речиси половина од германските граѓани очекуваат канцеларот Фридрих Мерц да биде сменет оваа година. Во анкетата на „YouGov“, 48 отсто од 1.611 испитаници предвидоа дека Мерц повеќе нема да биде канцелар до крајот на годината.Спротивно на тоа, само 31 отсто веруваат дека 70-годишниот лидер на Христијанско-демократската унија (CDU) ќе остане на функцијата и по тој период. Дваесет и еден отсто од испитаниците не дадоа одговор. Канцеларот е под силен притисок од сопствената партија уште од изборниот дебакл на „CDU“ во Саксонија-Анхалт. Со денови се шпекулира дали тој ќе успее да ја задржи својата позиција. Досега, осум премиери на сојузните покраини од редовите на „CDU“ му ја изразија својата поддршка. Сепак, доколку христијанските демократи претрпат нови порази во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин – каде што изборите се одржуваат оваа недела – ситуацијата станува неизвесна. Анкетите покажуваат дека „CDU“ има поддршка од само шест до седум отсто во Мекленбург-Западна Померанија, што ја доведува во опасност целосно да испадне од покраинскиот парламент. Во Берлин, „CDU“ води неизвесна трка со партијата „Левица“ (Die Linke) за првото место и би можела да ја изгуби градоначалничката функција. Сепак, Мерц има намера да се бори за својата позиција. „Откажувањето не е опција за мене“, изјави тој по изборите во Саксонија-Анхалт. Личниот рејтинг на канцеларот драстично опадна откако ја презеде функцијата. Во анкетата на телевизијата „ARD“ спроведена во јуни 2025 година – само неколку недели откако положи заклетва – тој уживаше поддршка од 39 отсто. Во почетокот на септември 2026 година, само 13 отсто од испитаниците во истата анкета позитивно ја оценија работата на канцеларот. Ова е најниската бројка некогаш забележана во анкетата на „ARD“ за актуелен канцелар. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook