Мета загуби уште 4,4 милијарди долари, само една работа може да го спаси Закерберг од катастрофа - Канал 5

Мета загуби уште 4,4 милијарди долари, само една работа може да го спаси Закерберг од катастрофа

Мета продолжи да бележи огромни загуби во својата дивизија Reality Labs, која развива технологии за виртуелна и проширена реалност, но се повеќе се надева на успехот на своите нови очила за вештачка интелигенција.

Мета загуби уште 4,4 милијарди долари, само една работа може да го спаси Закерберг од катастрофа

Во својот финансиски извештај за третиот квартал, Reality Labs објави оперативна загуба од 4,4 милијарди долари на приход од само 470 милиони долари. Ова ја носи нејзината вкупна загуба од 2020 година на повеќе од 70 милијарди долари.

Иако резултатите се сè уште негативни, бројките се подобри од очекувањата на Волстрит, кој предвиде загуба од 5,1 милијарди долари на приход од 316 милиони долари.

Очилата со вештачка интелигенција како спас за Мета

Reality Labs е одговорна за развојот на VR слушалките Quest, како и паметните очила Ray-Ban и Oakley, кои Мета ги создава во соработка со EssilorLuxottica. Најновиот модел, Meta Ray-Ban Display, чини 799 долари и има вграден екран и нараквица со невронска технологија.

Неочекувано, овие очила станаа хит на пазарот и ја зголемија продажбата, што го потврди и EssilorLuxottica во својот финансиски извештај.

Финансискиот директор на Meta, Сузан Ли, изјави дека во четвртиот квартал се очекува пад на приходите од VR уредите, но се очекува и силен раст на продажбата на AI очила, што би можело да ги ублажи загубите.

Во исто време, извршниот директор Марк Закерберг одлучи да го префрли фокусот на компанијата од метаверзумот кон вештачката интелигенција. Долгогодишниот раководител на проекти за метаверзум, Вишал Шах, сега го води развојот на AI производи во рамките на одделот Superintelligence Labs, што јасно ја покажува новата насока на компанијата.

Се чини дека Meta полека се откажува од идејата за виртуелни светови и се свртува кон она што корисниците навистина го сакаат, паметни уреди што користат AI во секојдневниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Поплави во Кина, евакуирани 54000 жители

Во Кина, околу 54.000 луѓе се евакуирани поради поплави, вклучително и 8.000 преместени во привремени прифатилишта, што е последица на обилните врнежи предизвикани од тајфунот Нара.

Видео: Поплави во Кина, евакуирани 54000 жители

Поплавите особено го погодија регионот Гуангси, а метеоролозите предупредуваат на нови обилни врнежи во наредните денови, јавува CCTV. Водостоите на 15 реки го надминаа прагот за издавање предупредувања.

Снимките емитувани на кинеската телевизија прикажаа поплавени патишта и спасувачи кои газат низ вода длабока до колена, користејќи гумени чамци за да ги евакуираат жителите од поплавените населби.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16

 Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија регистрираше повремени сигнали во воздушниот простор на Република Молдавија, во областа Кахул, утрово околу 6 часот, поради што беа испратени борбени авиони.

Драма во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16

Како што беше наведено, еден од тие сигнали подоцна се појавил во областа Таргу Бујор, во округот Галац.

Според соопштението на Министерството за национална одбрана, два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство и еден хеликоптер биле подигнати за да ја следат ситуацијата, пренесува Аџерпрес.

Како што беше наведено, Националниот центар за воена команда го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за воспоставувањето мерки за предупредување на населението во зафатеното подрачје.

Ова не е првпат Романија да крева борбени авиони поради војната во Украина, бидејќи беспилотните летала, поради попречување на сигналот, често завршуваат во земјите што граничат со Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер