ТехнологијаМета планирала да почне со своја вештачка интелигенција во Европа, но имало проблем Американскиот дигитален гигант Мета го одложува лансирањето на својот нов софтвер за вештачка интелигенција (ВИ) во Европа поради загриженоста на агенциите за заштита на податоците, објави денеска германската агенција dpa.Ирскиот орган за заштита на податоци задолжен за Мета во Европската унија побарал од компанијата засега да не ги обучува своите модели со вештачка интелигенција врз основа на јавно достапни објави на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Без обука со локална содржина, Мета не може да им го понуди на корисниците во Европа најдоброто искуство, објави компанијата вчера во блог пост. Воедно, Мета рече дека е убедена дека нејзиниот пристап е во согласност со европските закони и прописи. Мета не е сам во обуката на вештачката интелигенција, „и ние сме потранспарентни од многу други во нашата индустрија“, објави компанијата. Одлуката за одложување дојде по критиките дека Мета само им даваше на луѓето можност да се спротивстават на користењето на нивните податоци, но не побара од нив експлицитна согласност. Активистите за заштита на податоци од организацијата НОЈБ потоа поднесоа жалби во 11 земји минатата недела и ја критикуваа Мета за нејзината „скриена и погрешна“ процедура. Мета првично тврдеше дека постои „легитимен интерес“ за обука на модели за вештачка интелигенција и дека за таа цел треба да се користи само јавно достапна содржина од возрасни корисници. Органот за заштита на податоците на Ирска вчера ја поздрави одлуката на Мета да ги одложи своите планови во Европа. Компанијата се натпреварува со други програми како што е chatbot ChatGPT со софтвер за вештачка интелигенција Meta AI. Мета вештачката интелигенција е дизајнирана да генерира текст и слики и да одговара на прашања на корисниците. Во последниве месеци, Мета постојано нагласуваше дека вештачката интелигенција значително ќе ги промени социјалните платформи. Во исто време, Мета рече дека има намера да продолжи да ја носи функционалноста на вештачката интелигенција во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГодишно собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГЗемјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање .Земјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање – ова е една од клучните пораки од Годишното собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ, на кое учествуваше Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Регулатори, креатори на енергетски политики, финансиски институции и учесници во енергетскиот сектор дискутираа за унапредување на регионалната енергетска соработка, интеграцијата на енергетските пазари и забрзувањето на енергетската транзиција на медитеранските земји. Учесниците посочија дека неопходни се јасни и предвидливи правила за надминување на бариерите, при што нагласија дека неопходно е енергетската инфраструктура да се модернизира за поголема ефикасност и флексибилност. Во фокусот на дискусиите беше и стратешката иницијативата на Европската Унија T-MED чија цел е поврзување на земјите од јужниот Медитеран со ЕУ со цел поттикнување инвестиции во обновливи извори на енергија и зајакнување на регионалната соработка. МЕДРЕГ е асоцијација на регулатори којашто обединува 30 членки од 24 држави кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМерц: „Немаме повеќе пари за се“ Рекордниот буџет на Германија за 2027 година во износ од 560 милијарди евра „може да се оправда“, но во наредните години ќе биде потребно значително намалување на расходите, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во Бундестагот, пренесува ДПА.Канцеларот Мерц зборуваше за владината политика, која е централен дел од последната еднонеделна дебата за буџетот. Пратениците ја започнаа последната дискусија во вторник. Се очекува пратениците да го усвојат буџетот вечерва. „Во овие времиња мора да разбереме и да учиме заедно... дека повеќе немаме пари за сè“, рече Мерц. „Сите ние овде ќе мора да се откажеме од некои идеи што ни се блиски до срцето“. Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети. Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети. „Имаме должност и одговорност заедно да го спречиме тоа“, рече Мерц. Тој ги повика граѓаните да пристапат кон одлуките за распределба на јавните пари како „заедница на луѓе со добра волја“. Како што рече, за тоа не постои едноставна формула. „Нема калкулатор што може да пресмета што е совршено фер“, заклучи германскиот канцелар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз СараВо Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска.Со отворање на главната расправа, денеска, во Основниот суд во Охрид, почнува судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан К., обвинет за нападот врз 26-годишната девојка Сара Ѓ. од Охрид, што се случи на 15 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook