3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
ЖивотМета, Амазон донираат по еден милион долари на Фондот за инаугурација на ТрампДонацијата доаѓа само неколку недели откако извршниот директор на Мета, Марк Закерберг приватно се сретна со Трамп на имотот на републиканецот во Мар-а-Лаго. Веста прв ја објави Волстрит џурнал. Мета, мултинационална холдинг компанија што управува со технолошки конгломерат и е матична компанија на Фејсбук и Инстаграм, објави дека донирала милион долари на фондот за финансирање на стапување на должност на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Донацијата доаѓа само неколку недели откако извршниот директор на Мета, Марк Закерберг приватно се сретна со Трамп на имотот на републиканецот во Мар-а-Лаго. Веста прв ја објави Волстрит џурнал. Стивен Милер, назначен за заменик-шеф на кабинет за вториот мандат на Трамп, рече дека Закерберг, како и другите бизнис лидери, сака да ги поддржи економските планови на Трамп. Извршниот директор на технолошкиот конгломерат се обидува да ја промени перцепцијата за неговата компанија по нарушената врска со Трамп. Трамп беше исфрлен од Фејсбук по упадот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година. Компанијата го врати неговиот профил на почетокот на 2023 година. За време на претседателската кампања во 2024 година Закерберг не поддржа претседателски кандидат, но изрази попозитивен став кон Трамп. Сепак, Трамп продолжи јавно да го напаѓа Закерберг за време на кампањата. Амазон планира да донира милион долари во инаугурацискиот фонд на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, јавија американските медиуми. Тој потег доаѓа во време кога големите технолошки компании се обидуваат да ги подобрат своите односи со идниот претседател. Корпорациите традиционално сочинуваат голем дел од донаторите при инаугурацијата на американскиот претседател, со исклучок на 2009 година, кога тогашниот новоизбран претседател Барак Обама одби да прифати корпоративни донации. Тој ја смени својата позиција за неговата втора инаугурација во 2013 година. Фејсбук не донираше ниту за инаугурацијата на Бајден во 2021 година, ниту за инаугурацијата на Трамп во 2017 година. Гугл донираше по 285.000 долари за првата инаугурација на Трамп и за инаугурацијата на Бајден, според записите на Федералната изборна комисија. Од инаугуративните комисии се бара да го откријат изворот на нивното собирање средства, но не и како ги трошат парите. Мајкрософт даде милион долари на втората инаугурација на Обама, но само 500.000 долари на Трамп во 2017 година и за Бајден во 2021 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ. Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ. Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел? Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат. Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30