Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
1Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
Шоу бизМет Дејмон откри кој од неговите филмови го смета за најлош: Дури и ќерка ми ме исмејува(ВИДЕО)Мет Дејмон не може да се извлече од својот најлош филм, особено што неговата ќерка сè уште го исмејува за таа улога.Актерот гостуваше во подкастот на WTF, а во еден момент се појави и темата за неговиот најлош филм. Дејмон смета дека неговиот најлош филм е „Кинескиот ѕид“ од 2016 година, филм за европските платеници кои бараат оружје во Кина од 11 век и на крајот помагаат во борбата против брановите на вонземска инвазија. Дејмон рече дека сакал да работи на филмот затоа што е обожавател на режисерот Џанг Јиму, но брзо сфатил дека тоа нема да биде добро искуство откако на снимањето истакнал нешто со кое не бил задоволен. Преку преведувач на актерот му било кажано дека „режисерот се согласува со него, но дека ова е холивудски филм“, а Дејмон сфатил дека го снима филмот каков што сакаат да го гледаат раководителите на холивудското студио. „Јиму свесно го правеше она што тој мисли дека е холивудски филм и она што неговите партнери во Холивуд го убедија дека го сакаат. Така се случуваат катастрофи. Јас реков: „Те молам кажи му дека дојдов овде да глумам во еден од неговите филмови“, вели Дејмон, додавајќи дека Кинескиот ѕид „не функционира како филм“. Режисер кој ја компромитира својата визија за снимање на „холивудски“ филм обично не е добар знак за луѓето кои работат на филмот, а стравовите на Дејмон се покажале како оправдани. Актерот мислел дека се пријавува за филм како „Лоренс од Арабија“ или „Танц со волците“ за „аутсајдер кој влегува во нова култура“, но тоа не било така. Сепак, најстрогиот и најупорниот критичар на Дејмон на „Кинескиот ѕид“ била една од неговите ќерки која одбила да го нарече филмот со целото име, нарекувајќи го само Ѕид, оставајќи го средниот збор во насловот бидејќи „нема ништо големо во тој филм. “.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравјеСпецијализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед.Специјализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед и консултативен преглед со претходно изготвени ПСА резултати со уролог специјалист кој доаѓа од ГОБ 8 Септември. Лани во рамките на ваквиот преглед биле навреме откриени 3 карцинома на простата кој за среќа биле во почетна фаза заради што укажуваат дека за оваа болест секој ден порано е значаен. Превентивата е иднината на медицината ососбено за ракот на простата кој е 4 по смртност во светски рамки а кој најчесто нема симптоми додека не дојде во крајна фаза. Ноември е месецот на машкото здравје но тоа не значи само да се пуштат бркови туку да се појде на превентивен преглед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаЌе има ли поскапување на цената на струјата и парното по нова година?Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини власта дека води лоши економски политики. Тврди дека и покрај ветувањата оти струјата нема да поскапи се најавува ново зголемување на цените на струјата и парното, што според него дополнително ќе го оптовари животниот стандард на граѓаните . „Иако токму тој во септември ветуваше и укажуваше дека цената на струјата нема да поскапи, претседателот на РКЕ, членот на ВМРО криминалната група, Ацо Ристов, најави зголемување на струјата од 2 до 3 проценти и на парното, коешто е веќе зголемено 5 проценти, за дополнителни 6 до 8. Ете толку од добрите економски политики на оваа власт и толку од желбата да се зачува, во најмала рака, а па не станува збор за зголемување на стандардот на граѓаните. Што ќе се случи после Нова година кај нас? Ова зголемување на струјата за 2 до 3 проценти ќе повлече зголемување на сите производи кај нас“, подвлече Филипче. Лидерот на опозицијата предупреди дека новите поскапувања дополнително ќе ја намалат куповната моќ на граѓаните, во услови кога, како што посочи, синдикалната потрошувачка кошничка веќе достигнала 71 илјада денари. Од Регулаторната комисија за енергетика за Канал 5 кусо информираат дека не коментираат политички ставови и дека во моментов нема донесено одлука за поскапување на струјата. Евентуалната промена на цената се очекува да се разгледува во текот на декември. Претходно, претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, во телевизиско гостување изјави дека компаниите побарале поскапување на парното од 45 до 50 проценти, што го оцени како неприфатливо. Сепак, поради растот на цената на природниот гас, очекува зголемувањето да се движи од шест до осум проценти, додека струјата за домаќинствата од Нова година би можела да поскапи за два до три проценти. Од друга страна, премиерот Мицкоски предупреди дека Европа ја очекува исклучително тешка зима поради енергетската криза и високите цени на енергенсите. Тој уверува дека Владата ќе продолжи со мерките за заштита на животниот стандард и спречување драстични поскапувања. Според Мицкоски, со намалувањето на акцизите за горивата и ДДВ, Македонија поуспешно се справува со енергетската криза во споредба со земјите од регионот. „За нас како Влада главна цел е да го одбраниме стандардот на граѓаните од оваа зима. Односно да не дозволиме драстични скокови кога станува збор за цените на енергенсите. И во таа насока ќе продолжиме да ги водиме нашите политики. Кога станува збор за енергенсите, тука мислам на цената на електричната енергија и цената на топлинската енергија којашто ја добиваат одреден дел на граѓани во главниот град Скопје“, изјави Мицкоски. За справување со енергетските предизвици, Владата планира да го зголеми домашното производство на струја во термоелектраните „Битола“ и „Осломеј“, преку набавка на јаглен од Косово, како и да го рестартира ТЕЦ „Неготино“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПронајдено тело на 38-годишен маж во близина на Смилковско езеро со прострелна рана на ногатаТело на 38-годишен маж утрово е пронајдено на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци. Според официјалните информации од МВР станува збор за лицето Е.Ш. од селото Љубин. Покрај телото во близина бил пронајден и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал починатиот. При прегледот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата а на лице место екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен утрово во 6 часот и 15 минути. Полициски екипи извршиле увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Засега нема информации како настанала прострелната повреда ниту дали станува збор за убиство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои починал 38-годишникот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08