Мет Дејмон има четири ќерки вистински убавици - Канал 5

Мет Дејмон има четири ќерки вистински убавици

Холивудската ѕвезда, актерот Мет Дејмон и неговата сопруга Лусијана Баросо се појавија на премиерата на неговиот нов филм „The Rip“ во Њујорк, во придружба на нивните четири ќерки.

Мет Дејмон има четири ќерки вистински убавици

Оскаровецот позираше во друштво на своите дами, со кои ретко се појавува во јавност, а фотографиите од убавото семејство брзо го обиколија светот.

Интересно е што во филмот „The Rip“, Мет Дејмон повторно глуми покрај својот долгогодишен пријател Бен Афлек.

Шармантниот актер ја запозна жената на својот живот, по потекло од Аргентина, пред 23 години.

Во тоа време, тој го снимаше филмот „Stuck on You“ во Мајами, додека таа работеше како келнерка во ноќен клуб.

Беше тоа љубов на прв поглед.

- Во бар полн со луѓе, само неа ја гледав, а сега имаме четири деца - рече Мет Дејмон во едно интервју, зборувајќи за сопругата со која изгради еден од најхармоничните бракови во Холивуд.

Кога ја запозна холивудската ѕвезда, Лусијана имала четиригодишна ќерка, Алексија. На Мет му се допаѓал фактот што за Алексија нејзиното дете е приоритет и не гледал никаква пречка во тоа. Подоцна Мет и официјално го посвоил девојчето.

Двојката има уште три ќерки: Изабела, Џија и Стела.

Еден од најпознатите актери во светот, кого луѓето го паметат од хит филмовите „Борновиот идентитет“, „Талентираниот г-дин Рипли“, „Марсовецот“ или „Добриот Вил Хантинг“, приватно води сосема обичен, семеен живот.

Сопругата на Мет, Алексија нема профил на ниедна социјална мрежа, не дава изјави за медиумите, но е со славниот сопруг е на секоја премиера.

Ова е редок случај, публиката да ги запознае четирите прекрасни наследнички на познатиот актер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Октомври во МНТ – театар, гостувања и музика

Октомври во Македонскиот народен театар носи разновидна програма исполнета со театарски наслови, гостувања и нови сценски и музички содржини.

Октомври во МНТ – театар, гостувања и музика

Покрај претставите од редовната репертоарска програма, публиката ќе има можност да ја погледне и најновата продукција на МНТ – „Три сестри“ како и да проследи претстава од странство.

Посебно место во октомвриската програма има и „Од другата страна“ на Поетроника – едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на дуото.

На 7 октомври од 19.00 часот, на реновираната тераса на МНТ, ве покануваме да ја доживеете Поетроника во нов амбиент. Влезот е бесплатен.

РЕПЕРТОАР – ОКТОМВРИ

5.10 | „ТРИ СЕСТРИ“

7.10 | ПОЕТРОНИКА – „ОД ДРУГАТА СТРАНА“ - 19:00 ч.

8.10 | „КЕЦ НА ДЕСЕТКА“

9.10 | „СТРАВ И НАДЕЖ“

13.10 | „ДОМА“ - ФДУ

19.10 | „КАО КАКАО“

21.10 | „ТРИ СЕСТРИ“

28.10 | „ДОСИЕ ПЕПЕРУТКА“ - гостување од Анкара

29.10 | „ТОРОНТО ЕКСПРЕС“

Сите театарски претстави започнуваат во 20.00 часот, освен настанот на Поетроника, кој започнува во 19.00 часот.

Билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата на МНТ. Ве очекуваме во МНТ!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Билиќ и по дебаклот против Англија останува на клупата на Хрватска

рватската фудбалска репрезентација претрпе еден од најтешките удари во својата историја! 

Билиќ и по дебаклот против Англија останува на клупата на Хрватска

Во мечо до Лигата на нации, Англија славеше со неверојатни 7:0 на „Рујевица“ и им го нанесе најтешкиот пораз во историјата на популарните „Ватрените“, а веднаш по тој историски дебакл се наметна прашањето – што ќе се случи со селекторот Славен Билиќ?

Дел од хрватската јавност веќе почна да бара негово заминување, но претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, по натпреварот повлече потег со кој ја отстрани најголемата дилема.

Билиќ, барем засега, останува на хрватската клупа.

Како што пренесоа хрватските медиуми, по натпреварот Кустиќ се симнал во соблекувалната и им се обратил на репрезентативците и на целиот стручен штаб.

Пораката била јасна и воопшто не беше пријатна.

Кустиќ им дал до знаење на фудбалерите дека начинот на кој одиграа против Англија, како и нивниот однос кон хрватскиот дрес, се неприфатливи.

Сепак, по критиките следувала и поддршка.

Претседателот на ХНС им порачал на фудбалерите дека поради едно катастрофално издание не станале лоши играчи преку ноќ и дека очекува реакција уште на следниот натпревар.

Тој особено го истакнал престојниот дуел со Шпанија утре на „Пољуд“, каде што Хрватска ќе има можност да покаже карактер и да се обиде да го поправи впечатокот по дебаклот против Англија.

Потоа претседателот Кустиќ ја решил и најголемата дилема.

Маријан Кустиќ му даде безусловна поддршка на Славен Билиќ!

Тоа значи дека, и покрај најтешкиот пораз во историјата на хрватската репрезентација, ХНС (HNS) во моментов не планира да го смени селекторот.

Билиќ останува на клупата и ќе има можност да покаже реакција со тимот веќе на натпреварот против Шпанија. Самиот Билиќ ја презеде одговорноста ден по дебаклот и изјави дека Хрватска мора да покаже карактер.

„Ја преземам одговорноста за ова разочарување што ѝ го приредивме на Хрватска“, рече Билиќ, порачувајќи дека дуелот со Шпанија е можност тимот да го поправи впечатокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Фон дер Лајен му ја одзеде лагата на Мицкоски за македонскиот идентитет

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Христијан Мицкоски за наводната загрозеност на македонскиот идентитет.

Филипче: Фон дер Лајен му ја одзеде лагата на Мицкоски за македонскиот идентитет

„Нема Христијан повеќе што да лаже. Не може повеќе да глуми патриот кој ги штити националните интереси, поради тоа што вистината е дека тие се заштитени и никој, никогаш, на ниту еден начин, нема да може да ни ги одземе. Христијан не е задоволен од посетата, нормално, затоа што претседателката Фон дер Лајен му ја одзеде лагата“, рече Филипче.

Тој потсети на изјавите и ветувањата на Мицкоски за Преспанскиот договор и на потврдата дека договорот го штити националниот идентитет.

„Велеше, идентитетот е загрозен, ќе го поништиме Преспанскиот договор. И што направи човекот? Ништо. Кажа дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Претседателката Гордана Сиљановска потврди дека Преспанскиот договор го штити нашиот национален идентитет“, потенцираше претседателот на СДСМ.

Филипче нагласи дека се потврдени ставовите што СДСМ ги застапува за заштитата на македонскиот идентитет и јазик а лагите на Мицкоски се целосно потопени.

„Јасно е дека овие луѓе со лага дојдоа на власт, глумејќи патриоти, и сега со лаги сакаат на власт да останат. Се потврди сè што зборувавме досега. Идентитетот зачуван, потврден со Преспанскиот договор. Јазикот потврден со договорот Фронтекс, потпишан на чист македонски јазик“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека задржувањето на државата во изолација ги загрозува нејзината иднина и интересите на граѓаните.

„Не напредуваме, стоиме во место. Поминуваат шансите покрај нас, а младите луѓе се селат. Ние тонеме во сиромаштија. Нека не го губи времето повеќе на државата Христијан Мицкоски, затоа што ниту е патриот, ниту ги штити националните интереси. Еве, го потврди тоа и претседателката Фон дер Лајен. Тоа е само еден обичен лажго којшто сака да остане на власт“, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

YouTube video

Скопје, 05.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер