МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск живее во куѓа од само 50 000 долари, која изгледа како скромна викендичка
Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома
1Најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск живее во куѓа од само 50 000 долари, која изгледа како скромна викендичка
2Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома
ФудбалМеси: Жалам што не го испративме Иниеста со тројна крунаБарселона со победата на гостувањето кај Депортиво ла Коруња од 2:4 на три кола пред крајот го обезбеди 25-от трофеј во Примера.За каталонскиот клуб ова е двојна круна на домашната сцена сезонава, откако минатата сабота го освои и Купот на кралот. Лионел Меси, кој постигна хет-трик на натпреварот против Депортиво, рече дека жали што со тројна круна нема да го испратат Андрес Иниеста, мислејќи при тоа на трофејот од Лигата на шампионите. - Тој заслужува да си замине од клубот на ваков начин, со двојна круна во Шпанија. Жалам што не го испративме како Чави, со освоена тројна круна, но и оваа двојна круна е слатка и повеќе од заслужена. Штета што си заминува, но едноставно дојде неговиот ред, како што претходно тоа го направија Чави и Маскерано. Му посакуваме се најдобро, истакна Меси. Тој додаде дека со освојувањето на титула во лига како што е Примера, докажале дека се посупериорни од нивните ривали./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на ЕвропаПриемот на високо ниво во Бугарија за Ива Михаилова ги подрива напорите за градење доверба, реагира македонското МНР по најавата на бугарската претседателка Јотова дека ќе се сретне со обвинетата со двојно државјанство. Очекуваат од Бугарија да ги почитува основните европски принципи за неселективност и еднаквост пред законот, а за актуелните случувања најавуваат дека ќе ги информираат меѓународните партнери, особено институциите на ЕУ и Советот на Европа. -МНР укажува дека ваквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи. Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите. – пишува во соопштението на МНР. Дека ќе организира средба Јотова соопшти утрово пред новинарите, тврдејќи дека нема детали за тоа како Михаилова преминала граница. „ Немате ли информација на каков начин дошла? - Не, не. Ќе се видите ли со неа? - Во првата прилика, ако не ја остават во болница. Но и да ја остават во болница, ќе направам се што можам да се видам со неа. Каква реакција очекувате од Македонија? - Останува да видиме, има уште многу нејасни околности. Мислам дека надлежните органи во Бугарија прво треба да одговорат на некои прашања.. “Илијана Јотова – претседател на Бугарија Ива Михаилова беше една од темите и на средбата помеѓу министрите за надворешни Муцунски и Петрова – Чамова минатиот четврток и на таа средба било договорено бугарски лекари да дојдат во Македонија и да дадат мислење за здравствената состојба на Михаилова. Петрова Чамова денеска вели дека тие како институција немаат врска со потегот на обвинетата. Случајот предизвика низа партиски реакции. СДСМ бара оставка од министерот Тошковски. -Како излегла Михаилова од земјата ако ѝ се одземени двата пасоши, и бугарскиот и македонскиот? Границата не е решето само за дрога и за бегалци од правда. Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и кога судот ќе забрани. СДСМ повторно бара да се утврди како се случило и да се понесе одговорност. Бараме оставка, Тошковски да понесе одговорност. СДСМ. Итна истрага бараат и од Демократски сојуз и од Левица. Се бараат одговори и за тоа каква улога имал адвокатот од Бугарија Николај Димитров.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од МакедонијаПропуст на граничните служби или шверцување во „гепек“ - засега останува мистерија како обвинетата Ива Михаилова синоќа успеа да побегне во Бугарија. МВР тврди дека по извршените проверки во системот за гранична контрола било утврдено дека Михаилова, која е на СТОП листата, нема евидентиран излез од територијата на Македонија, вакви проверки се направиле и во Бугарија и резултатот бил ист – легален влез нема. Според она што е досега познато, Михаилова заминала од земјава заедно со нејзиниот бугарски адвокат Николај Димитров. Тие тврдат дека поминале на легален граничен премин, но не кажуваат на кој. Според неофицијални информации од МВР пак, што ги пренесе Слободен печат, легален излез од земјава имал само адвокатот кој бил автомобил заедно со уште едно машко лице, додека Михаилова не била забележана на заедното седиште. -Јас имам лична карта во мене, со неа минав, и бугарска и македонска лична карта. Која лична карта ја покажа вчера на граница? Бугарската, а на македонската, македонската лична карта,- Ива Михаилова – Обвинета. -Преку граничен контролен пункт, си извадивме документи и поминавме, на луѓето од македонска страна им беше потполно јасно дека тоа е Ива Михаилова и никој ништо не ни кажа и тргнавме. Министерството за надворешни работи не е должно да знае, министерството си работи по дипломатски пат, нашиот пат не е многу дипломатски, но во случајот требаше да се дејствува по овој начин. Ќе има ли последици? Нема поголеми последици од тоа да биде без адекватно лечење,- Николај Димитров – Адвокат на Ива Михаилова. Како Михаилова влегла во Бугарија не знат ниту бугарскиот министер за внатрешни работи Демерџиев, но најави дека ќе и доделат и обезбедување на Михаилова.. -Ќе бидат преземени дејствија да биде извршен распит и да се види, кога, каде и како ја поминала границата и сите други околности, и дали има потреба од нејзино обезбедување, и ако има, ќе биде обезбедена,- Иван Демерџиев – Министер за внатрешни на Бугарија. Од македонското обвинителство соопштија дека Ива Михајлова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, пред една година ѝ биле одземени два пасоша, македонски и бугарски, и ѝ била изречена забрана да го напушта градот во кој живее со обврска да се јавува кај службено лице. За надзорот задолжено било ОВР Кочани, а како незабелажана од никого избегала, допрва ќе треба да се утврдува. -МВР изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова, за кое е во сила активна судска забрана, не е евидентиран излез од територијата на Македонија. Дополнително, преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полицијам од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Р. Бугарија,- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Затекнат од бегството на Михаилова е и нејзиниот адвокат од Македонија – Насер Рауфи, кој уверува дека немал сознанија за ваквата постапка. Следното рочиште е на 9ти ноември, кое вели ќе се одвива нормално. -Јас се затекнав со ова да ти кажам, баш ми е гром од ведро небо. Што се однесува за мои сознанија за ова нешто, ниту бев консултиран, ниту бев запознаен со такво нешто, тоа го дознав и јас дури преку медиуми. Јас не знам на кој начин заминала, навистина, меѓутоа судењето е закажано за деветти ноевмри, ќе се одвива нормално,- Рауфи – Адвокат на Ива Михаилова. Но, дали Михаилова некогаш воопшто ќе се врати во Македонија, останува непознато.. Ова не е прв пат член на семејството Михаилови избега од Македонија пред да се соочи со правдата. Во Бугарија избега и нејзиниот татко, Симеон Михаилов, кој е осуден на 12 и пол години затвор во случајот „Детонатор“ за обид за убиство, насилство и злосторничко здружување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
КошаркаПоранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!Естонскиот кошаркар Кер Криса призна вина за измама со која на жртвите им била нанесена штета во износ од 750 илјади до 2 милиони долари, за што може да добие затворска казна од две години.Со признавањето на вината, Кер Криса избегнува построга казна, но се соочува со затворска казна поради измама во вредност од 750.000 до 2 милиони долари. Поранешниот играч на Жалгирис и Бамберг беше уапсен од ФБИ во јули. Иако првично се изјасни како невин – што носеше ризик од драстична казна од неколку децении затвор – 25-годишниот кошаркар сепак денеска го промени своето изјаснување. Со признавањето на вината, тој успеал да избегне драстично построга казна, па според „Атлетика“, се очекува да добие затворска казна од околу две години. Конечната пресуда ќе му биде изречена на 22 декември. Тој настапуваше за естонската репрезентација на Евробаскет 2022, каде што на пет натпревари оствари просек од 10,8 поени, 5,8 асистенции и 1,8 скока. Потоа се пресели во НЦАА, каде што играше за Аризона, Западна Вирџинија, Кентаки и Синсинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter