ФудбалМеси се опорави , почна и со тренинзиНајдобриот фудбалер на Барселона , Лионел Меси почна да тренира , откако го повреди лактот на натпреварот со Севиља на 20 октомври.Барселона ја објави веста на својот официјален Твитер профил , а Аргентинецот тренира во центарот Доан Гампер. Се очекуваше дека Меси ќе направи уште подолга пауза , но на среќа на Барселона , екипата не го почуствува премногу неговото отсуство. Leo #Messi returns to training😍! pic.twitter.com/W2ziDusJKJ — FC Barcelona (@FCBarcelona) October 31, 2018 На двата претходни натпревари го победи Интер со 2: 0 во Лигата на шампионите и Реал во големото дерби на Премиер лигата со 5: 1.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаOJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрагаПри претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од члњн 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана. Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство. Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка. Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.Тагови: OJO Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп ја менува „играта“: „Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун“Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека се сложува „многу добро“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Трамп ја нагласи важноста на одржувањето добри односи со лидерите на земјите што поседуваат нуклеарно оружје. Трамп ги даде овие забелешки на предизборен митинг во Охајо пред изборите за Конгресот, зборувајќи за својот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг и бранејќи ги своите врски со лидерите на големите сили. „Не е ли одлично да се сложувам со лидерите на големите земји, големите нуклеарни сили? Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун од Северна Кореја“, рече Трамп. Тој додаде дека е добро да се има договор со некој што има „112 нуклеарни ракети“. Тој се сретнал со севернокорејскиот лидер три пати Трамп потврди во август дека се надева дека ќе се сретне со Ким подоцна оваа година, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека можеби ќе се обиде да ја обнови нивната лична дипломатија, што досега резултираше со три билатерални средби: првата во Сингапур во јуни 2018 година, втората во Ханој во февруари 2019 година и најновата во селото Панмунџом на меѓукорејската граница во јуни 2019 година. Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, во петокот изјави дека Трамп не ги смета разговорите со Северна Кореја за „отстапка“ и е подготвен да разговара со Пјонгјанг ако тоа е во интерес на САД. Најновите изјави на Трамп доаѓаат во време кога Северна Кореја продолжува да ги отфрла повиците за денуклеаризација и инсистира дека нејзиниот статус како нуклеарна држава е „неповратен“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДСНека ги достави доказите и нека ги објави останатите сомнежи за криминал во СДС.Венко Филипче конечно прозборе за сомнежи за сериозни злоупотреби во редовите на СДС. Филипче изнесе сомнежи поврзани со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана и дел од Платформата 12.05, околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според неговите јавни наводи, постоела разлика од дури 37 милиони евра. Ова се наводи за сериозни финансиски средства и затоа Филипче има обврска пред граѓаните да одговори: Од кога ги знае овие информации? Зошто молчел досега? Кои документи и докази ги поседува? Кој го потпишал договорот и врз основа на што? Ако Филипче навистина располага со информации за сомнежи за криминал, тогаш нема простор за селективност, калкулации или меѓупартиски пресметки. Нека ги достави информациите до надлежните институции и нека ги презентира пред обвинител. Јавното обвинителство, согласно своите надлежности, треба да ги провери наводите и да утврди дали постојат основи за постапување. Ако Филипче знае за овој случај и има информации за други вакви случаи да ги пријави. Затоа го повикуваме да не застанува на овој случај. Ако има информации или сомнежи за други незаконитости во СДС, нека ги објави и нека ги достави до надлежните институции. Граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и одговорност за секој сомнителен договор, секој потрошен денар и секоја одлука со која можеби е оштетен јавниот интерес. Јавноста има право да знае што се случувало. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05