ЗабаваМеси: Се чувствувам како жител на Барселона и сакам да се вратам тамуЛегендата на Барселона, Лионел Меси призна дека му недостасува градот и регионот Каталонија. Аргентинецот ги напушти во 2021 година за да се пресели во ПСЖ, а моментално е фудбалер на американскиот Интер Мајами. -Моите деца се Каталонци и речиси цел живот го поминав таму. Вистината е дека се чувствувам како жител на Барселона и би сакал некогаш да се вратам овде. Бидејќи на мене, на моите деца и на мојата сопруга ни недостасува Барселона. Направивме многу спомени таму, изјави Меси за каталонското радио „Кат3“. На 29 ноември, Барселона слави 125 години од создавањето на клубот и според шпанските медиуми, претседателот на Каталонците - Жоан Лапорта, го поканил Меси на прославата. Се вели дека 8-кратниот освојувач на „Златната топка“ се согласил да присуствува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнима Мунди бара да се затвори зоолошката градинаАктивистите бараат независна истрага за бегството на волците.Итно да се затвори скопската зоолошка градина и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, бараат од здружението за заштита на животните Анима Мунди, откако во јавноста излезе информацијата дека волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку птици. Активистите бараат независна истрага за бегството на волците, усмртувањето на животните и утврдување на одговорност за сите пропусти, како и мораториум на размножување и внесување нови животни додека не се обезбедат услови што ги исполнуваат стандардите. Тие го повторија и својата заложба да се затвори ЗОО Скопје и да се трансформира во спасувачки и рехабилитациски центар за животните. Од таму споделуваат снимка на која се гледа како волците пробуваат да излезат од живеалиштето на место кое е импровизирано со мрежа, каде што металната ограда е веројатно оштетена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусија собори 660 украински дроновиНоќеска руската воздушна одбрана собори 660 украински дронови, објави министерството за одбрана во Москва. Според градоначалникот на Москва ова се едни од најбројните напади од почетокот на конфиликот. Во последните месеци, Украина ја засили кампањата на напади со беспилотни летала на долг дострел против Русија, со посебен фокус на енергетската инфраструктура, во обид да го лиши Кремљ од важен извор на приходи за финансирање на воените напори. Минатата недела, украински напад предизвика голем пожар во рафинерија за нафта југоисточно од Москва.Тагови: дронови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Македонија„Вработените“ во пералната и без пари и без работаПред министерството за здравство денеска повторно протестираа вработените од пералната на Клиничкиот центар кој не ги добија 17 те плати, а сега останаа без работа. Тие бараат од министерот да не ги заборави и да им ги исполни основните права во правото на работни односи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter