Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо
1Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
2Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо
2Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
ФудбалМеси постигна гол и ја испиша историјата на фудбалот- само Роналдо успеал пред него (ВИДЕО)Фудбалскиот свет беше сведок на уште еден историски момент, бидејќи Лионел Меси го постигна својот 900-ти професионален гол вчера вечерта.Фудбалскиот свет беше сведок на уште еден историски момент, бидејќи Лионел Меси го постигна својот 900-ти професионален гол вчера вечерта, додека играше за Интер Мајами против Нешвил во КОНКАКАФ Лигата на шампионите. Голот дојде во 7-мата минута, кога Меси ја проби противничката одбрана со брилијантен поен и ја погоди мрежата со прецизен шут. Со овој гол, Меси му се придружи на Кристијано Роналдо како единствените фудбалери во историјата што ја достигнале оваа импресивна бројка во официјални натпревари за клуб и репрезентација. До моментот на неговиот 900-ти гол, Меси одигра 1.142 натпревари на највисоко ниво, што е 94 натпревари помалку отколку што му беа потребни на Роналдо за да постигне ист број голови. Неговиот вкупен учинок по клуб и репрезентација сега изгледа вака: 672 гола за Барселона, 32 за ПСЖ, 81 за Интер Мајами и 115 за репрезентацијата на Аргентина. Сепак, прославите беа краткотрајни. Интер Мајами беше елиминиран од натпреварувањето по нерешениот резултат 1-1 поради правилото за голови на гости. Тренерот на тимот, Хавиер Маскерано, го пофали Меси, нагласувајќи ја неговата уникатност и огромен придонес во фудбалот. - Ова е момент што ќе се памети засекогаш - рече Маскерано, додавајќи: - Не станува збор само за гол, туку за играч кој ја промени историјата на играта.Тагови: Кристијано Роналдо Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаНиколоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начиниСе размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски.Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски кој рече дека вчера се сретнал со новиот претседател на европската транспортна заедница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува РусоПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив. Навраќајќи се на креирањето на Уставот од 1991 година, во чие подготвување учествувала како надворешна членка на тогашната Комисија за уставни прашања, Сиљановска-Давкова ја нагласи огромната посветеност на членовите на Уставната комисија, но и на сиот прв пратенички состав, на најважната политичка задача пред нив, истакнувајќи ја толерантната дебата на неистомислениците, односно приврзаниците на националниот и граѓанскиот концепт. И покрај тензичната предвоена атмосфера на југословенските простори, присуството на Југословенската народна армија на македонска почва и кусите рокови за донесување на Уставот, таа ја оцени постапката за донесување на уставот како демократска, инклузивна и транспарентна, а најголемиот дел од решенијата како стандардни. За особено важни ги смета темелните вредности на уставниот поредок и слободите и правата на човекот и граѓанинот, што беше потрдено и од Бадинтеровата комисија во 1992 година, а има забелешки на начинот на којшто е поставена поделбата на власта, на положбата и надлежноста на Уставниот суд, на решението за воена и вонредна состојба и на локалната самоуправа. Што се однесува до уставноправниот развој, таа укажа дека дури 21 од 36 амандмани се иницирани однадвор, во духот на state building, а делот што му претходи на Уставот е менуван два пати, по што оперира со синтагмата „делови од народи“ што не соодветствува на категоријата заедници, воведена со амандманите од 2001 година во нормативниот текст. За неа, амандманите се напишани со невоедначена и лоша уставнопрвна техника, што ги прави нејасни и тешко неразбирливи, а преамбулата – целосно нечитлива. Честите промени, а особено октроираните, го проблематизираат уставот како највисок закон и како најширока и најважна општествена повелба на граѓаните во смисла на Русоовиот „Општествен договор“ и го релативизираат и маргинализираат уставниот патриотизам за којшто пишува Јирген Хабермас. Претседателката му предложи на претседателот на собранието да се инспирира од успешното искуство на Првата уставна комисија и да ја прошири постојната со надворешни членови – експерти кои заедно со членовите од актуелниот пратенички состав континуирано ќе работат на анализа на спроведувањето на уставот, детектирање на проблемите во уставниот поредок и предлагање излезни решенија, вклучувајќи ја и подготовката на делот од уставот за односот меѓу националното и европското право. На крајот, Гордна Сиљановска-Давкова укажа на уникатноста на европската идеја и на демократскиот европски политички систем, а особено на важноста на почитувањето на принципите и вредностите содржани во европските уставни документи, без коишто ЕУ не може да биде филозофија, туку само политичка и бирократска машинерија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаАндоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИУтринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter