Меси одлучи: Не потпишува за Барса, ниту за Ал-Хилал - Канал 5

Меси одлучи: Не потпишува за Барса, ниту за Ал-Хилал

Шпанскиот новинар Гилем Балагу тврди дека според многумина најдобриот играч на сите времиња Лео Меси (35) донел одлука за својата иднина.

Меси одлучи: Не потпишува за Барса, ниту за Ал-Хилал

Аргентинецот наводно би требало да потпише за Интер Мајами, клуб кој се натпреварува во американската МЛС, а е основан и во сопственост на легендарниот Дејвид Бекам.

Балагу е релевантен новинар во шпанските фудбалски кругови. Тој со години работеше како дописник на Sky Sports во Ла Лига и објави глобално популарна биографија за Меси. Доколку неговата информација се покаже како точна, тоа ќе значи дека Меси ја напушта Европа по 20 години, кога како дете пристигна во Барселона.

Во текот на две сезони се зборуваше за трансфер во Барселона или играње во Саудиска Арабија за повеќе од милијарда евра, но се чини дека Бекам победи во трката за потписот на Меси. Во штотуку завршената сезона, Аргентинецот продолжи да ги засилува аргументите во прилог на тезата дека е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Во последното коло од француското првенство стана најдобар стрелец во историјата на лигата на Петис, а го освои и својот 43. трофеј со кој се изедначи со поранешниот соиграч Дани Алвеш како најтрофеен фудбалер досега. Сезоната во која стана светски шампион и играч со најмногу трофеи досега заврши со свирежи на навивачите на ПСЖ, кои беа незадоволни што тој го напушта нивниот клуб по само две години.

Дури и да потпише за Интер Мајами, сепак можно е да го видиме Меси во Барселона. Деновиве низ светските медиуми кружеше информација дека Бекам би можел да ѝ помогне на Барселона да ги исполни финансиските прописи на Ла Лига. Бекам наводно е подготвен да го ангажира Меси и да го испрати на 18-месечна позајмица во Барселона.

На тој начин повеќе страни би го добиле она што го сакаат. Меси уште некое време би играл на највисоко ниво, Барселона би ја вратила легендата, а потоа би заминал да ја заврши кариерата во Бекамовиот Интер, без чија финансиска помош обидот на Барса да го ангажира Меси веројатно ќе беше залуден бидејќи клубот веќе беше на работ на правилата за финансиски фер-плеј.

Меси за Барселона играше 778 пати. Постигна 672 и постави 269 гола. Во кариерата постигна 806 гола и асистираше 357 пати. Со Светското првенство во Катар го заокружи освојувањето на сите можни трофеи на репрезентативен и клупски план.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

„Вориорс“ победија со 51 поен разлика!

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 .

Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава.

Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма.

Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата.

Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени.

Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции.

Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени.

Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“.

Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија отвора нова амбасада во Литванија

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во работна посета на Литванија, каде што свечено ќе ја отвори новата амбасада на Македонија во главниот град Вилнус.

Македонија отвора нова амбасада во Литванија

Отворањето на амбасадата е чекор кон зајакнување на дипломатското присуство на Македонија во Балтичкиот регион и продлабочување на билатералната соработка со Литванија.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средба со литванскиот министер за надворешни работи Кештудис Будрис.

На средбата ќе се разговара за политичките односи, економската соработка, евроинтеграциите и актуелните безбедносни предизвици.Посетата се реализира во пресрет на литванското преземање на претседавањето со Советот на Европската унија во првата половина на 2027 година, период кој се очекува да биде значаен и за политиката на проширување на унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството.

Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството и понатамошните приоритети во процесот на европската интеграција.

За време на средбата, амбасадорот Рокас му го презентираше на министерот Шасивари Извештајот на Европската комисија за 2026 година, со посебен акцент на оценките и препораките што се однесуваат на надлежностите на Министерството за правда.

На средбата беше поздравен досегашниот напредок во спроведувањето на реформите во правосудството, како и подобрувањето на оценките во актуелниот извештај во споредба со минатата година. Истовремено, беше нагласена важноста од одржување на реформската динамика и продолжување на институционалните заложби за исполнување на препораките на Европската комисија и обврските што произлегуваат од Реформската агенда.

Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија, истакнувајќи дека позитивните оценки претставуваат потврда за досегашната работа, но и дополнителна одговорност за продолжување на реформите насочени кон зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и ефикасноста на правосудните институции.

На крајот од средбата беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на тесната соработка меѓу Министерството за правда и Делегацијата на Европската Унија, со цел евидентираниот напредок да се преточи во конкретни и одржливи резултати за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер