Меси: Не сме затајувале данок

Најдобриот светски фудбалер Лиоен Меси ги демантираше информациите од шпанските медиуми дека тој и неговиот татко затајувале данок, и изјави дека тој и неговиот татко не затајувале данок и никогаш не направиле никаков прекршок.

Добитникот на четири Златмни топки на ФИФА , кој во моментов е во Бразил на подготовки пред стартот на Купот на Конфедерациите ,објави кратко соопштение на својот Фејсбук профил во кое ги негира обвиненијата од тужителот.

-Преку медиумите се информирав за обвинението од даночните власти на Шпанија. Јас и моето семејство сме изненадени поради овие вести , бидејќи никогаш не сме направиле прекршок. Секогаш ги исполнуваме своите даночни обврски, по советите од нашите даночни консултанти ,кои очекуваме да се погрижат за ново настанатата ситуација и да ја разјаснат оваа непријатна ситуација, наведе во соопштението Меси.

Инаку Меси и неговиот татко Хорасио се осомничени за затајување на данок од 2007 до 2009 во висина од околу 4 милиони евра .

Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со Макрон и со Фон дер Лајен

Претставник на дипломатскиот оддел рече дека Кина би сакала да ги искористи состаноците како можност за унапредување на стратешката, конструктивна и заемно корисна природа на односите меѓу Кина и Европската унија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со својот француски колега Емануел Макрон и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на неговата европска турнеја, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Претставник на дипломатскиот оддел рече дека Кина би сакала да ги искористи состаноците како можност за унапредување на стратешката, конструктивна и заемно корисна природа на односите меѓу Кина и Европската унија.

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа

На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа за да има повеќе средства за сите општините, вклучително и за Гази Габа

Денеска сме повторно во Гази Баба, како и секогаш во Гази Баба се работи. Нови позитивни работи каде и да одиме. Треба да се пофали градоначалникот Бобан Стефковски и неговиот тим бидејќи има многу проекти навистина.

Во последниве две години откако е тој градоначалник сведоци сме на преку триесеттина игралишта, спортски училишни сали што е навистина за пофалба, плус реконструкции на патишта, водоводи, канализации.

И вака, вака навистина се сака Гази Баба и се сака Македонија.

Јас секогаш сум горд бидејќи она што е ветуваме низ годините сега може да стане реалност.

Честитки до целиот тим, но исто така сакам да ги повикам сите граѓани за да вакви проекти се создаваат и во иднина да ни ја дадат поддршката на 8 мај.

На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа за да има повеќе средства за сите општини. 250 милиони евра да се даваат годишно на сите општини вклучително и на Гази Габа каде ќе можеме да видиме и плус многу проекти токму тука со помош од централната власт.

Сега шансата е на народот! Промените се во твои раце народе!

И Македонија останува твоја!

Затоа промените треба да ги започне секој еден од нас!

Се гледаме на терен и на 8 мај за голема историска победа!

Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2

Лукашенко ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека се уште ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во земјата, но засега властите ја разгледуваат оваа одлука.

„Засега размислуваме. Навистина сакам да изградам втора [нуклеарна] централа“, рече Лукашенко за време на работното патување во регионот Могилев, јавија белоруските медиуми.

Лукашенко истакна дека белоруското општество „очигледно веќе го надмина пост-чернобилскиот синдром“ и нагласи дека бил многу загрижен кога ја донел одлуката за изградба на БелАЕЦ.

Тој е сигурен дека постапил мудро со изградбата на БелАЕЦ и покрај сите критики и притисоци од Полска и Литванија.

притисни ентер