Меси: Не планирав да заминам од ПСЖ, но само јас не добив признание по Светското првенство - Канал 5

Меси: Не планирав да заминам од ПСЖ, но само јас не добив признание по Светското првенство

Кога Лионел Меси го потпиша договорот со ПСЖ во летото 2021 година, многу љубители на фудбалот го гледаа францускиот тим како нов освојувач на Лигата на шампионите.

Меси: Не планирав да заминам од ПСЖ, но само јас не добив признание по Светското првенство

Сепак, и покрај тоа што со клубот освојуваше трофеи во домашното првенство, ги тресеше мрежите и предизвикуваше внимание каде и да се појави во Париз, аргентинскиот ас изјави дека периодот во ПСЖ му бил најтежок во кариерата.

По пристигнувањето во Интер од Мајами, тој се отвори за времето поминато во француската престолнина.

Имено, Меси во разговор со аргентински комичар спомна еден детаљ од Париз кој силно го погодил.

- Не ми беше план да одам во Пари Сен Жермен, но се случи. Отсекогаш сум велел дека работите се случуваат со причина. И сега мислам, колку и да ми беше лошо таму, од тој клуб станав светски шампион. Па, да беше тоа цената... Ние станавме шампиони на светот, а тие, државата од која клубот во кој играше - не. И тоа беше наша „вина“. Затоа јас бев единствениот од сите аргентински фудбалери кој стана светски шампион, а кој не доби признание од својот клуб - изјави еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Во разговорот го спомна и Светското првенство во 2026 година и истакна дека се уште не одлучил дали ќе ги води „гаучосите“.

- Не знам дали ќе играм. Не ни размислувам за тоа, бидејќи е многу далеку. Мојот фокус во моментов е да играм во Купот на Америка. Што ќе се случи потоа ќе зависи од тоа како се чувствувам. Има уште три години до следното Светско првенство - јасен е Меси.

Аргентинскиот волшебник важи за фаворит за освојување на Златната топка, а во конкуренција се и Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Сепак, љубителите на фудбалот веруваат дека наградата ќе ја добие Меси.

- Тоа е прекрасно признание, но имав среќа што освоив сѐ: Лигата на шампионите, домашните титули, Купот на Америка, Светското првенство. Тоа се најважните награди – продолжи Аргентинецот.

Се уште не знае дали ќе остане во фудбалот по завршувањето на кариерата, но истакна дека му се допаѓа работата спортски директор.

- Навистина не знам. Сакам сѐ што е поврзано со фудбалот, сакам да бидам со деца, да ги учам за нешта. Ми се допаѓа работата како спортски директор. Но, не знам од каде да почнам – изјави играчот на Интер Мајами.

На крајот од интервјуто, тој раскажа како изгледа неговиот ден во Мајами.

- Сите стануваме во седум, појадуваме, па ги носиме децата на училиште. После тоа одам на тренинг, затоа што се рано поради жештините. Многу е важно да стигнам на време, бидејќи клубот има политика на казни за доцнење, но не само поради тоа, туку ако доцните, остава лош впечаток на тимот. Пристигнувам дома околу еден попладне, ручам со Антонела, дремнувам или гледам филм или серија. Околу три попладне ги земаме децата од училиште и ги носиме на нивните тренинзи – заврши Лео Меси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер