3Јапонките со остра реакција по снимките како нивните мажи ги чистат стадионите на СП: Зошто ова не го правите дома?(ВИДЕО)
ФудбалМеси го надмина Пеле по број на голови од слободни удариФудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси, се искачи на второто место по број на постигнати голови од слободни удари во кариерата.Триесет и осумгодишниот Аргентинец вчеравечер постигна гол од слободен удар во гостинскиот натпревар со Њујорк сити во регуларниот дел од МЛС-лигата. Меси сега има 71 гол од слободни удари во кариерата. Овој резултат го става пред легендарниот Бразилец Пеле (70 голови од слободни удари). Рекордер е поранешниот бразилски репрезентативец Жунињо Пернамбукано со 77 голови од слободни удари.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59ИЈЗ: Потврден прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите08:20
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48
БалканГолем пожар беснее на грчкиот остров Евија- наредена е евакуацијаГолем шумски пожар избувна на грчкиот остров Евија, прв во земјата оваа година, а властите наредија превентивна евакуација бидејќи силните ветрови ги туркаат пламените јазици кон станбените области, објави новинската агенција ДПА.Пожарот избувна во близина на селата Месохорија и Раптеи попладне, а противпожарната служба ги повика жителите да го напуштат подрачјето. Според медиумските извештаи, околу 120 пожарникари, 35 противпожарни возила, седум хеликоптери и осум авиони се испратени за да го локализираат пожарот. Локалниот медиум Евима објави дека пожарот се приближува кон домовите. Силните ветрови во регионот го поттикнаа ширењето на пожарот и се очекува да продолжат до недела, комплицирајќи ги напорите на пожарникарите да го изгаснат пожарот. Во 2021 година, илјадници хектари шума беа уништени во еден од најлошите пожари во историјата на земјата.Тагови: Евија пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59ИЈЗ: Потврден прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите08:20
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48
МакедонијаСДСМ: 2 години Влада на Мицкоски- неисполнети ветувања, намален стандард и тежок живот на граѓанитеДве години од владеењето на Христијан Мицкоски, наместо ветениот подобар живот, граѓаните добија економски неуспех, намален животен стандард и секојдневна борба за егзистенција.Мицкоски ветуваше повисоки плати, подобар животен стандард и повеќе пари кај граѓаните. Наместо тоа, граѓаните добија маратон во сиромаштија. Македонија се соочува со сериозни економски проблеми после 2 години. Платите на македонските работници се најниски во Европа и не го следат растот на цените, граѓаните имаат помалку пари. За едно четиричлено семејство се потребни речиси 70.000 денари, што значи дури 3 минимални плати се потребни само за основните трошоци. Буџетот е практично пред колапс, до јуни е потрошен речиси целиот планиран дефицит за целата 2026 година во износ од 670 милиони евра. Ребалансот на Буџетот е неизбежен и ќе биде тежок товар за граѓаните и стопанството. За само две години странските директни инвестиции се намалени за околу 60 проценти, а јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра. Државата се задолжува рекордно, а граѓаните живеат сè потешко. Нема пари за повисока минимална плата, нема пари за значително зголемување на платите, нема пари за пензионерите, за земјоделците и за младите. Но затоа има пари за луксуз, за партиски привилегии и за нови задолжувања. Две години Влада на Мицкоски се две години на неисполнети ветувања, економски неуспех и изолација. Сега на сите им е јасно дека граѓаните се излажани. Владата на Мицкоски не ги решава проблемите на граѓаните – таа ги создава и ги продлабочува. А цената за тие политики секојдневно ја плаќаат граѓаните, кои живеат сè потешко и се подалеку од ветениот подобар живот, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на КокиноУтринава, на денот на летната долгодневица, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцетоУтринава, на денот на летната долгодневица, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите. На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот во Куманово, Марија Живачки, градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Мирослав Славковски, археологот Дејан Георгиевски, пратеникот Бране Петрушевски, директорот на Национален конзерваторски центар, Александар Јорданоски, како и бројни гости и посетители. Локалитетот Кокино, стар околу четири милениуми, претставува едно од најзначајните археолошки и археоастрономски наоѓалишта во Република Северна Македонија. Токму овде древните жители внимателно ги следеле движењата на Сонцето и небесните тела, оставајќи сведоштва за нивното извонредно познавање на природните циклуси и нивната улога во секојдневниот живот и духовната култура. Особено впечатлив е феноменот на летната долгодневица, кога од точно определена точка на локалитетот изгрејсонцето може да се набљудува низ специфичен карпест процеп, што претставува една од најпрепознатливите особености на Кокино. Токму оваа уникатна поврзаност на природата, науката и културното наследство му дава исклучителна вредност на локалитетот. Посетата е дел од активностите на Министерството за култура и туризам насочени кон афирмација и промоција на културното наследство, како и кон подготовките за одбележување на значајниот јубилеј – 25 години од откривањето на Кокино, кој ќе биде одбележан во 2026 година со повеќе научни, културни и промотивни настани. Министерството за култура и туризам останува посветено на зачувувањето, валоризацијата и промоцијата на културното наследство како темелна вредност на националниот идентитет и значаен потенцијал за развој на културниот туризам, се навддува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook