3Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
КултураМешаниот барокен квартет „Teatro alla moda" од Холандија вечерва на „Охридско лето"Музичката програма на „Охридско лето" продолжува со вечерашниот концерт на барокниот оркестар „Teatro alla moda" од Холандија.Земајќи го името од дискурсот на Бенедето Марчело (напишан во 1720), „Teatro alla moda" е ансамбл што ја негува историски автентичната интерпретација на барокната музика. Членовите на ансамблот доаѓаат од различни културни средини, но заедничкиот јазик го наоѓаат во Холандија за време на нивните студии на Кралскиот конзерваториум во Хаг. Комбинирајќи виртуозност и темелно „читање" на делата од барокниот репертоар, овие музичари истражуваат материјали кои ги комбинираат различните барокни инструменти виолина, барокна флејта, обоа, виола да гамба и чембало и изведуваат дела од многу раниот барок па до раната класика. „Teatro alla moda", редовно настапува во Холандија, а на интернационалната сцена настапуваат на фестивали во Исланд, Франција, Португалија и Македонија. Лилија Славну, уметничката на барокна виолина, е родена во Москва. Започнува да учи виолина во нејзиниот роден град, а продолжува да се образува во Ерусалим и во Холандија каде студира со Елизабет Валфиш. Соработува со признати музичари како што се: Џејмс Боуман, Меги Кол, Антони Рули, Шалев Ад – Ел, Тон Купман, Алфредо Бернандини, Енрико Онофри, Филип Јаруски, Сандрин Пјау и др. Настапува на фестивалите за рана музика во Утрехт, Лајпциг, Брежице, Кремона, а соработува со познати барокни ансамбли како што се: Англиските барокни солисти, Хармони Универсел, Габриели Консорт, Дунедин Консорт и Холандскиот Бахов ансамбл. Свири во Амстердамскиот барокен оркестар на Тон Купман и е постојан член на Парискиот оркестар Le Cercle de l'Harmonie. Аргентинецот Диего Надра, маестро на барокна обоа, своето музичко образование со започнува на флејта и обоа, а од 1995 специјализира барокна обоа. Во 1997 година ги започнува студиите на Кралскиот конзерваториум во Хаг и на Конзерваториумот во Амстердам. Соработува со некои од најзначајните барокни ансамбли во Европа како што се: Музика антика – Келн, Кончерто Келн, Швајцарски барокни солисти, Ирски барокен оркестар, Музичари на Лувр, Академија за стара музика Берлин, Кончерто Копенхаген и многу други. Настапува низ цела Европа, но и во Сирија,Русија, Израел, САД, Јапонија, Турција, Исланд, Бразил, Јужна Кореа и Аргентина. Џошуа Четам студиите на виола да гамба ги завршува во Холандија откако претходно ги завршува студиите за контрабас на Универзитетот „Вандербилт". Дипломира на Кралскиот конзерваториум во Хаг во 2003 година, а сега предава виола да гамба на Универзитетот во Утрехт. Во 2006 година му е доделена специјалната награда за особени достигнувања, индивидуалност и талент од областа на ренесансната и барокната музика. Настапува со различни ансамбли како Ансамбл „Пигмалион", Хатор Консорт, „Вокс луминис" и др. Нашата уметничка Цветанка Созовска дипломира чембало во класата на проф. Борис Романов во родното Скопје по што специјализира чембало во Холандија, дипломира и магистрира на Кралскиот конзерваториум во Хаг. Како солист и камерен музичар на пијано и чембало, Созовска настапува низ цела Европа и во Јужна Кореја. Настапува на Фестивалот „Каза де Матеуш" во Португалија, и настапува на турнеја во Франција со Барок Опера Амстердам. Во 2009 година предава чембало и басо континуо на курсот во Бургос, Шпанија каде настапува со Оркестарот „Кадакес" под диригентската палка на Сер Невил Маринер. Со Оркестарот на 18 век под водство на Франс Бруген и со балетската компанија „Леине и Роебана" свири на повеќе проекти и остварува турнеи во Холандија, Полска и Франција. Цветанка Созовска живее и работи во Холандија, каде во периодот од 2006-2016 година беше корепетитор на одделот за рана музика на Конзерваториумот во Утрехт. Предава чембало во музичкото училиште во Утрехт. Концертот на барокниот квартет е од 21 часот во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија". Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
ЕвропаСилно невреме се очекува во Италија- во Џенова се затворени сите училишта (ВИДЕО)Силно невреме пристигнува во Италија, а обилни врнежи, интензивни врнежи, грмежи и силен јужен ветер најпрво ќе го зафатат северот на земјата, особено Лигурија.Силно невреме пристигнува во Италија, а обилни врнежи, интензивни врнежи, грмежи и силен јужен ветер најпрво ќе го зафатат северот на земјата, особено Лигурија, каде во некои области се очекуваат и до 200 милиметри дожд за неколку часа, соопштија метеоролозите. Поради портокаловото временско предупредување, денеска во Џенова беа затворени сите образовни институции, додека во централна и западна Тоскана е издадено жолто предупредување поради можни силни грмотевици, пренесува Аднкронос. Метеорологот на италијанскиот портал iLMeteo, Матеја Гусони изјави дека силно атмосферско нарушување од Атлантикот носи значително влошување на времето, кое прво ќе ги зафати северните, а потоа централните и јужните делови на Италија. Според него, областа со низок притисок што ќе се продлабочи над италијанските мориња ќе извлече влажен воздух од Медитеранот и силни јужни ветрови, што може да доведе до развој на многу силни и долготрајни бури, особено пред брегот на Лигурија. „Регенерирачките“ бури, односно системи со грмотевици кои речиси не се движат и носат обилни врнежи во истата област со часови, може да предизвикаат екстремни количини на дожд, до 200 милиметри за само неколку часа, во централните и западните делови на Лигурија. Ова, како што изјави Гусони, е количината на врнежи што обично паѓа во текот на приближно два месеци. Обилни и долготрајни врнежи денеска се очекуваат и на Алпите, предалпските области и рамнините на северна Италија, особено во Пиемонт, Ломбардија, Венето, Фриули-Венеција Џулија и Тоскана. Very heavy precipitation is occurring over the open sea between the Gulf of Lions and the Ligurian Sea (Mediterranean). This precipitation poses a danger, particularly in the inland areas of #France and #Italy. #weather https://t.co/vSani3qnB6 — NewsFromSea (@riskiomap) October 20, 2026 Во среда невремето треба да се придвижи кон централните и јужните делови од земјава, особено долж Тиренското Море, каде се можни пороен дожд и грмежи. Метеоролозите предупредуваат и на силен јужен ветер, особено долж брегот, кој би можел да надмине 50 до 60 километри на час, поради што на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни при патувањето и да ги следат предупредувањата од цивилната заштита. Првото подобрување на времето се очекува во четврток на 22 октомври, кога во поголем дел од земјата ќе има повеќе сончеви периоди, но веќе во петок ново атмосферско нарушување може да зафати одредени делови од централна и северна Италија. Во Џенова сите училишта се затворени поради портокаловото предупредување кое важи од 07:00 часот утринава до полноќ. Градските власти ваквата одлука ја оправдаа со прогнозите на метеоролошката служба Арпал и фактот дека земјиштето е веќе заситено со вода по обилните врнежи во неделата, особено во источниот дел на градот. „Центарот за оперативно управување одлучи за утре да ги затвори училиштата од сите нивоа, имајќи ја предвид прогнозираната состојба и големото оптоварување на теренот по интензивните врнежи“, се вели во соопштението на градската управа. Градскиот советник за образование Рита Бруконе потврди дека сите училишта во Џенова ќе бидат затворени. Во Тоскана е издадено жолто предупредување за силни грмотевици, кое ќе важи од 15 часот. до полноќ. Претседателот на Тоскана, Еугенио Џиани предупреди дека од попладневните часови, а особено во вечерните часови локално се очекуваат многу обилни врнежи, придружени со поројни поплави и силни налети на ветер, особено на островите, долж брегот и во западните делови од регионот.Тагови: италија невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе запали патнички авион во Перу непосредно пред полетувањето (ВИДЕО)Моторот на патнички авион Ербас А320 се запали кратко пред полетувањето на Меѓународниот аеродром Хорхе Чавез во Лима, главниот град на Перу.Снимките покажуваат густ црн чад како се издига од левиот мотор. Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот. Патниците беа евакуирани, а според потврдата од LATAM Airlines, никој не е повреден. #Último Ala de un avión de LATAM que iba a Piura se incendió está mañana antes de despegar en el Jorge Chávez. Segundo incidente seguido de la aerolínea (luego de la despresurización del avión que iba a Sao Paulo el viernes). Empresa indica que origen del incidente será evaluado. https://t.co/vIdcnZOOFg — Paolo Benza (@paolobenza) October 19, 2026 Покрената е истрага Компанијата LATAM Airlines го опиша инцидентот како „непредвиден технички настан“. Околностите на инцидентот и неговата причина сè уште се утврдуваат, а истрагата е во тек.Тагови: авион Перу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре претпладне сончево и облачно, попладне дожд Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 12 Попова Шапка, 15 Крушево, 20 Берово, Претор, 21 Охрид, Маврови Анови, Крива Паланка, 22 Прилеп, Тетово, 23 Виница, Скопје – Зајчев Рид, Битола, Велес, 24 Кавадарци, Штип, Скопје – Петровец, Струмица, 25 Гевгелија, 26 Демир Капија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес сончево со мала локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро, наместа со мала облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, најпрво во крајните западни делови, а потоа на повеќе места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во четврток ќе бидат проследени и со појава на ретки грмежи. Утре и во четврток наместа ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, освен во петок кога ќе биде засилен и од северозападен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook