Месечината на Јупитер би можела чудно да свети, откриле научниците - Канал 5

Месечината на Јупитер би можела чудно да свети, откриле научниците

Научниците неодамна утврдиле дека Месечината на Јупитер, Европа, веројатно дури и свети во мрак.

Месечината на Јупитер би можела чудно да свети, откриле научниците

Имено, лабораториските експерименти покажале дека типот на мраз што ја покрива површината на таа далечна Месечина свети кога е озрачен, што може да помогне во откривањето точно кој е составот на неговите замрзнати рамнини и подземни океани.

Месечината Европа е постојано бомбардирана од електрони со голема енергија, бидејќи силното магнетно поле на Јупитер постојано ги забрзува наелектризираните честички. Планетарниот научник Мурти Гудипати и неговите колеги од лабораторијата за реактивен погон на НАСА сакале да истражат што се случува кога електрони со висока енергија ќе ја погодат површината на Европа, па тие бомбардирале со електрони примероци на мраз богати со молекули што може да се најдат на таа месечина, пишува New Scientist.

Можеби ќе се запрашаме - па што е чудно кога Месечината сјае? Овде на Земјата, постојано сме сведоци на овој феномен. Но, нашата Месечина сјае затоа што ја рефлектира сончевата светлина ,а сјајот на Европа е предизвикан од сосема различни механизми. Замислете дека имаме Месечина која постојано е осветлена, дури и на страната што не е свртена кон Сонцето.

"Ако Европа не беше бомбардирана од високо-енергетско електронско зрачење, ќе изгледаше како нашата Месечина, односно ќе беше темна од едната страна. Но, бидејќи е изложена на радијација, Европа сјае дури и во мрак", рече Гудипати.

Кога електроните ги погодиле молекулите на мраз за време на експериментот, тие се распаднале и нивните атоми апсорбирале одредена енергија. Тогаш атомите повторно ја емитувале таа енергија во форма на светлина; создавајќи сјај со зелена боја. Светлината била посилна или послаба и ја менувала бојата во зависност од видовите молекули. На пример, ако научниците додале натриум хлорид на примерокот од мраз, сјајот би бил послаб.

"Мразот сличен на оној на Месечината во Европа испушта карактеристични спектрални потписи во видливиот регион на светлина кога се изложени на високо-енергетско електронско зрачење. Откривме дека натриум хлорид и карбонат ја намалуваат осветленоста додека епсомитот, на пример, го засилува", се вели во студијата.

Различни солени соединенија во мразот создаваат и друга боја на сјајот. Во зависност од материјалот во примерокот, тој некогаш светел зелено, а понекогаш синкаво.

„Да застаневме на површината на Европа и да погледнеме надолу, земјата ќе изгледа да свети како површината на Земјата за време на полна месечина“, рече Гудипати.

Во 2024 година, НАСА планира вселенското летало Европа Клипер,да стигне до орбитата на Јупитер и да ја проучува Европа.

"Вселенското летало Европа Клипер ќе спроведе детална студија за месечината на Јупитер ,Европа, за да утврди дали на ледената месечина може да има услови погодни за развој на живот. Леталото ќе направи 45 блиски премини над Европа за време на својата орбита околу Јупитер, пренасочувајќи ја својата орбита за да анализира друга област и конечно да ја скенира скоро целата површина на Европа“, пишува НАСА.

Гудипати рече дека постојат докази дека под замрзнатата површина на Европа се наоѓаат океани што можат да бидат погодни за развој на живот.

"Во тој случај, минералите и солите што се наоѓаат во океаните треба да достигнат до површината. Анализирајќи го составот на површината на Европа, би можеле да откриеме дали скриените океани на таа месечина на Јупитер ги имаат потребните состојки за да создадат живот".

Истражувањето наречено Laboratory predictions for the night-side surface ice glow of Europa е објавено во списанието „ Nature Astronomy“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче ништо не му чини оти му се распаѓа партијата, се креираат опозициски фронтови за да си оди од СДС

Венко не може да ги обвинува сите за состојбата во која што се наоѓа СДС. 

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче ништо не му чини оти му се распаѓа партијата, се креираат опозициски фронтови за да си оди од СДС

Партијата е во таа состојба заради тоа што конкретно Венко Филипче е на чело, а очигледно дека никој не се согласува со тоа, па дури се креираат цели опозициски фронтови за Венко да се тргне од чело на СДС.

Не може Венко Филипче да обвинува други политички партии за состојбата во којашто се наоѓа СДС. СДС по последните изборни резултати беше на дното оти толку поддршка им е останата од оние коишто веруваат во Филипче, како чувар на фотелјата на Заев.

Поранешни функционери на СДС одамна јавно апелираат дека Венко треба да се повлече од тронот во СДС, но очигледно тој во неверување дека некогашната голема СДС е спадната на ова ниво, и од толкава жед за власт се уште верува дека има некаков легитимитет да биде дел од политичката сцена.

ВМРО-ДПМНЕ две години неуморно работи да ја подобри состојбата во државата со економски политики за кои има конкретни бројки што велат дека земјата се движи во правилна насока, проекти кои реално ќе им помогнат на граѓаните да имаат бенефит.

Тоа што СДС немаше и нема никаков капацитет да направи нешто добро за државата никако да му влезе во глава на Венко.

Две години како претседател на СДС само шири дезинформации и глупости во јавноста кои немаат никаква врска, кои постојано се демантирани дали од домашни дали од европски институции, две години лута и не може да се помири дека е опозиција и не може ни да ја консолидира партијата за да почнат да се однесуваат како опозиција.

Бегаат од работни групи, како таа за Изборниот законик, иако е дел од реформската агенда, бегаат од пратенички прашања или се демантираат самите едни со други во Собрание, и тотално не можат да се помират дека се опозиција и уште живеат во златната ера што за нив беше кога крадеа се и сешто.

А вчера на една национална телевизија повторно нивен член посочи дека Венко ја држи партијата окупирана и узурпирана, но и дека не може да се однесува во јавноста неодговорно и да се појавува кога ќе му текне за одредени теми да биде гласен, а за одредени теми да го нема на мапа и да нема став.

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Венко Филипче да е претседател на СДС. Не им одговара на граѓаните и на државата. Но ако продолжи вака, на добар пат се да се уништат меѓусебно, Венко и остатокот од талогот на СДС, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)

Јужноафриканската полиција денеска соопшти дека започнала потера откако 17 лица беа убиени, а 15 ранети во пукање во населба во близина на Јоханесбург.

Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)

Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба објавено на мрежата Х, објави CNN.

Полицијата соопшти дека осум неидентификувани мажи отвориле оган врз гостите кои пиеле пред паб во Ведела, округот Вест Ранд, во саботата навечер по локално време, пред да влезат во барот и „да продолжат да пукаат во гостите внатре“.

Според полициските службеници, наводните напаѓачи биле вооружени со пиштоли и пушки АК-47.

Петнаесет лица со прострелни рани се пренесени на лекување во медицински установи.

– Пријавено е дека гостите пиеле внатре и надвор од локалот кога пристигнале осомничените и отвориле оган кон оние надвор. Осомничените потоа влегле во барот и продолжиле да пукаат во гостите внатре, напишала јужноафриканската полиција на мрежата Х.

Во оваа фаза се уште никој не е уапсен, соопшти полицијата, објави Интернационале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Добивме опомена за тужба, бараат извинување за американски регистар и за БИРН - nема да се извиниме!

Адвокатот Божидар Милошевиќ, во име на Шефшет Демировски и АТС Груп ДООЕЛ Скопје, ни достави барање за јавно извинување и повлекување на изјави, со рок и со закана за тужба. Целиот документ го објавуваме. Граѓаните нека го прочитаат.

СДСМ: Добивме опомена за тужба, бараат извинување за американски регистар и за БИРН - nема да се извиниме!

Писмото не ги негира фактите што ги рековме. Гo менува контекстот.

Ние не рековме дека АТС Груп се занимава со трговија со кокаин, се занимава со оружје. Рековме што стои во американскиот регистар и што објави БИРН.

FARA 6170: Mercury ја плаќа АТС. 130.000 долари месечно. Околу 1,56 милиони годишно.

На 2 април 2026 истата куќа предава материјал „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“.

Во текстот стои пакет влада со влада. Име на премиерот Христијан Мицкоски.

БИРН objavi: Демировски е уапсен во Белград во 2019 под сомнение за поткуп околу податоци за муниција од „Први партизан“.

Во 2022 предметот завршил со опортунитет. Уплата од 250.000 евра. Уплатувач: Александар Милојевиќ - Аца Цвеќар (стои во БИРН). Подоцна е обвинет во група за шверц на кокаин од Јужна Америка. Во предметот има српски и црногорски полицајци и припадник на БИА.

Демировски во тој предмет за кокаин не е осуден. Тоа го рековме. Тоа го повторуваме.

Што писмото не кажува: дека луѓето што ја платиле неговата слобода не се во тоа. Тие се уапсени. Со имиња. Со канал.

Плаќањето на опортунитетот е доказ дека предметот за мито и корупција завршил со пари, не со јавна пресуда за невиност.

На 27 март 2025 Муцунски и Мисајловски стојат кај потписот АТС–МКЕ. Тоа е јавен запис.

Затоа бараат извинување. Не затоа што регистарот лаже. Затоа што хартијата боли.

СДСМ нема да го потпише нивниот текст и нема да се извинува. Нема да го тргне текстот реномираниот БИРН. Нема да го тргне ниту FARA.

Ги известуваме граѓаните на Македонија, адвокатот на АТС и сопственикот Демировски и арамијата Мицкоски за нашите следни чекори.

Наместо извинување, ќе се обратиме до FARA и членови на Конгресот на САД што вршат надзор.

Прашањата се прости. Дали лобирањето е правилно пријавено кога текстот е агенда на влада? Дали регистрантот проверил кој му е клиент? Кои контакти се воделе околу посетата во септември?

Нема да нè замолчат со опомена. Хартијата е јавна. БИРН е јавен.

Бандата сака тишина. СДСМ сака ВИСТИНА И ПРАВДА!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер