Месаровиќ: Македонско - српскиот бизнис форум круна на интензивната соработка меѓу двете држави - Канал 5

Месаровиќ: Македонско - српскиот бизнис форум круна на интензивната соработка меѓу двете држави

Македонската и српската економија се компатибилни, меѓусебно се надополнуваат и постои простор за уште посилна соработка, како во традиционалните сектори, така и во новите економски области. 

Месаровиќ: Македонско - српскиот бизнис форум круна на интензивната соработка меѓу двете држави

Тоа го покажува растот од скоро 16 отсто извоз на Србија во Македонија во првите девет месеци споредбено со истиот период лани, истакна потпретседателката на српската Влада и министерка за економија Андријана Месаровиќ на отворањето на македонско - српскиот бизнис форум што денеска се одржува во Скопје.

Појасни дека во првите девет месеци од оваа година Србија во земјава извезла стоки во вредност поголема од 804 милиони евра, но и оти повеќе од 953 компании со мнозински македонски капитал успешно работат во Србија, пред сè, во трговијата, градежништвото, преработувачката индустрија и ИКТ-секторот.

- Од 2012 година до денес, инвестициите од Македонија во Србија достигнаа повеќе од 115 милиони евра. Тоа потврдува дека инвеститорите од регионот ја препознаваат стабилноста, предвидливоста и одличната деловна клима во нашата земја. Важно е да се нагласи дека Србија денес е земја со инвестициски кредитен рејтинг, еден од најзначајните меѓународни показатели за макроекономска стабилност и доверливост на стопанската средина. Тоа е порака до инвеститорите дека Србија е сигурно место за вложување, со јасни правила, стабилни финансии и одговорна економска политика, рече Месаровиќ.

Двете земји, нагласи, негуваат активен политички дијалог и практична соработка, забележувајќи дека иницијативата Отворен Балкан дала конкретни резултати и за граѓаните и за стопанството.

Повикувајќи ги македонските инвеститори да вложуваат во Србија ги посочи предностите кои државата ги нуди, како што се договорите за слободна трговија со Народна Република Кина, Евроазиската унија, Република Турција, Египет, Обединетите Арапски Емирати...

- Овие договори отвораат врата кон огромен број пазари под преференцијални услови, што на вашите производи им дава силна конкурентска предност. Затоа ве повикувам да инвестирате во Србија и да ги зголемите вашите извозни потенцијали користејќи ги уникатните предности што Србија ги нуди денес, рече Месаровиќ во обраќањето пред бизнисмените.

Според неа, Србија на своите соседи не гледа како на конкуренција, туку како на сојузници во процесот на модернизација и економска трансформација посочувајќи ја имплементацијата на договорите во рамките на иницијативата Отворен Балкан, со кои на граѓаните на трите држави им се овозможува слободен пристап до пазарот на труд и меѓусебно признавање на електронските идентификациски шеми.

- Денешниот форум претставува круна на интензивната и содржајна соработка меѓу нашите две држави. Овој деловен собир е замислен како оперативна платформа, место за конкретни договори, отворање нови канали на комуникација и нови заеднички проекти. Денес го потпишавме Меморандумот за разбирање меѓу нашите две влади, со приоритети поврзани со натамошно унапредување на економската соработка, инвестициите, заеднички настап на трети пазари и унапредување на инфраструктурните и стопанските проекти од заеднички интерес. Тоа се темите што ја одредуваат иднината на регионот и на кои заедно можеме да дадеме одговор, додаде српската вицепремиерка и министерка за економија.

Изрази надеш дека денешниот форум ќе донесе нови можности, посилни партнерства и ќе го отвори патот кон уште поблиска соработка меѓу бизнис секторот од двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Денеска (04.08.2026) полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, на подрачје на Кавадарци, реализираа превентивна активности под мотото „Возете безбедно со технички исправно возило“. 

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Целта на активноста беше да се подигне степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите за обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Одделението за превенција при СВР Скопје, ОВР Берово и ПС БПС Штип пак, во Скопје, Берово и Штип реализираа превентивни активности, при што на возачите им беше укажано за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Акцент беше ставен на возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем. Во рамки на сообраќајните активности беше поделен печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола во с.Пласница и Македонски Брод реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Очекувам во дадениот рок да бидат завршени работите на автопатот Охрид-Кичево

Очекувам во наредните неколку месеци да се завршат најголемиот дел од работите и автопатот Охрид-Кичево да биде пуштен во употреба согласно воспоставениот рок идната година 

Николоски: Очекувам во дадениот рок да бидат завршени работите на автопатот Охрид-Кичево

Ова во „Вести Плус“ го порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Пожарот во село Раец е целосно изгаснат

По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат, соопшти првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Јанчев: Пожарот во село Раец е целосно изгаснат

Во овие исклучително тешки моменти уште еднаш се потврди силата на солидарноста и несебичната посветеност на сите служби и поединци кои деноноќно беа на терен во борбата со огнената стихија.

Упатуваме искрена и огромна благодарност до ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК), Општата болница Кавадарци, Шумско стопанство „Бор“, Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Македонија, ОВР Кавадарци, Гранична полиција – Југ, доброволните противпожарни друштва, како и на сите доброволци и жители од с.Раец и с.Дреново, кои на различни начини помогнаа во справувањето со пожарот.

Вашата храброст, пожртвуваност и несебична поддршка беа од непроценливо значење за успешно надминување на оваа сериозна состојба.

Благодарност до сите што дадоа свој придонес. Заедно покажавме дека кога сме обединети можеме да се справиме и со најголемите предизвици, додаде Јанчев во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер