3Нова рунда мировни преговори: Витокоф се сретна со Путин, но без јасен договор за крај на војната во Украина
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
ЖивотМесари откриваат кои пет вида на месо никогаш не би ги купиле од продавницаПодобро да ги избегнувате, еве како нè лажат!Oва е неопходно да се знае кога станува збор за здравјето. Ако сакате месо и сакате да купите состојки за некој оброк, одењето во месарница или до замрзнувачот на некој маркет честопати е најпогоден начин за набавка на оваа храна богата со протеини. Сепак, многу професионални месари предупредуваат дека месото од супермаркетите честопати не е со истиот квалитет како она што можете да го најдете во месарниците специјализирани за производи од добро потекло. Подолу издвојуваме пет месни производи кои стручните лица препорачуваат да ги купувате исклучиво од месарници. Мелено месо Меленото говедско месо честопати е поевтино и се користи за хамбургери, ќофтиња и ќебапи. Овие производи вклучуваат и други состојки кои го маскираат вкусот на месото. Иако е добро повремено да купите мелено месо од супермаркет, месарот Луис Мата препорачува да ги избегнувате производите од мелено месо во супермаркетите. - Овие производи доаѓаат од големи фабрики, каде што ризикот од контаминација е многу поголем. Квалитетните месарници обично сами го мелат месото користејќи врвни парчиња месо - вели Мата. „Свежа“ риба и морски плодови Рибните производи, освен ако не ги купувате од продавница блиску до брегот на морето, може да бидат помалку свежи отколку што се тврди. Расти Бауерс, сопственик на синџирот маркети „Pine Street Market“ од Џорџија, советува: - Ако не можете да дојдете до продавница која е на 20 минути возење од морето, подобро да купите замрзната риба. Морските плодови честопати се замрзнуваат на бродот за да се зачувува нивната свежина. Во супермаркетите, рибата што се продава како „свежа“ може да биде постара отколку што изгледа. Старо говедско месо - техниката одлежување прави разлика Старото говедско месо е познато по својата нежна текстура и јакиот вкус, но продавниците за прехранбени производи обично немаат соодветни услови за правилно одлежување. Рич Силверман, месар од Англија, истакнува дека локалните месари ја користат традиционалната техника на сушење на месото, што придонесува за подобар вкус и текстура. Во супермаркетите, говедското месо обично се одлежува со помош на мокро стареење, процес кој не го дава истиот квалитет. Парчиња месо со коски Парчињата месо со коски се одлични за приготвување богати јадења, но имаат своја специфичност. Џери Ремпе од Омаха Стејкс предупредува дека месото со коски честопати побрзо „скиснува“ отколку парчињата без коски. - Киселиот мирис и лигавата текстура можат да бидат предизвикани од бактерии кои ги разградуваат протеините и мастите, што е особено проблематично доколку месото не се лади брзо и ефикасно - вели Ремпе и предупредува дека во продавниците често прибегнуваат кон „миење“ на месото за да ги отстранат лошите наслаги. Во месарница со добри услови за складирање, ова може да се избегне. Паштети и органско месо Производите како што се паштетите, месните преработки и органското месо бараат специјализирана опрема и стручност, што повеќето супермаркети не ги нудат. Росангела Теодоро, месар од Кохасет, објаснува: - Во месарница специјализирана за овие производи месото се подготвува во оптимални услови и на соодветен начин, што е клучно за зачувување на квалитетот. Исто така, органското месо во супермаркетите често се чува долго во замрзнувач, што може да влијае на неговиот квалитет. Затоа се препорачува да го набавите од месарница или од домашна фарма. Иако супермаркетот може да биде погоден за секојдневно купување, кога станува збор за месните производи за кои е потребна повнимателна обработка, месарницата апсолутно е подобра опција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРеформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓанитеЗавршува времето на институционално самоволие и неконтролирано буџетско трошење, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, на јавната дискусија за нацрт законот за организација и работа на органите на државната управа. Тврди дека во иднина ќе се воспостави ред со предвидената рационализација и ќе се стави крај на формирање на непотребни паралелни агенции, дирекции и комисии кои не одговараат пред никого, а се производ на партиски договори по политичките кризи од минатото. -Суштината на оваа реформа не е во тоа колку органи ќе има државата, туку дали секој од нив има оправдана причина да постои, јасно утврдена надлежност и капацитет да ја извршува. Не станува збор за реорганизација на сите институции во јавниот сектор, туку за воспоставување јасни правила за органите на државната управа - правила кои пред се ќе ја поврзат функцијата со одговорноста и овластувањето со законската граница,- Горан Минчев – министер за јавна администрација. Нацрт законот е ставен на ЕНЕР и е испратен до координаторите на пратеничките групи во Собранието, а пред да биде испратена финалната верзија ќе има и јавна расправа во Комисијата за политички систем. Овој закон е дел од реформската агенда и за негово усвојување е потребно двотретинско мнозинство. Инаку пред неколку дена беа изгласани законите за административни службеници, а во процедура се уште неколку други кои треба да донесат помала, попрофесионална и дигитализирана администрација. Од 1 октомври стапи на сила и законот за висока раководна служба, со кој позицијата В.Д. директор се ограничи на шест месеци, а управните одбори се намалени на три члена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа 25 октомври 2026 започнува зимското сметање на времетоЛетното сметање на времето започна на 29 март 2026 година, а зимското сметање на времето започнува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета какоМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година. Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започна на 29 март 2026 година, а зимското сметање на времето започнува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот. Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: зимско сметање на времето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНова рунда мировни преговори: Витокоф се сретна со Путин, но без јасен договор за крај на војната во Украина По средбата со Зеленски во Осло, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф со сет идеи замина кај Путин во Санкт Петербург, во деветти во низа обид да издејствува мир во Украина. Нема детали дали и колкав напредок е направен за ставање крај на петгодишната војна. -Секако, би сакал да ги знам резултатите од состанокот (во Осло). Сакам да ви се заблагодарам вам и на претседателот Трамп за вашето внимание кон прашањата за решавање на кризата во Украина, вклучително и за можната средба во Кина. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија. -Преговорите (во Осло) беа продуктивни и би можел да кажам дека има напредок. Се надевам дека денеска може да биде исчекор кон мировнмиот процес во дискусијата за решение на украинско-рускиот конфликт. , изјави Стив Виткоф, специјален пратеник на Трамп. Но, Виткоф не си заминува од Русија со празни раце, откако договорот за дизелот го доби првиот конкретен епилог. Путин му вети дека првиот танкер гориво со 40 илјади тони ќе тргне кон САД за два дена. Втората придобивка е ослободување на 74-годишниот Американаец Стивен Хабард, кој четири години помина во притвор во Русија, откако бил уапсен во Украина дека наводно се борел на страната на Киев. И двете страни, како што пренесоа руските медиуми, се многу блиску до организирање средба Трамп, Путин, Си Џинпинг за Украина, а на која според најавите, нема да има место за Зеленски, особено откако Трамп му порача дека можеби е време друг да преговара во име на Киев. -Не знам што ќе биде со трилатералниот состанок меѓу САД, Кина и Русија. Од нив зависи. Но секако, ако прашањето е Украина, нашата иднина, тоа може да биде прифатливо, само кога ние сме на преговарачка маса. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. -Зеленски треба да сака да ја заврши оваа војна. Ако не го стори тоа, ќе виде многу лошо. Сакаме Зеленски да склучи договор, тој може да склучи договор. Можеше да склучи договор пред две години кога го имавме нашиот мал разговор во Овалната соба. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Зеленски денеска соопшти дека САД потворно почначе да споделуваат разузнавачки со Киев, откако минатата недела предупреди дека дел од информациите за руските ракетни напади биле прекинати или недостапни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter