3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ЖивотМЕРС: Нов вирус, стари стравовиБројот на лица заразени од МЕРС вирусот веќе неколку недели расте, но речиси исклучиво на Арапскиот полуостров. Постои ли опасност вирусот да се прошири и на други места?Првите симптоми на болеста наликуваат на грип, но инфекцијата со МЕРС во напреден стадиум може да доведе до запаление на белите дробови, дури и до откажување на бубрезите. „Стапката на смртност е меѓу 30 и 40 проценти“, објаснува Грегори Хертл, портпарол на Светката здравствена организација (СЗО). „Сѐ додека не дознаеме како се однесува вирусот и како можеме да го контролираме, тој претставува опасност“. Зборот МЕРС потекнува од „Middle East Respiratory Syndrom Coronavirus“ и овој вирус припаѓа во иста група со САРС, кој се појави пред десетина години, а потоа се изгуби. Другите вируси од оваа група главно предизвикуваат само лесни заболувања на дишните патишта кај луѓето. Во случајот на МЕРС, работите се поинакви. За овој вирус се знае веќе 2 години, објаснува Удо Бухолц од институтот „Роберт Кох“. „Откриен е бидејќи предизвикува исклучително тешки заболувања. Стручњаците се обидоа да откријат што се крие зад тоа. Развиени се низа тестови за да може да се препознае вирусот во иднина“. Како човек да се заштити ? За овој вирус не постои точно одредена терапија, нема лекови, ни вакцини. Само симптомите можат да се лекуваат. Истовремено, стручњаците се согласуваат дека хигиената е најважна превентивна мерка, бидејќи вирусот се пренесува преку капки, на пример, преку кивање и кашлање. МЕРС може одредено време да преживее и надвор од организмот. „Ако мерките за заштита од инфекција не се многу добри, можеби некој ќе ја допре површината на која се наоѓа вирусот, а потоа лицето“, вели Грегори Хертл. Тоа е уште еден начин да се прошири заразата. Да се процени правилно колку е вирусот опасен, важни се две компоненти, вели Удо Бухолц. „Колку често се јавува и колку често доведува до тешки болести? Ни едниот, ниту другиот фактор сѐ уште не се точно познати“, вели Бухолц и додава дека тешко заболените пациенти би можеле да бидат само врв на санта мраз. Каде е изворот? Стручњаците веруваат дека предизвикувачот на заболувањето се крие во организмот на камилите, иако сѐ уште не се апсолутно сигурни во таа теорија. Голем број едногрби камили имаат антитела за МЕРС, а кај некои е пронајден и самиот вирус. Истовремено, камилите кај кои е пронајден вирусот не покажуваат никакви симптоми. Сѐ уште не се знае дали вирусите се пренесуваат само од животни на луѓе или преку одредени производи. Во секој случај, властите во Саудиска Арабија крајот на април препорачаа да не се користат производи кои содржат месо од едногрби камили или млеко од овие животни. Вирусот МЕРС најтешко ја погоди токму Саудиска Арабија, но пациенти заразени од овој вирус има и во Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Оман и Кувајт. Посебно се погодени луѓето кои се во контакт со камили, објаснува Бухолц. „Треба да се напомене дека таму постојат одгледувачи кои чуваат одреден број животни на релативно мал простор. Камилите таму имаат речиси култен статус. На пример, ги користат за трки“. Пренесување од човек на човек Вирусот сѐ почесто се среќава кај медицинскиот персонал, кај лекарите и медицинските сестри. Според податоците на СЗО, кога станува збор за т.н. секундарни случаи, односно пренесување од човек на човек, 60 од 100 такви пациенти се лекари и медицински персонал, како и членови на семејствата на заболените. И во Европа се забележени заболени од МЕРС, иако нивниот број е многу мал. Тоа се т.н. увозни случаи, вели Бухолц. Се работи за луѓе кои се заразиле на Арапскиот полуостров и дошле во Европа. „Во Англија имаше случај еден примарен инфициран зарази неколку лица. Но, сѐ остана на тоа“. Ризикот од заразување расте кога луѓето се собрани во голем број: „Минатата година владееше голема загриженост дека ќе дојде до масовно ширење на вирусот поради аџилакот во Мека. Според нашите информации, тоа не се случи. Беа изработни различни студии, кои ги испитуваа луѓето кои се враќаа од аџилак и сите резултати беа негативни“. Во моментов нема причина за паника, вели Бухолц. „Овој релативно висок раст на бројот на инфекции во изминатите недели е донекаде вознемирувачки, но исто така факт е дека во моментов нема подолги синџири на инфекции“. Имено, за епидемиолозите e многу важно прашањето дали еден заразен човек може да зарази друг и дали тој другиот може да го пренесе вирусот на некој трет. „Многу ретко се случува секундарно заболените да му го предадат вирусот на некој трет. Тоа е смирувачки податок. Се разбира ситуацијата мора внимателно да се следи. Ако вирусот ја развие и таа карактеристика, тогаш тоа би бил своевиден сигнал за тревога“. /Преземено: DW/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
БалканСрбија има нов милионер, падна седумка вредна 3,4 милиони евра Во вечерашното извлекување на играта Лото, во Србија беше извлечена добивка во вредност од 3,4 милиони евра. Среќниот добитник го уплатил тикетот во Ниш. Добитната комбинација е 3, 5, 8, 10, 11, 21 и 26, а еден играч ги погодил сите седум броеви и ја освои мултимилионската сума. Покрај главниот добитник, уште 19 играчи погодиле шест броеви, а секој од нив добива по 124.188 динари(околу 1000 евра). Главната награда во играта „Лото плус“, која изнесуваше околу 3,77 милиони евра, не била извлечена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
КултураТеатар и музика во една вечер: МОТ со две претстави и концерт Во рамки на 51. издание на Млад отворен театар (МОТ), денеска, 21 ноември, публиката ја очекува уште една фестивалска вечер исполнета со современи театарски и музички содржини. На програмата се две претстави од регионалната театарска сцена, како и концертот на косовско – швајцарската изведувачка на традиционални песни ARBËRESHË, за кој влезот е бесплатен. Фестивалската вечер започнува во 20 часот, во салата „Фросина“ при МКЦ, со претставата „Закопани чуда“ на уметничката организација “Глумац има времена, глумица има времена” - ТАХТ од Хрватска, во режија на Нина Виолиќ. Создадена според делото на Моника Херцег, оваа мултимедијална претстава е интимна сценска приказна за љубовта, сеќавањето и илузијата. Преку три симболични простори – Рајската градина, Мостот и Станот – публиката навлегува во еден живот исполнет со спомени, желби, нежност, страв и страст. Во претставата настапуваат Леон Лучев и Јелена Граовац Лучев. Претставата трае 90 минути и се изведува на хрватски јазик, со македонски наднаслови. Во 22 часот, во Клуб МКЦ, следува „Смртен исход од атлетските повреди“ на Моје позориште од Босна и Херцеговина, во режија на Тара Маниќ, според истоимениот роман на Милица Вучковиќ. Претставата претставува своевидна аутопсија на една љубовна врска, раскажана од перспектива на главната протагонистка Ева, која верува во љубовта од бајките, но се впушта во врска што постепено се претвора во простор на несигурност, изолација, гаслајтинг и насилство. Преку оваа интимна и вознемирувачка приказна, претставата ги отвора прашањата за манипулацијата, родовата надмоќ и границите на човечката издржливост. Во улогите се Џана Пињо, Ален Муратовиќ, Дариан Мехмедбашиќ и Мак Мисира. Претставата трае 100 минути, се изведува на босански јазик, со македонски превод. Вечерта ќе биде заокружена со концертот на ARBËRESHË, со почеток во 22 часот во фоајето на сала Фросина. Родена во Швајцарија, со косовско-албански корени, а денес базирана во Приштина, ARBËRESHË создава автентичен музички израз во кој традиционалните песни од Косово, Албанија и Македонија добиваат нова звучна димензија. Преку спојот на гласот, гитарата, тапаните и древните инструменти, таа гради хипнотичко музичко патување кое ги поврзува балканското музичко наследство и современиот звук. Влезот е бесплатен. Фестивалската програма продолжува и утре, 22 ноември, со претставата „Свињи“ на Театар „Златен Елец“ од Битола, со почеток во 20 часот, во салата „Фросина“ при МКЦ. Во режија на Тамара Стојаноска, според текст на Томислав Зајец, „Свињи“ е претстава во која апсурдот, црниот хумор и гротеската создаваат сурова, поетична и вознемирувачка сценска алегорија. Преку приказната за две сестри, претставата ги истражува механизмите на моќта, насилството, осаменоста и траумите од детството, отворајќи прашања за тоа како средината и наследените модели на однесување го обликуваат човекот. Во улогите настапуваат Илина Чоревска и Викторија Степановска Јанкуловска. Билетите за театарските претстави се достапни онлајн на bileti.mkc.mk и на билетарницата на МКЦ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
СветУапсен е еден од најбараните бегалци на листата на ФБИ, падна еден од најмоќните нарко-босовиМексиканската војска го уапси Фаусто Исидро Меза Флорес, познат како „Ел Чапо Исидро“ – еден од десетте најбарани бегалци на ФБИ – јавуваат мексиканските медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори. Операцијата во градот Гвасаве, во сојузната држава Синалоа, предизвикала вооружени судири, пукањето го прекинало дури и натпреварот во безбол, принудувајќи ги гледачите во паника да побегнат од стадионот. Мексиканските медиуми известија за апсењето, а шпанскиот весник „Ел Паис“, повикувајќи се на извори блиски до мексиканскиот безбедносен апарат, потврди дека Меза Флорес е приведен. Сепак, Си-Ен-Ен (CNN) наведе дека сè уште чека независна потврда од мексиканските власти. За време на операција во Гвасаве, дојде до вооружени судири помеѓу мексиканските безбедносни сили и вооружени групи. Снимки, чија автентичност ја потврди Си-Ен-Ен (CNN), прикажуваат воени хеликоптери како летаат над градот и пукаат кон земјата. Mexican military helicopters light up the night sky in Guasave while capturing FBI Most Wanted cartel boss “El Chapo Isidro.” No more running. 🇲🇽🚁 https://t.co/SfYVSEXGmq — USA News Daily 🇺🇸 (@AmericaDaily56) November 21, 2026 Особено драматични сцени се одвиваа на стадионот „Курода Парк“, каде што се играше натпревар во безбол помеѓу екипите „Венадос де Мазатлан“ и „Алгодонерос де Гвасаве“. Откако се слушнаа истрели, гледачите почнаа да бегаат од трибините, прескокнувајќи огради и барајќи засолниште. Играчите го напуштија теренот, а преносот на натпреварот беше прекинат. Коментаторите ги известија гледачите дека во близина се случува безбедносен инцидент. 🇲🇽🚓 Detienen a 'El Chapo Isidro': toda ciudad de Guasave presencia un operativo a gran escala Uno de los narcotraficantes más buscados, cuyo nombre real es Fausto Isidro Meza Flores, fue detenido en la ciudad mexicana de Guasave, en el estado de Sinaloa, comunican medios locales. Es conocido por liderar la organización criminal denominada Cártel de Guasave (también conocida como organización Los Mazatlecos). Su sonada detención, en medio de disparos, helicópteros y cortes de carreteras, también provocó la interrupción del partido de béisbol entre los equipos Algodoneros de Guasave y Venados de Mazatlán. Los vecinos que presenciaron los acontecimientos están compartiendo imágenes y videos en las redes sociales. 👮♀️ El Chapo Isidro figuraba entre los 10 criminales más buscados por el FBI y las autoridades mexicanas. Por información que contribuyera a su captura, se ofrecía una recompensa de cinco millones de dólares. — Sputnik Mundo (@SputnikMundo) November 21, 2026 Според сведоштво на локален жител, пренесено од Си-Ен-Ен, вооружени лица зазеле приватни болници, а биле запалени и разни објекти, вклучувајќи продавници и бензински пумпи. Некои граѓани останаа заробени во зградите во кои побарале засолниште. Во февруари 2025 година, Фаусто Исидро Меза Флорес се појави на листата на ФБИ со десетте најбарани бегалци. Американските власти понудија награда во износ до пет милиони долари за информации што би довеле до негово апсење или осуда. Според официјалното известување на ФБИ, Меза Флорес е осомничен дека раководи со тешко вооружена криминална организација со седиште во Синалоа, позната како групата „Меза-Флорес“ или „Лос Мазатлекос“. Неговата група е обвинета за производство, дистрибуција и шверц на големи количества хероин, метамфетамин, кокаин, фентанил и марихуана во Соединетите Држави. Тој првпат беше обвинет во 2012 година, додека новото обвинение од 2019 година вклучува дополнителни кривични обвиненија поврзани со трговија со дрога и поседување огнено оружје.Тагови: Мексико Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08