Мерките на Вучиќ за полициски час не важат во Нови Пазар , кафулињата полни , никој не носи маски (ФОТО)

Од денеска во Србија е забрането собирање на  повеќе од две лица, а од утре се применува новиот режим за полициски час за време на викендиот.

Цела Србија е под полициски час преку неделата од 17 до 05 часот наутро ,а од викендов е во тек карантинот што ќе трае до понеделник до 5 часот, со забрана за движење на јавни места за лица над 65 години кои живеат во градовите.

Со претходната одлука на Владата се затворени кафулињата и рестораните, а забраната се однесува и на казина, кладилници, фризерски салони и салони за убавина, како и миење на автомобили.

Шеф на кризниот штаб е лично претседателот Александар Вучиќ , кои овие мерки ги претставува во телевиџзиски обраќања.

Мерките се почитуваат насекаде  освен во Нови Пазар, каде што кафулето Газија, кое наводно е во сопственост на Моамер Зукорлиќ, работи со полна пареа.

Како што може да се види на фотографиите објавени на Фејсбук страницата „Ексклузивно Нови Пазар“, кафулето во Нови Пазар работи како да е нормална состојба, објектот и терасата се преполни.

Како што пишува Курир.рс , ова е уште потажно кога се знае дека  Зукорлиќ, е поранешен муфтија на Исламската заедница во Србија, а сегашен претседател на Партијата за правда и помирување и претседател на Комитетот за образование на српското национално собрание.

притисни ентер