МакедонијаМерки кои би спречиле евентуален нов раст на цените засега нема да има Мерки кои би спречиле евентуелен нов раст на цените засега нема да има. Иако премиерот Мицкоски изминатиов период најавуваше дека наскоро ќе се донесат, министерот за економија Бесар Дурмиши денеска вели ќе чекаат да заврши јули па потоа ќе се направи проценка дали и што би се преземало. Експерти и универзитетски професори го советувале откако ќе завршат одредени мерки треба да помине период од три месеци за да се види дали имал значајни поместувања во цените. Дурмиши е убеден дека инфлацијата се стабилизира и така ќе биде и во следниот период. Вели сега, како Влада, работат на доглорочна стратегија – помалку увоз повеќе домашно производство. „По завршување на меркие нормално е очекувано е да растат цените... тоа е како да ви кажам природните ефекти од суштински како функционира пазарот. И од месец мај до месец јуни имаме стабилизирање, чекаме и овој месец, ќе ве известиме... во тек сме чекаме да поминат три месеци и ќе конкретни решенија или предлози...Во моментов работиме на догорочно решение....раст на домашното производство...“ - Бесар Дурмиши – министер за економија и труд . До крајот на месецов најави дека ќе се состане и Економско социјалниот совет, откако комисијата утврдила репрезенативност кај ССМ и КСС. На состанокот според најавите ќе се разговара и за новата просечна поторшувачка кошничка на Владата за четиричлено семејство, која била во финална фаза, но министерот денеска не сакаше да открие детали што се ќе содржи. Дурмиши рече дека ќе се разговара и за најавата за петте одделни кошнички, кој според владата ќе дадат вистинска слика за потребите и трошоците на граѓаните. „Во завршна фаза е, ќе биде доставена како точка на дневен ред...Сега почнавме да работиме и на тие 5 кошнички, има советодавно тело и ќе имаме за пензионери, студенти, тричлно семејство сите имаат различни потреби. Пензиоенрите трошат повеќе пари на лекови, младите на нешто друго... Ова советодавно тело ќе работи и ќе се достави се до ЕСС....“ - Бесар Дурмиши – министер за економија и труд . Инаку според последната пресметка на ССМ минималната синдикална кошничка изнесува 65 328 денари, само во делот на храна и пијалаци за три месеци има зголемување од 2 200 денари. Од синдикатот апелираа надлежните да донесат мерки, а како неопходно го потенцираат и зголемувањето на минималната но и сите останати плати. Тагови: министерот за економија цени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook