Меркел: Путин можеби чекаше да си заминам, за да ја нападне Украина

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел призна дека на крајот на нејзиниот мандат ослабела нејзината способност да влијае на рускиот претседател Владимир Путин, кој можеби го чекал нејзиното заминување за да ја нападне Украина.

Меркел, која беше остро критикувана од украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник на почетокот на јуни за оправдување на нејзината долгогодишна политика кон Русија без трошка самокритика, даде изјава за германското радио додека Русија продолжува да ја бомбардира Украина, сакајќи да окупира делови од југот и истокот во војна која ја промени безбедносната состојба во Европа и пошироко.

„Стана јасно дека нема да бидам уште долго време во канцеларијата, па едноставно морам да признаам дека одредени обиди минатата година веќе немаа влијание“, изјави Меркел за германскиот медиум Redaktionsnetzwerk Deutschland.

Познато е дека Меркел во нејзините 16 години владеење одржуваше контакти со Путин дури и во тешки времиња и се трудеше да се погрижи оваа комуникација никогаш да не згасне.

Војната започна на 24 февруари, а Меркел не ја отфрла можноста Путин да чекал таа да ја напушти функцијата за да ја нападне соседна Украина.

„Можно е и тоа да влијаело, но имало и други фактори како „изборите во Франција, повлекувањето на армијата од Авганистан и доцнењето на спроведувањето на Договорот од Минск“, рече Меркел.

Таа поднесе оставка по минатогодишните избори, откако беше на чело на Германија од 2005 до 2021 година.

„Путин повеќе не сакал да одржи самит за Украина во нормандиски формат“, рече таа за преговорите насочени кон воспоставување мир во источна Украина, каде што проруските бунтовници започнаа бунт во 2014 година со руска поддршка.

Преговорите во нормандиски формат вклучуваа претставници на Русија, Украина, Германија и Франција.

„Од друга страна, исто така, не успеав да создадам европско-руски формат за разговори за европската безбедност“, признава Меркел.

Запрашана дали би била подготвена да посредува во руско-украинската војна, на која не и се гледа крајот, таа рече дека „тоа прашање во моментов не е во фокусот“.

Ер Франс, КЛМ, Луфтханза и Брисел Ерлајнс се меѓу 20-те авиокомпании под истрага од ЕУ

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

Европските авиокомпании „Ер Франс“, „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Брисел ерлајнс“ се меѓу 20-те авиокомпании што се под истрага од страна на Европската унија за потенцијално погрешни практики дека нивната активност е ориентирана кон заштита на животната средина.

Ова го соопштија дел од компаниите, потврдувајќи ја информацијата на белгиската телевизија РТБФ.

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

„Ер Франс“ потврди дека добиле писмо од Европската комисија. Компанијата во моментов ја прегледува нејзината содржина и ќе ги испита дејствијата што треба да се преземат, изјави портпаролот на француската авиокомпанија.

Луфтханза во соопштението наведе дека и таа внимателно го разгледува случајот.

Портпаролот на КЛМ рече дека холандската компанија, дел од групацијата Ер Франс, исто така добила писмо од ЕК. /МИА

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

притисни ентер