Мерката за вакцинален ковид сертификат го зголеми бројот на имунизирани - Канал 5

Мерката за вакцинален ковид сертификат го зголеми бројот на имунизирани

Задолжителното приложување сертификат за примена најмалку една доза вакцина, потребно за влез во многу места и присуство на разни настани, го зголеми процентот на вакцинирани. 

Мерката за вакцинален ковид сертификат го зголеми бројот на имунизирани

До завчера се ревакцинирани речиси половина милион граѓани. Паралелно со вакцинацијата, се зголемува бројот на новозаразени, кој веќе два дена е по 1000 лица на ден. Расте бројот и на починати како компликација од вирусот. Министерството за здравство вчера соопшти дека во претходното деноноќие се регистрирани 15 починати лица.

Сертификат за примена најмалку една вакцина против Ковид-19 или доказ дека болеста е прележана пред 45 дена, од вчера се потребни за влез во кафуле, обложувалница, трговски молови, казина, културни настани и секаков вид прослави. Мерките се дозирани со цел да се зголеми опфатот за вакцинација и да се спречи ширењето на вирусот, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Десеттина проценти од сите кои се дијагностицираат во текот на денот, како што рече, се вакцинирани. Исто така, десеттина проценти од хоспитализираните се вакцинирани.

-Тоа што охрабрува е дека од вкупната бројка вакцинирани која во текот на вчерашниот ден достигна 600 000 многу малку се дијагностицирани. Бројката се мери во промили 0,002, што значи дека главниот проблем е во бројот на граѓани кои не се вакцинирани. Воопшто немаме проблем со тие кои се вакцинирани, и во другите земји заболуваат, меѓутоа за 20 пати е помал ризикот од смртен исход ако заболи некој кој е вакцинира, рече Филипче.

Тој посочи дека во градовите каде има повисок опфат со вакцинација од близу 50 проценти засега нема притисок во болниците како што се Битола, Охрид и Штип. Потенцира дека здравствениот систем е целосно подготвен за новиот ковид-бран.

– Од 50-тина случаи на кои е направен скрининг во изминатите денови, две третини отпаѓаат на делта сојот, а една третина на британскиот сој што значи дека овој сој е подоминантен и следиме како се одвива епидемиолошката крива, рече Филипче.

Премиерот Зоран Заев, пак, вчера изјави дека мерките се предложени од најстручните луѓе во државата.

-Согласно мерките, како што беше јавно, јасно и прецизно објавено, за учество во колективен настан, културен настан, симпозиум, семинар, угостителски објект или кој било објект или субјект каде има повеќе од 30 присутни мора да се има потврда за примена вакцина. Мерката е исто така потврдена и за другите објекти, субјекти и настани дека мора да се има потврда за примена вакцина со тоа што објектите над 30 луѓе капацитет, мора да определат редари. Тие што имаат под 30 капацитет, самите вработени тоа го организираат или одговорни за настанот или во самиот угостителски објект, појасни Заев.

Од 1 септември за сите туристи домашни и странски, посочи премиерот, ќе важи обврската за ПЦР тест или задолжителна потврда за прележана зараза, за сите што излегуваат и влегуваат во државата.

И покрај зголемувањето на бројот на заразени и починати од Ковид-19, премиерот Заев изјави дека не се размислува да се одложи стартот на пописот на населението, домаќинствата и становите, кој ќе се спроведе од 5 до 30 септември.

Заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 612.391 граѓани. Министерството за здравство информира дека во текот на завчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација.

Според информациите од Министерството, завчера прва доза вакцина примиле 11 732 граѓани, а вкупно се вакцинирале 17 427. – Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата, се вели во соопштението од МЗ.

Досега, во државата вкупно се аплицирани 1.097.855 дози вакцини, а ревакцинирани се 485 464 граѓани.

– Со последните бројки, 68 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 62 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, наведува МЗ.

Вакцинирањето се одвива без закажување во вакциналните пунктови низ државата, додека теренската вакцинација се одвива со ротации на медицинските екипи во секое село, рурално населено место и населба. За вакцинирање на децата мора да се закаже термин преку сајтот vakcinacija.mk.

Вчера беа регистрирани нови 1.081 случаи на Ковид-19 од 6.802 тестирања, 15 починати на возраст од 37 до 79 години и 91 оздравен пациент.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705.

Најмногу активни има во Скопје 2520, потоа следат Тетово со 1477 и Гостивар – 1099. Во Куманово има 497 активни случаи, Кичево – 404, Струмица – 339, Охрид – 213, Струга – 190, Битола – 151, Дебар – 144. Во другите градови има под 100 активни случаи. Богданци е единствениот град во кој нема позитивен на Ковид-19, а во Крушево, Македонска Каменица и Дојран има само по еден активен случај.

И покрај тоа што новиот ковид-бран зема замав, останува одлуката од 1 септември учениците да посетуваат настава со физичко присуство.

Сојузот на средношколци вчера на онлајн-состанок со министерката Мила Царовска ја поздрави одлуката на Владата за започнување на новата учебна година со физичко присуство под протоколи за заштита на здравјето.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, од Сојузот сметаат дека наставата со физичко присуство на учениците е најдобар интерес за процесот на образование, за социјализацијата и заштитата на менталното здравје.

Министерката Царовска истакна дека учениците се меѓу најважните партнери на МОН во креирањето на образовните политики, но и мерките за заштита од пандемијата.

– Навистина ми е драго што ќе имаме можност новата учебна година да ја започнеме со физичко присуство, бидејќи ние сме земја којашто најдолго ги држеше училиштата затворени поради пандемијата со Ковид-19. Главниот координативен кризен штаб оцени дека се создадени услови за настава со физичко присуство, за што завчера и Владата донесе одлука, рече Царовска.

МОН потсетува дека од минатиот месец има подготвено уште две резервни сценарија кои се лесно применливи доколку се појави потреба, односно ако се влоши епидемиолошката состојба.

Според светската статистика, досега се заразиле со коронавирусот околу 210 милиони луѓе, починале 4,4 милиони, а оздравеле речиси 188 милиони лица.

СЗО вчера соопшти дека Делта сојот најмногу циркулира во области каде има помалку вакцинирани.– Циркулацијата на делта варијантата на коронавирус во области со ниска вакцинација го поттикнува ширењето на Ковид-19 низ целиот свет, соопштија вчера претставници на СЗО.

Според главниот научник на СЗО, Сума Сваминатан, „вакцините без сомнение спречуваат зголемување на бројот на тешки и смртни случаи како последица на делта варијантата на коронавирусот".

Од СЗО вчера соопштија и дека сегашните податоци не покажуваат дека има потреба од трета доза на вакцина против коронавирусот. Говорејќи за третата или таканаречена „засилувачка" доза, која се дава во богатите земји, советникот на СЗО Брус Ајлворд истакна дека има доволно вакцини во светот, но дека тие не се рамномерно распределени.

Тој нагласи дека прво треба да се дадат две дози на најранливите групи низ светот, а дури потоа трета доза на оние кои веќе се вакцинирани со две.

Грција вчера ѝ донираше на Либија 200.000 вакцини. Со специјален лет со авион на военото воздухопловство на Грција, од Атина во Триполи пристигнаа 200.000 вакцини донација од грчката за либиската Влада, а како што соопштија од грчкото МНР, Грција е прва земја што донира вакцини за Либија, јави дописничката на МИА од Атина.

Папата Франциск вчера изјави дека вакцинацијата против Ковид-19 е „чин на љубов" и ги повика верниците да се имунизираат.

– Вакцините даваат надеж дека ќе заврши пандемијата, но само ако вакцините се достапни за сите и ако работиме заедно, посочи папата Франциск.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со врнежи од дожд и температура до 14 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со врнежи од дожд и температура до 14 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

6 Крушево, Попова Шапка, 9 Берово, 10 Претор, Струмица, Маврови Анови, Лазарополе, 12 Тетово, Охрид, Прилеп, Штип, Демир Капија, Гевгелија, 13 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, Крива Паланка, Битола, 14 Скопје-Петровец, Виница.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Во најголем дел од земјава денеска преовладуваше сончево време со мала до умерена облачност, а само во југоисточните делови се задржа претежно облачно. Во утринските часови имаше појава на магла по одделни котлини. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Попладнево облачноста насекаде ќе се зголемува. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшна железничка несреќа во Египет: Најмалку 120 повредени, загина машиновозачот

Најмалку 120 лица беа повредени денеска кога четири вагони од патнички воз излетаа од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза откако се судрија со друг воз, недалеку од Каиро.

Страшна железничка несреќа во Египет: Најмалку 120 повредени, загина машиновозачот

Најмалку 120 лица беа повредени денеска кога четири вагони од патнички воз излетаа од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза откако се судрија со друг воз, недалеку од Каиро, објавија локалните медиуми.

Несреќата се случила во областа Ал Ајат, по што на местото на инцидентот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави Галф њуз.

Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените.

Машиновозачот загинал во несреќата, објави Ал Арабија.

Министерството за здравство првично испратило 20 амбулантни возила на местото на несреќата, но нивниот број бил зголемен на 50 откако станало јасно дека бројот на повредени е поголем од првично проценетиот.

Некои медиуми во Египет објавија дека бројот на повредени надминал 150.

Екипи за цивилна одбрана, безбедносни сили и амбулантни возила се упатиле кон местото на несреќата, додека крановите биле распоредени за отстранување на излетаните вагони од шините и расчистување на шините.

Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да спроведе потребни проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници.

Околностите на несреќата сè уште се утврдуваат, а железничкиот сообраќај во регионот останува нарушен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 27 загинати во воздушен напад врз село во Јемен

Најмалку 27 лица загинаа, а 36 се повредени во воздушни напади врз куќи во селото Ал-Шарија, недалеку од главниот град на Јемен, Сана. 

Најмалку 27 загинати во воздушен напад врз село во Јемен

Повеќето од загинатите се жени и деца, соопшти портпаролот на министерството за здравство под контрола на Хутите, пренесува „Скај Њуз“.

Портпаролот Анис Ал-Асбахи во изјава за Асошиејтед Прес ја обвини Саудиска Арабија за нападите. Засега нема независна потврда за одговорноста за нападот.

Граѓанската војна во Јемен нагло се интензивираше откако во текот на летото пропадна повеќегодишното примирје. Борбите се засилија меѓу Хутите, кои имаат поддршка од Иран и контролираат делови од северот и западот на земјата, и нивните противници на југот и истокот, кои ги поддржува Саудиска Арабија.

Претставници на Хутите тврдат дека во воздушен напад врз пазар во Јужен Јемен претходниот ден загинале најмалку 30 лица. За одговорноста за тој напад меѓусебно се обвинуваат Хутите и јеменската војска, која има поддршка од Саудиска Арабија.

Обновувањето на борбите предизвикува страв дека земјата повторно ќе се најде во најтешката фаза од граѓанската војна, која трае повеќе од една деценија и предизвика една од најтешките хуманитарни катастрофи во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер