Мерил Стрип зажали што глумела во два филма (ВИДЕО) - Канал 5

Мерил Стрип зажали што глумела во два филма (ВИДЕО)

Мерил Стрип денес се смета за една од најдобрите актерки на сите времиња, која зад себе има голем број легендарни филмови, од „Изборот на Софија“ до „Ѓаволот носи Прада“.

Мерил Стрип зажали што глумела во два филма (ВИДЕО)

Но, со текот на годините, актерката наброја неколку улоги за кои зажалила.

За време на интервјуто со Греам Нортон, Стрип откри дека нејзината улога во филмот „Жената на францускиот поручник“ од 1981 година била една од најлошите во нејзиниот живот.

„Филмот ми се чинеше вештачки затоа што играв актерка која ја игра сопругата на француски поручник. Во исто време, бев американска актерка која глумеше Британка. Бев млада и нова во сето тоа. Не ја сфатив улогата“, рече Стрип.

YouTube video

И покрај лошото искуство, Стрип сакала да ја продолжи кариерата. „После вакво искуство сакаш нешто подобро“, рекла актерката.

Но, постои една улога за која Стрип за малку ќе се откажала од актерската кариера.

Филмското деби на актерката била кратка споредна улога во филмот „Џулија“ во кој се појави заедно со Џејн Фонда и по што сакаше засекогаш да го напушти центарот на вниманието.

Џулија е историска драма на Фред Зинеман со Фонда и Ванеса Редгрејв во главните улоги. Стрип снимила повеќе сцени за филмот, но само една завршила по последната монтажа на филмот.

YouTube video

„Носев лоша перика и тие зедоа од сцената што ја правев со Џејн и ја ставија во сосема друга сцена“, се присетува Стрип. „Во себе си помислив, направив огромна грешка, никогаш повеќе не сакам да снимам филмови, ја мразам оваа работа.“

И покрај лошото искуство, филмот Џулија освои три Оскари, а Стрип сепак реши да продолжи да глуми. Една година подоцна, актерката се појави во воената драма „Ловец на елени“, која ѝ донесе светска слава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер