Мерцедесот на Мајкл Џордан се продава за 23 долари, а вреди 120.000 - Канал 5

Мерцедесот на Мајкл Џордан се продава за 23 долари, а вреди 120.000

Различни сувенири на познати личности и предмети на аукција често се продаваат за стотици илјади, па дури и милиони долари, но оваа недела среќник ќе добие шанса да го купи скапиот автомобил што некогаш го возел Мајкл Џордан за само 23 долари.

Мерцедесот на Мајкл Џордан се продава за 23 долари, а вреди 120.000

Ова е симболична сума во чест на бројот на неговиот дрес.

Еден од најпознатите скапоцености од неговата колекција е Mercedes-Benz S600 Lorinser од 1996 година, кој го продаде пред неколку години, но неговата вредност е проценета на 120.000 долари. По извесно време, новиот сопственик се обидел да го препродаде, го ставил на аукција за 100.000 и добил понуда од дури 202.000 долари, но подоцна се испоставило дека понудувачот немал пари да го плати и продажбата не успеала.

Сега сопственикот повторно го става на продажба, но не на аукција каде повторно би достигнал шестцифрена цена, туку буквално за 23 долари. Заинтересираните, според американските медиуми, можат да се пријават на апликацијата, каде што ќе се избере добитникот преку лотарија за право да го добие ова парче спортска историја за вредност на дневен пазар во продавница.

За да се спореди колку сувенири на Џордан можат да се купат на аукции, минатата година неговиот дрес од финалето во 1998 година, кога со Чикаго Булс ја освои последната од шесте шампионати, беше продаден за 10,1 милиони долари.

Помина долго време откако Џордан стана првиот спортист чие богатство надмина милијарда долари, но оваа недела тој ја заврши животната зделка со продажба на мнозинскиот пакет акции во НБА франшизата Шарлот Хорнетс. Не се знае точно колкав дел од акцијата продал и за колку пари, ниту дали вредноста на Хорнетс се проценува на три милијарди долари. Џордан сепак ќе остане еден од малцинските сопственици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна таван во супермаркет во Јужна Кореја, десетици повредени

Најмалку 38 лица се здобија со полесни повреди откако дел од гипсениот таван се урна во супермаркет во јужнокорејскиот град Даегу, соопштија денеска локалните противпожарни служби.

Се урна таван во супермаркет во Јужна Кореја, десетици повредени

Тие потврдија дека уште 66 лица биле евакуирани од објектот по уривањето, за кое било пријавено во 10:16 часот по локално време, пренесува „Јонхап“.

„Девет лица се пренесени во болници на лекување. Иако постои можност бројот на повредени да се зголеми, итните служби на терен проценија дека е малку веројатно некој да се здобил со сериозни повреди“, изјави претставничката на противпожарната служба, Јун Џонг-ми.

Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг соопшти дека на официјалните лица им било наложено да вложат максимални напори за спасување на луѓето и да обезбедат детален и брз одговор на оваа несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

10 октомври - светски ден на менталното здравје

Светскиот ден на менталното здравје се одбележува секоја година на 10 октомври, со цел да се подигне свеста за значењето на менталното здравје и да се поттикнат активности за подобра поддршка на луѓето ширум светот.

10 октомври - светски ден на менталното здравје

Овој ден е можност отворено да се зборува за психичките тешкотии, предизвиците со кои се соочуваат луѓето и потребата од достапна, навремена и соодветна грижа. Менталното здравје е важен дел од целокупното здравје, но и понатаму многу луѓе се соочуваат со предрасуди, недоволно разбирање и тешкотии при барањето стручна помош.

Светскиот ден на менталното здравје ги обединува здравствените работници, институциите, организациите и заедниците во настојувањето психолошката поддршка да стане подостапна за сите. Тоа е можност да се претстават досегашните активности, но и да се укаже на она што сè уште треба да се направи за секој човек да може да добие соодветна помош, без оглед на местото каде што живее или неговите финансиски можности.

Стресот, анксиозноста, депресијата, осаменоста и емоционалното исцрпување можат да влијаат врз секојдневниот живот, односите со блиските и работната способност. Затоа е важно да се препознаат знаците дека некому му е потребна поддршка и да се создаде средина во која луѓето ќе можат слободно да зборуваат за своите чувства и проблеми, без страв од осуда.

Грижата за менталното здравје не треба да биде ограничена само на еден ден во годината. Разговорот со блиска личност, доволниот одмор, одржувањето здрави односи и барањето стручна помош кога е потребна се важни чекори кон подобра психолошка благосостојба.

Пораката на Светскиот ден на менталното здравје е дека никој не треба да се соочува сам со своите тешкотии. Подигнувањето на свеста, намалувањето на стигмата и обезбедувањето достапна здравствена заштита се клучни за општество во кое менталното здравје ќе се третира со исто внимание и разбирање како и физичкото здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Мастер планот на Филипче е пак да и се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт

Филипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало. Но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ: Мастер планот на Филипче е пак да и се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт

Филипче препишува од тетратката на Румен Радев и на Петрова Чамова и ја повторува тезата дека бугарското барање е европска позиција а не билатерален спор.

Потоа се жали по јавни настапи дека некој му го урнал угледот, никој не му го урнал ниту нему ниту на СДС, освен тие самите преку стабри здравство и марихуана економија.

Па сега после сите капитулантски договори, Филипче најавува и нов мастер план.

Мастер планот на Филипче е да дојде на власт по секоја цена, да им го исполни барањето на Бугарија со впишување Бугари во Уставот и да го заврши она што го почна Заев.

Значи мастер планот кој го најавува вклучува нова отстапка на штета на националните интереси.

А секако Филипче, како другар на Радев, сега молчи за моштите на Цар Самуил, и се обидува да ја префрли топката на историчарите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер