ФормулаМерцедес го претстави новиот болид за Хамилтон да ја врати титулата (ФОТО)Mercedes-Amg Petronas денеска го претстави прекрасниот болид W13 во кој Луис Хамилтон со помош на својот колега Џорџ Расел ќе се обиде да ја врати светската титула.Мерцедес го претстави автомобилот неколку дена откако Ред Бул и еден ден откако Ферари откри во што ќе се тркаат нивните возачи. Со W13, Mercedes се врати со дизајн кој потсетува на легендарните „сребрени стрели“ од доцните 1990-ти, а за прв пат од 2019 година, во автомобилот доминира претежно среброто. Новиот болид на Мерцедес е најтесниот од сите болиди за следната сезона, а тимот соопштил дека болидот се разликува за 98 проценти од лани. The return of the Silver Arrows. 🤍 Meet the Mercedes-AMG F1 W13 E Performance. 🤩 pic.twitter.com/NsuEBvbkbK — Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) February 18, 2022 Минатата сезона Луис Хамилтон ја загуби титулата во последните секунди од последната трка сезоната во борба со Макс Верстапен. Мерцедес подоцна се пожали, но Макс остана со титулата иако ФИА го отпушти Мајкл Маси, директорот на трката кој донесе контроверзна одлука во последниот круг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Во попладневните часови особено во северните делови, ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. За време на викендот и во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време со појава на мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПромотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењетоПреку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето.По повод Светската недела на доењето (1–7 август), Институтот за јавно здравје, во согласност со Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата на Министерството за здравство, реализираше промотивно-едукативна теренска активност во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. За време на посетата, на идните и новите мајки им беа поделени информативни флаери за поддршка на доењето, како и едукативната брошура „Безбедно низ првата година“, која содржи практични препораки за превенција на повреди кај деца на возраст од 0 до 1 година. Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето, правилните практики при доење и важноста од безбедната грижа за новороденчето во првата година од животот. Со оваа активност се заокружува одбележувањето на Светската недела на доењето, но Институтот за јавно здравје ќе продолжи со своите континуирани заложби за промоција, заштита и поддршка на доењето, како и за унапредување на здравјето на мајките и децата преку навремена едукација и достапни здравствени информации. Институтот за јавно здравје упатува искрена благодарност до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје за укажаната поддршка, топлиот прием и успешната соработка во реализацијата на оваа активност. Заедничките активности и партнерскиот пристап се од особено значење за унапредување на здравјето и благосостојбата на мајките и новороденчињата ИЈЗТагови: ИЈЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарциГрадот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.Тагови: комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter