Мерц: За царините со САД членките на ЕУ можат да преговараат само заедно - Канал 5

Мерц: За царините со САД членките на ЕУ можат да преговараат само заедно

Царинска војна им нанесува штети на сите и во таков вид на војна никој не е победник, порача денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничка прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во Брисел. 

Мерц: За царините со САД членките на ЕУ можат да преговараат само заедно

- Ескалацијата на спорот за царините не е добра идеја. Најдоброто нешто би било тие да се сведат на нула за се и за сите, истакна Мерц говорејќи за царините на увозот на стоки од ЕУ воведени од страна на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Мерц информира дека вчера телефонски разговарал со Трамп, при што му честитал за постигнатиот трговски договор меѓу САД и Велика Британија, при што му порачал дека такво нешто не можно да се прави со земјите членки на ЕУ одделно, бидејќи тие за трговијата преговараат заедно.

- Мојот впечаток беше е дека тој го прифати тоа и сега знае дека може да преговара само со сите нас заедно, рече Мерц, додавајќи дека Трамп го поканил да го посети Вашингтон.

Според Мерц, во САД започнува дискусијата за штетите од царините по американската економија и луѓето почнуваат да го согледуваат тоа, што би можело да резултира со напредок во трговските преговори меѓу Брисел и Вашингтон.

Тој додаде и дека кога се зборува за царините, треба се говори и за меѓусебното признавање на технолошките стандарди, што е исто толку важно прашање, колку и висината на царините.

Мерц додаде дека во телефонскиот разговор, Трамп го информирал и за неговиот план за 30-дневен прекин на огнот, за кој изрази поддршка, истакнувајќи дека сега е потребно да се натера Русија да се согласи на подолг прекин на огнот, што ќе создаде простор за постигнување вистински мировен договор.

- Ја повикуваме Русија да се приклучи на патот кон траен договор, а доколку тоа не се случи, нема да се двоумиме да го зголемиме притисокот преку санкции заедно со нашите европски партнери и САД, изјави германскиот канцелар.

Мерц нагласи и дека ЕУ мора да продолжи со поддршката на Украина во справувањето со руската агресија, потенцирајќи дека тој лично „цврсто стои зад Украина и украинската кауза“.

- Ќе направиме се што можеме за да заврши оваа војна што е можно побрзо, но тоа може да се постигне само заедно со Украина. Украинците треба да бидат вклучени во тоа и треба многу јасно да ставиме до знаење каде стоиме и дека тоа е на страната на Украина. Драго ми е што гледам дека е така низ цела ЕУ, со еден или два исклучоци, истакна Мерц.

Според него, ЕУ во исто време треба да работи на заокружување на единствениот европски пазар, кој е јадрото на конкурентноста и на зајакната интеграцијата на пазарите на капитал, но во светлината на актуелните случувања мора да ги здружи силите во изградбата на европската одбранбена индустрија и да обезбеди достапно финансирање за набавка на опрема за потребите на одбраната.

Тој истакна дека верува оти е единствениот германски канцелар кој на почетокот на својот мандат го посети не само Париз, туку и Варшава, што е клучен симбол за важноста на соработката меѓу Германија, Франција и Полска.

- Но, тоа не значи дека ќе се фокусира само на големите земји членки. Не, јас ставам голем акцент и на малите и средните земји во ЕУ. Секој треба да може да и верува на Германија. Секој треба да знае дека може да се потпре на Германија и на новата германска Влада, додаде Мерц.

Мерц изрази задоволство што е присутен во Брисел на Денот на Европа кога се одбележуваат 75 години од Шумановата деклатација, која ги постави темелите на политичка соработка во Европа, првично во индустријата за јаглен и челик, но потоа и во други сектори, преку Европската заедница за атомска енергија и Европската економска заедница, па се до Европската Унија каква што е денес.

- Федералната влада на Германија има јасен став дека сака да бидеме силно вклучена во Европската Унија. Сакаме да го донесеме нашето долгогодишно искуство и да имаме активна улога во Европскиот совет и во сите совети на министри. Германија треба да покаже дека сме длабоко посветени на Европа, што е во интерес на Европа, но е и во интерес на Германија, рече Мерц.

Кошта од своја страна истакна дека Германија е многу доверлив партнер и придонесува во зајакнувањето на ЕУ, во премостување на разликите и во зацврстување на единството и дека од новата германска Влада очекува нова енергија во напорите за продолжување на изградбата на Унијата.

- Германија е клучен столб на нашата Унија, а посилна Германија е од суштинско значење за нашата економија и нашиот капацитет да се соочиме со различните предизвици во светот, додаде Кошта, изразувајќи надеж на успешна соработка со Мерц во реализација на заедничките приоритети поврзани со конкурентноста, безбедноста и миграцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер