Мерц: Светскиот поредок каков што го знаеме повеќе не постои - Канал 5

Мерц: Светскиот поредок каков што го знаеме повеќе не постои

Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц на отворањето на Минхенската безбедносна конференција истакна дека во моментот се урива светскиот поредок заснован на правила.

Мерц: Светскиот поредок каков што го знаеме повеќе не постои

- Заедно, влеговме во ера, која повторно е многу отворено обележана од моќта и политиката на големите сили. Пред сè, го гледаме насилниот ревизионизам на Русија, нејзината брутална војна против Украина, против нашиот политички поредок со секојдневни сурови воени злосторства. Значи, ова е само најпроницливиот израз што го гледаме секој ден. Гледаме и други настани во светот кои се разликуваат од она што често го дискутиравме во оваа просторија - наведе Мерц.

Тој посочи дека Кина сака да биде лидер во обликувањето на светот и оти за тоа се подготвувала со години. Според Мерц, во догледна иднина, Пекинг би можел да биде на рамноправна основа со САД во воена смисла.

- Кина систематски ги користи туѓите зависностите и го редефинира меѓународниот поредок во своја корист. Ако по падот на Берлинскиот ѕид постоел униполарен момент, тој одамна е поминат. Правото на САД на лидерство е оспорено и веројатно изгубено. Враќањето на политиката на моќ, сепак, не е само вкоренето во соперништвото меѓу големите сили, туку е и одраз на немирни, вознемирени општества во време на револуционерни промени. Тоа е израз на желбата, исто така и во многу демократски држави, за силно лидерство во глобализираниот свет во кој особено демократските држави се приближуваат до границите на нивната способност за дејствување - посочи Мерц.

Додека премиерот на Баварија и лидер на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) Маркус Зедер на Минхенската безбедносна конференција наведе дека светот без трансатлантски врски е незамислив.

Претседавачот со Конференцијата, Волфганг Ишингер наведе дека на трансатлантското партнерство и е потребна силна Европа, а тоа ќе се постигне ако се обединат европските нации повеќе отколку во минатото.

Според него Минхенската безбедносна конференција никогаш порано не се соочила со толку истовремени фундаментални предизвици и крвави војни во Европа и низ целиот свет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје

Директорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје

Денеска (16.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, оствари работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, каде што разговараше со полициските службеници за актуелните состојби, предизвиците во работењето и можностите за унапредување на сообраќајната безбедност.

На средбата се разговараше за расположливите човечки и технички капацитети, сообраќајните предизвици во главниот град, примената на системот „Безбеден град“, како и за потребата од засилени превентивни активности, особено во однос на небезбедното управување со тротинети и мотоцикли.

Беше посочено дека бројот на изречени санкции на територијата на Скопје, во периодот од 1 јануари 2026 година до денес, е намален за 33,5 проценти, при што беше нагласена потребата од континуирано следење и анализа на овој показател.

Директорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата.

Притоа, истакна дека приоритет остануваат намалувањето на сообраќајните прекршувања, подигнувањето на сообраќајната култура и обезбедувањето побезбедни улици, како и создавањето соодветни услови за професионално и ефикасно извршување на полициските задачи.

Во рамки на посетата, директорот Јанев оддаде почит на загинатите полициски службеници Атанас Јанев и Ацо Ангеловски, кои ги загубија животите при извршување на службената должност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза

Здравствените власти започнуваат децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза.

Децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза

Здравствените власти започнуваат децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза, со што околу половина од пациентите кои живеат надвор од Скопје повеќе нема да мора секој месец да патуваат до главниот град.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ескалација на студентскиот револт во масовни антивладини протести во Тирана

Маскирани демонстранти, молотови коктели и жестоки судири со полицијата. Протестите на улиците на Тирана веќе четврти ден се сцена на насилство и немири.

Ескалација на студентскиот револт во масовни антивладини протести во Тирана

Нападнати се министерства, банки и продавници, а полицијата интервенираше со солзавец и водни топови за разбивање на толпите. Најмалку 71 лице е приведено, додека медицинска помош побарале околу 130 лица, пренесуваат албанските медиуми.

Протестите започнаа во вторникот попладнето а ескалираа десетина часа подоцна, поради незадоволството на студентите од условите во високото образование. Демонстрантите бараат пониски трошоци за студирање, подобри услови во факултетите и студентските домови, можности за вработување но и борба против корупцијата. Но, незадоволството прерасна во поширок антивладин бунт.

Амбасадата на САД во Тирана ги предупреди своите граѓани да бидат внимателни и да ги избегнуваат областите погодени од протестот, истакнувајќи дека тој може да се прошири

-Овој протест е за студентите, но не само за студентите туку за целиот народ на Албанија. Тие сакаат подобри услови на факултетите. Не сакаат корупција. Тие сакаат да учат. Тие сакаат подобри услови за сместување на кампусите. Граѓаните се гневни на овој систем. Треба да се промени сè, со сета корупција и криминал што се одвива во моментов. Граѓаните се гневни, треба промена на системот.

-Овде сме на протести против најкорумпираната влада, која ја злоупотребува нашата животна средина, нашите национални ресурси, нашата земја, нашите заштитени области.

И покрај притисокот од улиците, албанскиот премиер Еди Рама не планира да поднесе оставка. Во писмен одговор за Ројтерс порача дека владите се менуваат на демократски избори, а не со револуција.

-Ова е пропаста од рацете што не се студенти, ниту имаат некаква врска со студентите. Студентите се иднината. Студентите се оние кои гледаат во иднината и кои сакаат да одат напред и подалеку брзо. Ова се други раце. Ова се рацете кои се обидуваат да ја соборат Албанија секој пат кога Албанија се обидува да оди нагоре. Ова се рацете на опозицијата која под превези на очите, со оган и железо која се стреми да ја врати Албанија назад, таму каде што Албанија никогаш нема да се врати – изјави Еди Рама – премиер на Албанија.

Студентскиот бунт следува по неколкумесечните протести во земјата против изградбата на луксузен туристички комплекс на албанскиот брег, поврзан со инвестициската компанија на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

Најновиот бран демонстрации, сепак, е насочен кон условите во високото образование и проблемите со кои се соочуваат студентите. Организаторите бараат подобри услови за студирање, поголема финансиска поддршка и подобри перспективи за младите по завршувањето на факултетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер