Мерц рече „не“ за нуклеарно оружје - Канал 5

Мерц рече „не“ за нуклеарно оружје

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е против Германија да развива сопствено нуклеарно оружје, но во исто време најави разговори со Франција за евентуално зајакнување на европското нуклеарно одвраќање.

Мерц рече „не“ за нуклеарно оружје

Тој потсети дека францускиот претседател Емануел Макрон ѝ понудил на Германија поблиска соработка во областа на нуклеарната заштита уште во 2020 година, но дека понудата не била сериозно разгледана во тоа време, објавува Велт.

„Не можеме едноставно да игнорираме таква понуда од француската влада во овие времиња“, рече Мерц во подкастот „Махтвексел“.

Најреалната опција што се споменува е вклучувањето на Германија во францускиот и евентуално британскиот чадор за нуклеарна заштита.

Мерц изјави дека Бундесверот веќе поседува авиони способни да носат нуклеарно оружје и дека Германија би можела да учествува во транспортот на американски нуклеарни бомби.

Теоретски, додаде тој, таков аранжман би можел да се примени и на британското и француското нуклеарно оружје.

Во исто време, Мерц јасно ја отфрли можноста Германија да развие сопствена атомска бомба. „Не сакам Германија да размислува за независно нуклеарно вооружување“, рече тој, потсетувајќи на Договорот „Два плус четири“ за обединување на Германија, кој забранува такво вооружување.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата.

По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Унгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер