Мерц отворен за дополнителни мерки за намалување на цените на енергенсите - Канал 5

Мерц отворен за дополнителни мерки за намалување на цените на енергенсите

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е отворен за дополнителни мерки против растечките цени на енергијата и бензинот како резултат на војната во Иран, изјави тој денеска.

Мерц отворен за дополнителни мерки за намалување на цените на енергенсите

Првичниот пакет мерки, кој вклучува фиксирање на цените на бензинските пумпи, би можел да биде усвоен оваа недела во Бундестагот и Бундесратот, рече канцеларот за време на парламентарното испитување на владата.

- Сепак, тоа нема да биде доволно за да се ограничат цените на таков начин што тие повторно ќе станат прифатливи за потрошувачите – рече тој.

Затоа се можни понатамошни мерки, но Мерц беше скептичен за некои од предложените, пренесе ДПА.

- Данокот на екстра профит ми се чини дека предизвикува значителни даночно-правни проблеми само поради дефиницијата на екстра профитот. Но, отворен сум за секаква дискусија – рече тој.

Мерц истакна дека неговата влада „не може да го компензира секое движење на цените со даночни мерки или мерки од сојузниот буџет. Најдобриот начин да се вратат цените под контрола е да се заврши војната во Иран“.

- Германската влада прави сè што може за да ја постигне таа цел што е можно побрзо – додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Мусака од макарони

Во вторник (12.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Вера Мештеровиќ.

„Гответе со Дракче“ - Мусака од макарони

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. мелено телешко месо

1 пакување макарони (пастицио)

1 главица кромид

1 морков

1 црвен домат

200 – 300 гр. доматно пире

300 гр. кашкавал

100 гр. пармезан

4 - 5 јајца

250 мл. млеко

маслиново масло по потреба

половина коцка путер

малку мускатно оревче

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи!

Трајче е казнет затоа што не молчи.

Кузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи!

Криминалната ВМРО и Мицкоски го прераспределија претседателот на СДММ од Штип во Берово или повеќе од 100 километри од неговото место на живеење до работното место.

Младите масовно се иселуваат а имаме обиди за замолчување на сите оние кои јавно зборуваат и избираат да не молчат.

Денеска е Трајче, а утре може да биде ској млад, секој од нас.

Од пред УЈП порачуваме, вие не го казнивте Трајче вие го казнивте правото младите слободно да мислат и слободно да зборуваат.

Но нема да молчиме, нема да не исплашите, нема да не замолчите.

Младите се против реваншизам, против, притисоци, против уцени и казни. Колку повеќе притискате, толку погласно ќе зборуваме.

Другар Трајче, со тебе сме.

Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во Загреб

Иницијативи за културна соработка и туристичка промоција на локалните самоуправи.

Делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во Загреб

Во рамките на студиската посета на Република Хрватска посветена на развојот на граѓанските енергетски заедници, делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и оствари средба со директорката Мими Ѓоргоска Илиевска.

Во состав на делегацијата беа градоначалниците на Битола, Кичево, Новаци и Демир Капија – Тони Коњановски, Александар Јовановски, Стевче Стевановски и Наталија Димитриева, секретарите на Куманово и Вевчани – Емилија Сларидис Јаневска и Зоран Радиноски, како и координаторот за енергетски проекти во Еко-свест, Жарко Конески.

Во текот на посетата се иницираа можности за продлабочување на соработката меѓу македонскиот КИЦ во Загреб и македонските општини. Посебен акцент беше ставен на промоцијата на општините како туристички дестинации преку претставување на нивното културно наследство, традиција, природни убавини и современи културни содржини, со цел зајакнување на културниот туризам и нивна поголема меѓународна видливост.

Во таа насока беа разгледани повеќе иницијативи и можности за заедничко организирање културни настани, изложби, презентации и други активности преку кои ќе се афирмираат културните и туристичките потенцијали на македонските општини пред хрватската јавност.

Македонскиот КИЦ во Загреб изразува благодарност до делегацијата што, и покрај својата студиска посета, одвои време да го посети КИЦ-от, при што ваквите средби се значајни за унапредување на взаемната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер