Мерц неделава на средба со Трамп: Ќе се залагам за праведен прекин на огнот во Украина - Канал 5

Мерц неделава на средба со Трамп: Ќе се залагам за праведен прекин на огнот во Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе се заложи за „праведен прекин на огнот“ во Украина на неговата прва средба со американскиот претседател Доналд Трамп, закажана за четврток во Вашингтон, соопшти портпаролот на германската влада.

Мерц неделава на средба со Трамп: Ќе се залагам за праведен прекин на огнот во Украина

Мерц, кој должноста ја презеде минатиот месец, ја постави поддршката за Украина како еден од приоритетите на неговата надворешна политика, во време на зголемена загриженост за американската безбедносна посветеност кон Европа.

– Целите на владата се јасни, а канцеларот ќе направи сѐ за да го убеди американскиот претседател за неопходноста од праведен прекин на огнот, вклучувајќи можност за санкции, изјави портпаролот.

Тој додаде дека Мерц е запознаен со иницијативата на американскиот сенатор Линдзи Греам за воведување построги санкции кон Русија, но дека не планира да се меша во внатрешната политика на САД.

Греам, републикански сенатор од Јужна Каролина, рече дека предложениот закон, кој беше поддржан од 82 ко-законодавци, ќе воведе „санкции кои ќе ги скршат коските“ на Русија“ и нејзините клиенти. Законот треба да помине во Сенатот и Претставничкиот дом, а потоа да го потпише Трамп, кој неодамна ја критикуваше Русија поради засилените напади врз Украина.

Десеттина пелагониски села без вода

 Десеттина пелагониски села утрово се без вода поради технички  зафат на регионалниот водовод, односно спојување на стара челична цевка со ново изведена цевка Ф400.

Десеттина пелагониски села без вода

Од јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола соопштија дека интервенцијата почна во 7 часот утрово и ќе се одвива до завршување на интервенцијата.

-Фирмата изведувач БВ инжинеринг-Битола го затвори регионалниот водовод, за да се изведе спој на старата челичната цевка Ф 400 со новоизведената цевка Ф 400 , со што со прекинато водоснабдување остануваат жителите во населените места Горно Оризари, Раштани, Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево,Мусинци и Далбеговци. Прекинот со водоснабдување ќе трае од 07:00 часот до завршување на работите, нагласија од битолски „Водовод“.

Модриќ потпиша за Милан

 Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ потпиша договор со Милан, објави синоќа италијанскиот гигант.

Модриќ потпиша за Милан

Триесетидеветгодишниот Модриќ во Милан ќе го носи дресот со број 14, кој го носеше во Тотенхем од 2008 до 2012 година.

„Милан со задоволство објавува дека Лука Модриќ потпиша договор со клубот до 30 јуни 2026 година, со можност за продолжување за уште една година – до 30 јуни 2027 година“, соопшти клубот од Милано.

Модриќ се пресели во Милан од редовите на мадридски Реал, чиј дрес го носеше 13 сезони, а последниот натпревар го одигра минатата недела на Светското клупско првенство.

Модриќ за Реал одигра 597 натпревари и постигна 43 голови, станувајќи најтрофејниот играч во историјата на клубот од Мадрид со 28 титули.

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 20 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 20 минути

На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот,

сабота од 09:00 до 18:00 часот и

недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

петок од 15:00 – 22:00 часот,

сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

недела од 07:00 до 22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

притисни ентер