Мерц, Макрон и Стармер во 40 минутен разговор со Трамп за мировниот план за Украина - Канал 5

Мерц, Макрон и Стармер во 40 минутен разговор со Трамп за мировниот план за Украина

Лидерите на Франција, Велика Британија и Германија денес разговараа со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата во Украина .

Мерц, Макрон и Стармер во 40 минутен разговор со Трамп за мировниот план за Украина

Лидерите на Франција, Велика Британија и Германија денес разговараа со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата во Украина со цел „да се поместат работите од мртва точка“, потврдија францускиот претседател Емануел Макрон и Елисејската палата.

Според Макрон, повикот траел 40 минути, а Елисејската палата објави дека британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц учествувале во телефонскиот разговор.

Нови разговори со сојузниците

Франција, исто така, објави дека утре ќе се одржи видео повик на лидерите на сојузниците на Украина. Повикот доаѓа во време кога Трамп врши притисок врз Киев да прифати договор за прекин на руската инвазија.

Денешниот разговор се одржа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека е подготвен да одржи нови избори во Украина, но под услов безбедноста да биде загарантирана. Во понеделник, европските сојузници на Украина изразија поддршка за Зеленски, додека изразија скептицизам во врска со некои делови од најновиот предлог на САД за прекин на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поднесено обвинение за серијата брутални убиства врз немоќни жени

Доживотна казна затвор му се заканува на серискиот убиец кој усмрти четири жени, а две се обидел да ги убие.

Поднесено обвинение за серијата брутални убиства врз немоќни жени

Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25 годишниот жител на Старо Нагоричане, кој како што велат од Обвинителството, согласно извршените вештачења во текот на истрагата, делата ги вршел од други ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела.

-Така, ноќта помеѓу 05.01.2025 година и 06.01.2025 година во с. Клечовце со умисла лишил од живот повозрасна и немоќна жена. Влегол во нејзината куќа и додека таа била заспана на креветот физички ја нападнал и насилно почнал да ја задушува. Од бројните скршеници и повреди поради кои не можела да дише, жената починала. Во точно неутврден временски период помеѓу 05.06.2025 и 07.06.2025 година во с. Драгоманце, на сличен начин со умисла лишил од живот уште една жена.- ОЈО Куманово

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

-Третиот настан е евидентиран на 22.07.2025 година во с. Челопек, каде се обидел да лиши од живот жена која успеала да го заплаши така што викнала по нејзиниот син, па обвинетиот избегал. Во вечерните часови помеѓу 17.01.2026 година и 18.01.2026 година во с. Старо Нагоричане, обвинетиот со умисла лишил од живот жена која била помлада по возраст, но за која исто така знаел дека е сама. Начинот на извршување на делото бил сличен како кај претходните жртви. Во селото Челопек, во вечерните часови помеѓу 05.02.2026 година и 06.02.2026 година обвинетиот лишил од живот уште една повозрасна и немоќна жртва.- ОЈО Куманово

Последниот евидентиран настан е на 09.02.2026 година во с. Челопек, каде со умисла се обидел да лиши од живот уште една жена, но се исплашил од звук што го слушнал и побегнал пред да ја реализира намерата.

Случајот започна да се расветлува на почетокот на годинава. Првично се водеше истрага за едно убиство, но со дополнителни ексхумации и криминалистички истражувања беа откриени и останатите жртви. Обвинителството дополнително ја испитува и одговорноста на полицајци и лекари кои претходно смртните случаи на жените погрешно ги евидентирале како природна смрт без да извршат обдукција, со што му било овозможено на убиецот да продолжи со злоделата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Закажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница

Нема да има блокада на македонско-бугарските граници- двочасовните протести на Деве Баир, Делчево и Ново Село кои ги планираше бугарската фондација Македонија, по опожарените дипломатски возила во Скопје, се откажува.

Закажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница

Нивната одлука доаѓа по повиците од амабсадорот во земјава Радуков и министерката за надворешни работи Петрова Чамова.

Според објавата на бугарската амбасада во земјава, тие поддржуваат мирни протести, но велат незадоволството треба да има европски и конструктивен карактер.

-Интересот на нашата земја налага да бидеме отворени кон нашите југозападни соседи, да го поттикнеме нивното запознавање со современата бугарска култура, да ги промовираме контактите меѓу долго разделените семејства, да ја продлабочиме економската соработка и трговијата. Ова е најдобриот начин да се спротивставиме на омразата.- Жељаско Радуков – амбасадор на Р. Бугарија

И бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова претходно изјави дека блокадите на границите би биле контрапродуктивни и би создале дополнителни тензии.

Тамошните политичари инцидентот со опожарените возила пред амбасадата во Скопје го окарактеризираа како провокација и напад врз нивната држава за кој бараа брз расплет, одговорност и да се дознаат мотивите на сторителот. Од македонската Влада пак имаше експресна осуда, а од МВР по неколку часа соопштија дека лицето е приведено, а подоцна доби и осумдневен притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мелони ме замоли да се сликам со неа, ми беше жал за неа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во емисијата „Aria che Tira“ на телевизијата „La7“ изјави дека италијанската премиерка Џорџија Мелони го „молела“ да се слика со неа на самитот на Г7 оваа недела.

Трамп: Мелони ме замоли да се сликам со неа, ми беше жал за неа

На почетокот на интервјуто, Трамп веднаш го сврте разговорот кон Мелони, прашувајќи „како е вашата премиерка?“ „Што рече таа кога се сретна со мене? Веројатно е среќна што разговарав со неа“, додаде тој.

„Не морав да разговарам со неа. Не знам што да кажам. Ме замоли да се сликам со неа. Толку многу сакаше да се слика со мене. Не би го прифатил тоа, но ми беше жал за неа“, рече тој.

Мелони беше голем пријател на Трамп и единствениот европски лидер поканет на неговата инаугурација минатата година. Односите се заладија кога италијанската влада, на почетокот на војната во Иран, го отфрли барањето на САД да користи воздухопловна база во Сицилија за напади за време на војната. Трамп ја обвини Италија дека не е од помош и рече дека Мелони се променила.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер