ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот
2ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
СветМерц: Јас би гласал за останување во ЕУ, но мора да го прифатиме Брегзит Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека, доколку бил британски државјанин, ќе гласал за останување во Европската Унија на референдумот за Брегзит, но додаде дека Велика Британија веќе не е дел од Унијата и тоа мора да се прифати.Мерц денеска во Лондон потпиша договор со Обединетото Кралство, наречен Кенсингтонски договор, со кој се зајакнува евроатлантската безбедност, а истовремено се отвора можност за олеснување на ученичките разменски програми и користење на електронски пасошки терминали. - Потребен ни е договор од ваков тип за нашата соработка по Брегзит. Бидејќи Велика Британија веќе не е членка на ЕУ, мора да изградиме нови правни рамки, изјави Мерц на церемонијата што се одржа во музејот V&A во Лондон, каде договорот го потпишаа и британскиот премиер Кир Стармер, шефот на дипломатијата Дејвид Лами и германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул. Минатата година Берлин се согласи криумчарењето мигранти кон Британија да се третира како кривично дело, со што полицијата доби поголеми овластувања за истраги поврзани со складирање и испорака на мали чамци за премин преку Ла Манш. Стармер изјави дека новите мерки за заплена на чамци се „јасен сигнал дека сме сериозни“. Во интервју за Би-Би-Си Радио 4, Мерц изјави дека жали поради британската одлука за напуштање на ЕУ. - Јас и Велика Британија споделувавме исти ставови по многу прашања. Ако бев Британец, ќе гласав за останување. Но, работите се одвиваа поинаку. Сега мораме да работиме врз нова основа за блиска соработка, рече Мерц. Осврнувајќи се на Брегзит, Мерц додаде дека не може целата вина да се префрли на британската страна. - Во 2016 година, тогашниот премиер Дејвид Камерон се обиде да обезбеди нови договори за социјални трансфери во ЕУ и не успеа. Истовремено избувна бегалската криза, а ние не реагиравме соодветно. Тие два фактори, според мене, беа клучни за референдумскиот резултат, рече германскиот канцелар. Тој се согласи со францускиот претседател Емануел Макрон дека постои ризик европските општества да се оддалечуваат едни од други. Мерц додаде дека заедно со Макрон и Стармер се обидуваат да воспостават нов „Е3“ формат на блиска координација во безбедноста, надворешната политика и економскиот развој. Во врска со прашањето кога ќе се спроведат законските измени за спречување на криумчарењето мигранти, Мерц истакна дека двете страни се согласиле тоа да се направи што е можно побрзо. - Законот ќе се менува кога ќе се вратиме во парламентите во септември или октомври. Договорот е правна основа за тоа, изјави тој. Тагови: Стармер Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаСДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на ценитеДизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари.Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави - не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени. Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените - носи ново поскапување. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системотСДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени. Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Заев и Филипче го крадеа и уништуваа. Ликови како овие тројца, ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб да им биде подлабок и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава. Тој систем веќе 2 години се менува. Новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и нивните интереси, а не на својот џеб. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКонтинуирани вонредни инспекциски надзори низ КарпошКомуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови.Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош. При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен субјект му беше изречена глоба, а беа издадени и неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема. Општина Карпош повторно упатува апел до сите сопственици на угостителски објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со Елаборатот за урбана опрема. Инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел обезбедување на почитување на законските прописи и уредно функционирање на јавниот простор на територијата на општината. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter