Мерц има проблем? - Канал 5

Мерц има проблем?

Речиси половина од германските граѓани очекуваат канцеларот Фридрих Мерц да биде сменет оваа година. Во анкетата на „YouGov“, 48 отсто од 1.611 испитаници предвидоа дека Мерц повеќе нема да биде канцелар до крајот на годината.

Мерц има проблем?

Спротивно на тоа, само 31 отсто веруваат дека 70-годишниот лидер на Христијанско-демократската унија (CDU) ќе остане на функцијата и по тој период. Дваесет и еден отсто од испитаниците не дадоа одговор.

Канцеларот е под силен притисок од сопствената партија уште од изборниот дебакл на „CDU“ во Саксонија-Анхалт.

Со денови се шпекулира дали тој ќе успее да ја задржи својата позиција.

Досега, осум премиери на сојузните покраини од редовите на „CDU“ му ја изразија својата поддршка. Сепак, доколку христијанските демократи претрпат нови порази во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин – каде што изборите се одржуваат оваа недела – ситуацијата станува неизвесна.

Анкетите покажуваат дека „CDU“ има поддршка од само шест до седум отсто во Мекленбург-Западна Померанија, што ја доведува во опасност целосно да испадне од покраинскиот парламент.

Во Берлин, „CDU“ води неизвесна трка со партијата „Левица“ (Die Linke) за првото место и би можела да ја изгуби градоначалничката функција.

Сепак, Мерц има намера да се бори за својата позиција. „Откажувањето не е опција за мене“, изјави тој по изборите во Саксонија-Анхалт.

Личниот рејтинг на канцеларот драстично опадна откако ја презеде функцијата. Во анкетата на телевизијата „ARD“ спроведена во јуни 2025 година – само неколку недели откако положи заклетва – тој уживаше поддршка од 39 отсто. Во почетокот на септември 2026 година, само 13 отсто од испитаниците во истата анкета позитивно ја оценија работата на канцеларот. Ова е најниската бројка некогаш забележана во анкетата на „ARD“ за актуелен канцелар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Досегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места.

Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место.

Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Во четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

250 - 300 гр. мелено месо

1 главица кромид

150 мл. доматен сос

3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер