Мерц: Дипломатските опции за ставање крај на војната во Украина се исцрпени - Канал 5

Мерц: Дипломатските опции за ставање крај на војната во Украина се исцрпени

Дипломатските средства за решавање на руско-украинската војна „се исцрпени“, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц во Парламентот, ветувајќи понатамошна помош за Киев.

Мерц: Дипломатските опции за ставање крај на војната во Украина се исцрпени

Коментарите доаѓаат откако неодамнешните руско-украински мировни преговори во Истанбул не успеаја да постигнат никаков напредок во запирањето на непријателствата, освен договор за нова размена на затвореници.

- Кога криминален режим отворено го доведува во прашање правото на друга земја да постои со воена сила и се обидува да го уништи политичкиот поредок на слободата на целиот европски континент, федералната влада што ја водам ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го спречи ова, рече Мерц, пренесува Гардијан.

Германскиот канцелар вети дека ќе ја задржи поддршката за Украина „дури и наспроти притисокот на политичката левица и проруската десница во овој дом“.

Во исто време, Мерц изрази оптимизам дека Европската унија и САД ќе постигнат трговски договор најдоцна до крајот на месецов.

– Нашата цел е што е можно побрзо склучување на договор кој ќе го олесни взаемниот трговски однос со најниски можни царински давачки – рече тој, додавајќи дека е во постојан контакт со американскиот претседател Доналд Трамп и со Европската комисија.

Според извор запознаен со темата, Мерц планира прва официјална посета на Кина до крајот на годинава, придружуван од делегација високи бизнис менаџери.

Западни медиуми оценуваат дека посетата на канцеларот на најголемата европска економија и еден од главните трговски партнери на Кина ќе има големо значење за односите меѓу Берлин и Пекинг, во услови на затегнати односи меѓу САД и Кина поради царинските политики.

Кинеските компании се надеваат дека ќе ги зголемат инвестициите во Германија, а посетата на Мерц може да придонесе за смирување на тензиите.

Посетата, која евентуално би се одржала во октомври, сè уште не е дефинитивно договорена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

Претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. 

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа!

Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен.

Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка.

На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Веднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер