Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката
1Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
СветМерц денеска заминува на средба со сојузниците во Париз и ВаршаваНовиот германски канцелар Фридрих Мерц денеска патува во Франција и Полска за да ги обнови односите со најголемите сојузници и да покаже дека Германија се враќа на меѓународната сцена.Претходно планираното патување се случува еден ден откако Мерц во Бундестагот беше избран за канцелар во вториот обид. Неуспехот во првиот круг покажа неединство на коалицијата на неговите конзервативци со социјалдемократите. Германските сојузници сепак се надеваат дека Мерц ќе го врати статусот на Берлин како предводник на Европа, откако минатата влада на социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц беше обележана со внатрешни спорови кои резултираа со распад на коалицијата во ноември минатата година. Мерц ја презема Германија во време кога Европа се обидува да се усогласи околу безбедносните гаранции за Украина, кои би биле дел од каков било потенцијален договор со Русија, и преговорите за трговски договор со САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави царини за речиси целиот свет. - По години внатрешни спорови и непродуктивна политичка контемплација на минатата влада, сега е потребно германско водство кое не само што ја исполнува европската политика, туку и ја обликува, изјави Јана Пуглиерин, шефица на берлинската канцеларија на тинк-тенкот Европски совет за надворешни односи. - Шансите на Мерц да успее во тоа се добри. Тој планира во својата канцеларија да ги централизира надворешната и европската политика – да ја направи центар на донесување одлуки, додаде таа. За прв пат по многу години, истата партија има канцелар и министер за надворешни работи. Мерц сака да формира и совет за национална безбедност за подобро да ги координира сите надворешни, развојни и одбранбени политики. Конзервативецот (69), член на Европскиот парламент од 1989 до 1994 година, кој подоцна се повлече од политиката и премина во приватниот сектор, најави дека сака да ги поправи односите со европските сојузници. Затегнатите односи со САД го направија тоа уште поголем императив. Ноќта кога беше избран, Мерц нагласи дека Европа мора да стекне поголема независност од САД во одбраната. Тој исто така изрази несигурност во врска со иднината на НАТО и се чини поотворен за француските предлози за европска стратешка автономија и заедничка одбрана, сметаат аналитичарите. Дури и пред да ја преземе функцијата, тој обезбеди историски фискален пакет мерки кои ќе ѝ овозможат на неговата влада драстично да ги зголеми издвојувањата за одбрана. Неговата прва станица денеска е Париз, каде што ќе се сретне со претседателот Емануел Макрон, со кого, според француските функционери, веќе има добри односи. - Мерц има длабоко познавање на светот на финансиите и економијата, а тоа е нешто што го приближува до Макрон, изјави еден функционер. Францускиот претседател вчера на X напиша дека е нивна задача „да се осигураат дека француско-германскиот мотор и заедничкото одлучување се посилни од кога било“. Мерц подоцна денеска патува во Полска, што ја покажува сè поголемата важност на таа земја во европската политика. Новиот германски канцелар доцна синоќа за ЗДФ изјави дека со Макрон и полскиот претседател Доналд Туск ќе разговараат за усвојување на построга политика кон миграциите. Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банкатаМинистерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба.Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, ниту како Министерство за финансии сме помогнале да се случи продажбата и сопственикот да се стекне со мнозинскиот пакет, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“. Таа потсети на постапките што се преземени од страна на Народната банка, Комисијата за хартии од вредност до објавување на јавната понуда на 11 септември и дека на 23 септември имајќи ја предвид јавната понуда на Владата се дискутира на тема на тоа дали во државата има одредени институции кои што имаат акции во оваа банка. „На 1 септември Народната банка дава претходна согласност за квалификувано учество. Што значи тоа? Тоа значи дека до 1 септември целокупната постапка околу лиценцирање на лицата, банка или било физички лице, тоа Народната банка си знае, го имала завршено. На 10 септември Комисијата за хартии од вредност дава дозвола за јавна понуда за превземање, којашто јавна понуда за превземање, односно јавна понуда и проспект, се објавени на 11 септември. Во таа јавна понуда и во тој објавен проспект, стои датум, кој што вели дека секој оној кој што е заинтересиран да ги продаде акциите, има обврска тоа да го направи до 10 октомври, што значи дека нема апсолутно никаква врска со претходните изнесувања, дека записникот бил поврзан со некакви датуми, туку исклучиво со датумот кој што стои во јавната објава, повторно тоа е на Македонска берза. На 19 септември имаме објава во Службен весник, согласно која, сопственикот се стекнал со 74 и нешто проценти, на сопственост иако прагот на успешност во тој период бил 70%. Значи, до овој момент постапката се одвива, така што Народната банка е вклучена, Комисијата за хартии од вредност, заинтересираната банка и тука веќе имаме објава во Службен весник дека продажбата е успешно завршена“, појасни министерката. При тоа посочи на информацијата од седницата на Владата во која од страна на Министерството за финансии е објаснета постапката, но при тоа да се има предвид дека станува збор за изборен период. При тоа таа се повика на записник од владината седница. Министерката повтори дека клучниот момент е фактот дека Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, купување, коешто завршува на 19 септември и е објавено во Службен весник, од каде што ние во Министерството, всушност, ги добивме и информациите, па врз основа на тоа почнаа постапките за да видиме дали прво државата има некаква сопственост и да предупредиме дека имаме избори и дека немаат можност да вршат продажба“, истакна министерката. Таа заклучи дека во однос на надлежност како Министерство за финансии, Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба, затоа што ние, освен тоа што го подготвуваме и предлагаме законот, кој преку Владата се усвојува во Собранието во конкретната ситуција немаме никава надлежност бидејќи целата контрола, супервизија и надзор на банкарското работење е од страна на Народната банка.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаНово судско рочиште за случајот со Државна ЛотаријаСо испрашување на вештото лицe кое го работело економското вештачење за набавката на ВЛТ апарати во државна лотарија, продолжи денешното судење за Државна лотарија, чиј предмет на обвинение е токму оваа спорна набавка.Вештакот Анита Поповска пред судот образложуваше што стоело во финансискиот план за набавка на овие ВЛТ апарати, а рече дека вкупниот износ на набавката изнесувал над 9ипол милиони евра. Во финансискиот план за набавка на ВЛТ апаратите, се покажани сите расходи на друштвото и платите на вработените. Конкретно за набавка на ВЛТ апарати вкупната вредност која што било издвоена изнесува 596. 125.511 денари. Понатаму обвинителите продолжија да го испрашуваат сведокот во делот на даденото мислење од Министерството за финансии, на што одбраната постојано реплицираше дека вештакот не може да вади правни заклучоци. Според одбраната вештачењето не е спорно, но тврдат дека обвинителите со своите прашања се обиделе да го натераат вештакот да одговори на работи кои не се содржани во вештачењето. Судењето за државна лотарија ќе продолжи на 18 ноември со испитување на Александар Климовски, актуелниот директор на државна лотарија и последен сведок на обвинителството, пред да започнат во судница да се појавуваат сведоци предложени од одбраната. Во судското рочиште за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра првообвинет е поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами, а обвинението ги опфаќа и поранешните прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот генерален секретар во владата Методија Димовски и уште пет лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка Серија паузи и тензии на денешната надзорна расправа за АЛТА банка во Собранието.На обвинувањата од опозицијата дека дека актуелната влада дозволила сомнителен капитал од АЛТА банка да влезе во домашната банка, премиерот Мицкоски објави записник од седница на екс владата на СДСМ во 2023 според кој биле дадени насоки на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура. Филипче експресно дематнира. Во Собранието е Михајло Видимлиски.. Михајло до каде е надзорната расправа и кои се клуичните пораки од надзорната расправа? Денеска премиерот одржа брифинг со новинарите на кој соопшти дека Народна банка поднела кривични пријави против лица од СДСМ за ширење паника во случајот со АЛТА банка. Кои се деталите, и има ли одговор од обвинителството? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook